Контакт

Политика

ЛДП: Сериозна загриженост од темпото и нивото на задолженост на земјата

Објавено пред

Либерално-демократската партија е сериозно загрижена  од темпото и нивото на задолженост на земјава, особено по официјализирањето на намерата на власта за издавање на нова еврообврзница од рекордни 650 милиони евра. Овој чин на власта во заминување е погубен поради фактот што задолжувањето со еврообврзницата не е мотивирано заради продуктивна потрошувачка, туку од политички цели, велат од ЛДП.

dobivaj vesti na viber

Затоа како конструктивна опозиција отворено и јавно го поставуваме прашањето –каква смисла имаат преговорите меѓу потписничките на Пржинскиот договор, за изнаоѓање на решение за политичката криза, кога власта  под диктат на Никола Груевски се задолжува со нова еврообврзница за корупција на гласачкото тело, прашуваат од ЛДП.

Оваа власт, уште еднаш, без око да и трепне, не само сегашните туку и идните генерации ги втурнува во уште поголема беда и сиромаштија, со товар да ги плаќаат каматите од нејзините расипнички трошења, додаваат од партијата.

Со ваквото задолжување, убедени сме дека Република Македонија критично се доближува до грчкото сценарио и затоа ги повикуваме Социјалдемократскиот сојуз, ДУИ и ДПА, да се повлечат од преговорите за излез од политичката криза, се додека Владата предводена од ДПМНЕ не ја поништи оваа срамна одлука за издавање на еврообврзница од 650 милиони евра. ЛДП не ја гледа смислата на продолжување на преговорите доколку на Груевски му остават на располагање 650 милони евра пред изборите што следуваат, велат од партијата.

„Нема фер избори во ситуација во која власта со позајмени пари сака да купува гласови. Во вакви услови уште еднаш се потврдува дека изборите кога и да се одржат, би биле безпредметни. Граѓаните на Република Македонија не гласаа за вакви задолжувања. ДПМНЕ  ако сака да се позајмува и да се расфрла со тие пари нека побара мандат за задолжувањата од македонските гласачи.  А Никола Груевски кога-тогаш ќе мора да даде отчет за трошењето на туѓи пари? Во истовреме, апелираме и ги повикуваме сите субјекти кои имаат определена општествена одговорност, посветено и одговорно да се спротистават на овој процес, кој ќе ја втурне државата во уште подлабоки финансиски проблеми“, заклучуваат од ЛДП./крај/мф/бс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) „Децата биле брутално убиени со голи раце“: Израел го обвини Хамас за убиство на двете киднапирани момчиња

Ариел и Кфир Бибас, две израелски момчиња киднапирани од Хамас за време на терористички напад на 7 октомври 2023 година,...

Свет2 часа

Трамп: Зеленски не е доволно важен за да биде на преговорите

Американскиот претседател ја продолжи вербалната војна против својот украински колега. Овој пат Доналд Трамп изјави дека Зеленски не е доволно...

Македонија5 часа

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска-Давкова

Нема потреба од промена на химната, одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која појасни дека треба да се биде...

Македонија5 часа

Вработените во Филхармонијата со порака до Љутков: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори

Вработените во Македонската филхармонија денеска на протест преку кој упатија јавен апел до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков...

Македонија6 часа

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено...

Свет7 часа

„Ројтерс“: Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци на разговори за Украина

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од...

Македонија10 часа

Левицата на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со...

Македонија10 часа

Мицкоски од Вашингтон: Прво, завршени преговори, па уставни измени, претрпевме многу понижувања

Ние како нација направивме сè што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори поради нашата европска перспектива и...

Свет11 часа

Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали...

Македонија11 часа

Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува дека Албанците ќе се вработуваат во државната и јавната администрација....

Свет12 часа

Tрамп му понуди на Зеленски нов договор за минералите

Администрацијата на Трамп и понуди на Украина подобрена верзија од нацрт-договорот за минералите, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот...

Свет12 часа

Шефот на републиканците во Конгресот: Немаме апетит за финансирање на Украина

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, синоќа изјави дека „САД немаат апетит“ за нов закон за финансирање на...

Свет12 часа

Израел: Телото што ни го врати Хамас не е на мајката на двете момчиња

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложничкта Шири Бибас, како што...

Свет13 часа

Кина го поддржа Трамп во преговорите со Русија за постигнување мир во Украина

Синоќа, на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, Кина ги поддржа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор...

Свет13 часа

(Видео) Три празни автобуси експлодираа во Израел: „Ова требаше да биде стратешки терористички напад“

Израелската полиција истражува повеќе експлозии во кои учествувале три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив, во, како...

Македонија1 ден

За 10.000 се намалил бројот на баратели на земјоделски субвенции од 2018 досега: враќање на земјоделските задруги за поефикасно субвенционирање

Со нов начин на субвенционирање Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ја укинува праксата парите од субвенциите да се...

Македонија1 ден

Жерновски отповикан од функцијата амбасадор во Романија: дознал од „Службен весник“

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што напиша на социјалните мрежи, дознал...

Економија1 ден

Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252...

Македонија1 ден

„Вреди“: М-НАВ е најјасниот пример за тоа како ДУИ ги „заштитила“ Албанците

ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат...

Македонија1 ден

ЗОО Скопје за последните случувања: Зоонегувателите професионално си ја вршат работата, да престанат дезинформациите и невистините

Зоолошката градина – Скопје моментно е дом на 646 животни од 91 вид за кои се грижат зоонегуватели што професионално...