Политика
ЛДП и НСДП со обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ со реакција
Од ЛДП и НСДП со обвинувања за работењето на владата на премиерот Никола Груевски, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ со реакција.
„После изјавата на премиерот Никола Груевски дека не прифаќа формирање на техничка влада и по цена РМ да ја изгуби препораката за отпочнување на преговорите со ЕУ,станува јасно дека Груевски призна дека ВМРО ДПМНЕ не може да победи на ниту едни избори организирани на фер и демократски начин. Кога политиката на портокаловата револуција навистина би се темелела на барање на гласови за реализирани проекти од општ интерес за граганите, чуму би бил тогаш стравот на Груевски за формирање на техничка влада, која би организирала предвремени парламентарни избори согласно изборниот законик и европските стандарди“, велат од НСДП.
Од ЛДП пак порачуваат дека владата и премиерот мора да се постветат на вистинското решавање на животните проблеми на граѓаните.
„Владата на Никола Груевски ги поскапе патарините од 20- 25 проценти. За да одите до Гевгелија и назад до Скопје, со амин на Владата, наместо 280 денари, отсега ќе треба да платите 360 денари. И сето ова, Владата ни го „спакува“ кога Македонија тагува за 4-та трагично загинати граѓани на РМ, врвни професионалци и кога сите стравуваа од ескалација и несакани последици од протестите. Тимот на Груевски секогаш се „грижи“ вестите за разните поскапувања или скандали на неговиот тим, за лошите оценки од меѓународната јавност да одат заедно со масовни апсења, пронаоѓање дрога или протести и контра-протести. На два месеци по изборите, наместо ветениот подобар и поквалитетен живот, добивме повисоки цени на бензините, струјата, цигарите, нови тензии и протести, незадоволни стечајци, изиграни професори, извисени фиктивно вработени Розовите ветувања од познатите роуд шоуа на атрактивни дестинаци, редовно се без ефект“, соопштуваат од ЛДП.
ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека преку ваквите тврдења, ЛДП и НСДП го потценуваат и навредуваат македонскиот народ.
„НСДП е партијата која за лидер го има вечниот политичар кој е рекордер по тоа што никој не памти дека тој зад себе има мерка во полза на граѓаните. Личност која е позната по тоа што е поголем грк од грците, познат и проверен неработник. Ако не се шлепа со поголема партија убедени сме дека дури ни неговата вечна сенка Горан Мисовски нема да гласа за него. Опозиционите партии од коалицијата на СДСМ сака да ја убеди јавноста дека Груевски купува луѓе со субвенции со поголеми плати и пензии и слични придобивки. Со тоа освен што ги потценуваат и навредуваат луѓето упатуваат и порака дека тоа не треба да се прави, не треба субвенции, плати, пензии, училишта, спортски сали, медицинска опрема, патишта, нови фабрики, мерки за вработување, со еден збор не се потребни проекти зошто на тој начин се поткупуваеле луѓето. Според овие партии Владата на треба да прави ништо во полза на граѓаните. Со ова размислување се обидуваат и да си го оправдаат своето неработење и немањето на еден единствен проект на нивните раководства од деведесетите па се до денес. Овие луѓе Тито Петковски, Ристо Пенов, Петар Гошев, Радмила Шекеринска, Бранко Црвенковски, Зоран Заев и останатите не работеле кога биле во владата само за да не помисли јавноста дека со проекти сакаат да ги поткупат граѓаните. Признаваме ова е многу интересен пристап кој сигурно ќе биде анализиран од некои од светските политички институти“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека „кога се однесува до препораката цела јавност знае дека ако ја изгубиме тоа ќе биде поради незрелото однесување на опозицијата, а впрочем тоа го кажа и еврокомесарот Филе со пораките да се вратат во Собранието“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.