Политика
Кучук: Силна поддршка за ЛДП за враќање на државата на евроатлантскиот пат

Либерално-демократската партија е значајна за нашето либерално семејство, важна партија за регионот, за регионалната либерална организација ЛИБСЕН, ЛДП е важен партнер на АЛДЕ партијата и важен елемент за светскиот либерализам, изјави во вторникот потпретседателот на Европската алијанса на либерали и демократи (АЛДЕ) и пратеник во Европарламентот, Илхан Кучук на средбата со раководството на ЛДП.
„Овде сме за да изразиме поддршка и за да ја покажеме нашата солидарност за нашите пријатели, бидејќи тие заслужуваат подобра иднина. Но, нашата поддршка не е само за нив, туку за Македонија и за македонската демократија. Тоа мора да се истакне, бидејќи Македонија е важна земја и има важно место на Балканот. Регионот има само еден пат, а тоа е европскиот, проевропскиот и оној кон НАТО“, изјави Кучук.
„Ние во Бугарија пред само неколку денови прејдовме во друг политички циклус. Избравме претседател на државата кој не е од владеачката партија. Сакам да Ви кажам дека тоа не е никаква драма. Обидот да се претстави како некава драма е безначаен. Луѓето ја донесоа таа промена. Не политичките партии, туку слободните бугарски граѓани излегоа и гласаа за таа промена. Рекоа дека не може да се раководи со државата на тој начин. Овој политички пресврт може да има влијание на Македонија. Бугарија и Македонија се пријателски држави, соседи, кои споделуваат многу заеднички нешта. Сакам еден ден и Македонија да биде дел од Европското семејство, да биде дел од НАТО, да биде дел од Европската Унија. Европа ќе биде навистина завршен проект кога сите земји од западниот Балкан ќе бидат целосен нејзин дел“, додаде тој.
„Но за да имаме една таква Македонија потребна е промена. Промената ќе дојде од македонските граѓани. Не живееме во земји, не живееме во Европа која се раководи под диктат. Живееме во Европа која се управува од слободните и демократските граѓани. Суверенот (народот) е тој кој одлучува, и јас сум уверен дека суверенот ќе направи правилен избор за неопходната промена и во Македонија за да може државата да се врати на евроатлантскиот пат“, заклучи Кучук./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Андоновски: Граѓаните со своите потписи докажаа дека не сакаат политички мотивиран попис

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Неготино порача дека граѓанската акција за собирање потписи, со кои ќе се поништи Законот за пописот, се одвива одлично додавајќи дека во тој град се собрани повеќе од 1.000 потписи.
„ВМРО-ДПМНЕ не е против попис, пописот ни е сериозно потребен за градење политики, мерки за иднината, за планирање на економијата, за планирање на вработувањата. Но, тие вработувања не смее и не може да се базираат на попис, кој е некредибилен, спротивен на сите стандарди, политички мотивиран“, порача претставникот на опозициската партија.
Тој додаде дека акцијата ќе продолжи уште две недели во сите градови и изрази надеж дека ќе бидат постигнати сериозни бројки.
„Почнавме многу сериозно, во првиот викенд беа собрани над 50.000 потписи. И сигурни сме дека до крајот на акцијата бројката ќе стане и шестцифрена и ќе може да имаме сериозна поддршка во Собранието за да можеме да го спречиме овој попис што сакаат да ни го организираат“, истакна Андоновски.
Македонија
Милевски: Фер е новите градоначалници да го почнат мандатот со проширени надлежности и извори на финансирање

Оваа година треба да се одржат локалните избори и фер е новите градоначалници да го почнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со коишто ќе располагаат за нивно извршување, веќе од наредната буџетска година, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
„Во однос на нормативната и стратешката рамка мислам дека обезбедивме услови за побрз и одржлив развој на локално и на регионално ниво. Со максимално ангажирање на централната и на локалните власти, но и со поголеми средства за развојни проекти можеме заедно побрзо да ги менуваме условите за живеење во сите општини“, додаде Милевски на консултативниот настан со градоначалниците и други претставници од општините.
Според него, трите најважни документи коишто го определуваат развојот во наредниот период, се Стратегијата и Законот и Програмата, кои Министерството за локална самоуправа ги подготвуваше во консултација со сите засегнати страни, со ЗЕЛС, со општините, со Центрите за развој, со експертската јавност и со граѓаните. Важно е сите вклучени страни да бидат информирани и да го дадат својот придонес за да може да обезбедиме квалитетна имплементација и на Законот и на Програмата.
Милевски посочи дека новина е што со овој закон се воведува нова категорија – урбани подрачја, а тоа се општините и Градот Скопје.
„Тоа значи дека покрај проектите за развој на планските региони, за развој на селата и за развој на подрачјата со специфични развојни потреби ќе се финансираат и проекти за развој на урбани подрачја за коишто ќе можат да аплицираат општините со седиште во град. Овие општини за разлика од руралните имаа свои специфичности, коишто согласно и со ЕУ-регулативата треба дополнително да бидат подржани. Во изборот на проекти коишто ќе бидат финансирани со средства од буџетот на Министерството и на Бирото задолжително ќе бидат вклучени и граѓаните преку организирање на Форуми во заедниците. Благодарение на предлозите на граѓаните, реализиравме многу корисни инвестициски и иновативни проекти во сите осум плански региони. Нудиме и уште едно ново решение, тоа е можноста да се аплицира со поголеми проекти чија имплементација нема да биде ограничена на само една година. Програмата за одржлив локален развој и децентрализација е амбициозна, се фокусираме на подобрување на нормативната рамка, продолжување со децентрализацијата, продлабочување на фискалната децентрализација, дигитализација на административните услуги, подобрување на социјалните и комуналните услуги, поттикнување на локалниот економски развој, поголема транспарентност и отчетност“, рече Милевски.
Македонија
(Видео) Николоски: Власта уште еднаш докажа дека е во договор со криминалците во државата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Неготино порача дека во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво, дека криминална банда е на власт, која, како што рече, е во коалиција со одредени поранешни структури, кои приредија еден вистински циркус во изминатите денови.
„Циркус во којшто видовме дека нема П од правна држава и дека нема воопшто владеење на правото туку дека има едни мафијашки картелски договори во коишто треба да се избегне системот на владеење на правото, па прво заеднички се договорија бегалецот да избега од правдата за по тоа да ги испреговараат неговите услови и да го вратат назад за да одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагираа на она што се вика притисок од јавност и од опозицијата. Но, видовме повторно дека се работи за политички договор од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана, од примање на решение до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму каде што заслужуваат оние коишто се бегалци од правдата“ истакна Николоски.
Тој рече дека добивал повици од луѓе коишто ја имаат напуштено Македонија, а коишто му рекле дека ова е основната причина зошто ја напуштиле земјата.
„А тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а, за жал, добивам и бројни повици и вчеравечер и утрово од луѓе коишто сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина.
Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација којашто е надвор од овие криминално-политички договори, којашто не е извалкана и којашто има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што ѝ е местото, а тоа е во затвор.
Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт, многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да нè поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во којашто ќе функционира правната држава“, рече Николоски.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер