Контакт

Политика

Иванов: Договорот од Пржино да се спроведе без одлагање

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во неделата ги повика лидерите на политичките партии да покажат одговорност кон граѓаните, кон интересите на државата и да стават крај на политичката криза која предолго не оптеретува.

dobivaj vesti na viber

„Политичкиот договор кој беше постигнат за таа цел има јасни рокови и обврски. Крајно време е доследно, без натамошно одолговлекување, да го спроведат политичкиот договор од Пржино“, порача Иванов.

Претседателот Иванов оценува дека е недозволиво несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност.

„Не може да се избегнуваат обврските од договорот, а со тоа да се доведe во прашање европската и евроатлантската перспектива на државата, како и просперитетот на граѓаните на Република Македонија“, вели Иванов. 

Истакнувајќи дека Македонија, нашиот регион и Европа се соочуваат со сериозни предизвици, Иванов подвелеч дека најмалку ни е потребно продлабочување на политичката криза.

Претседателот Иванов изразува благодарност за севкупниот ангажман на меѓународната заедница, особено на еврокомесарот Јоханес Хан  со цел спроведување на политичкиот договор, и ја поздравува подготвеноста на ЕУ за обезбедување на целосна поддршка и гарантирање на слободни и фер избори. 

„Граѓаните им ја дале довербата на политичките партии, не за да бидат заложници на нивните интереси и заложници на политички блокади, туку затоа што очекуваат партиите свесно и совесно да работат во интерес на државата“, истакна Иванов, додавајќи дека граѓаните очекуваат резултати, одржливи решенија и крај на политичката криза. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија3 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија3 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија4 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион11 часа

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет13 часа

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет14 часа

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија15 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија1 ден

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија1 ден

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија1 ден

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија1 ден

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија1 ден

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори...

Македонија1 ден

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во...

Македонија1 ден

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија1 ден

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...