Контакт

Политика

Лидерската средба заврши – техничката влада камен на сопнување

Објавено пред

Лидерската средба што во вторникот се одвиваше зад затворени врати заврши, договор не падна, а дијалогот засега заврши без резултат.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Никола Груевски и лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, на средбата копјата ги кршеле околу првата точка од барањата на опозицијата, а тоа е формирање техничка влада.

 

За опозицијата нема решение без техничка влада, за владејачката нема потреба од ваков чекор и нови избори, бидејќи како што истакна премиерот, тие штотуку формирале нова влада која работела со полн капацитет во насока на исполнување на ветувањата што им ги дале на граѓаните и она што било зацртано во програмата.

 

По средбата со премиерот, лидерот на опозициската СДСМ истакна дека не е оптимист за брзо изнаоѓање решение, но нагласи дека опозицијата секоѓаш е подготвена за нови разговори доколку власта се премисли по однос на петте барања меѓи кои и барањето за техничка влада.

 

„Откако мандатите на пратениците не беа констатирани на 18-ти јуни бев повикан на разговор и од премиерот Груевски за да отпочнеме разговори за барањата на опозицијата. Ние барањата на опозицијата ги истакнавме претходно и добро и се познати и на македонската јавност и денеска се обидовме да воспоставиме разговор по однос на овие барања. Тоа се пет теми кои денеска му ги предочив на премиерот и тие се однесуваат на тоа кои се нашите барања. Можам да соопштам дека не постигнавме договор, нема разговор поради темата техничка влада. Ставовите на опозицијата се познати , ние нашата решителност ја покажавме пред целата македонска јавност, прво со давање на изјави за неприфаќање на мандатите, па потоа принудени спротивно на уставот и на законот да поднесеме оставки. Ние од нашите ставови не отстапуваме, нашите ставови се исклучиво во интерес на државата и сите тие ставови кои што како теми  ги наметнавме пред јавноста и денеска на разговорите имаат конечна цел, да ја подобрат Република Македонија, да ја направат нормална земја која што ќе биде подготвена да спроведе фер, слободни и демократски избори, и конечните цели, слобода, демократија и владеење на правото. Без техничка влада сите други теми се ирелевантни за разговор. Опозицијата нема намера да води гол инает, ние сме подготвени на преговори и разговори и затоа денеска сме овде, доколку е подготвена и власта да разговара за нашите барања вклучително и за техничка влада, деталите секогаш може да се допрецизираат. По оваа средба јас апсолутно не сум оптимист. Вие знаете дека приматот на нашето барање, прв приоритет е техничка влада, доколку нема подготвеност за разговори од страна на власта за техничка влада навистина, другите точки кои се полесни за разговори, се безпредметни за разговарање. За оставките на пратениците оставено е на владејачкото мнозинство да одлучи. Целта на денешната средба беше претседателот на најголемата владеачка партија и претседателот на најголемата опозициона партија да видат дали има можности да отпочнат преговори. Ние немаме намера да отстапиме од нашите барања. Она што го бараме е апсолутно легитимно“, истакна лидерот на опозициската СДСМ, по лидерската средба со премиерот Никола груевски.

 

И премиерот Никола Груевски по средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев категорично изјави дека нема договор, а за формирање техничка влада не постои ниту минимална шанса.

Груевски рече дека со Заев разговарале за формирање на работни групи и состанокот течел конструктивно, но пред крајот на средбата лидерот на СДСМ според Груевски добил совети од некого без да прецизира од кој, и побарал од него пред медиумите да каже дека прифаќа формирање техничка влада.

„Можам да кажам дека денеска разговорите се одвиваа во една мирна и коректна атмосфера и речиси на крајот се договоривме на следната недела почнат со работа работни групи кои ќе ги разгледуваат сите прашања кои што ги засегаат двете страни, меѓутоа на неколку минути пред крајот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам дека прифаќаме формирање на техничка влада што за мене беше изненадување и мислам дека некој го  посоветувал на таква работа но јас тоа не го прифатив. Јас му кажав јасно дека за нас е неприфатливо формирањето на техничка влада, ние сега формиравме влада и таа почна да работи со полна пареа во интерес на граѓаните и во исполнување на тоа што сме им го ветиле нив, а техничка влада и нови избори тие од нас не бараат“, истакна по средбата премиерот Груевски.

 

Груевски не објасни што ќе се случува понатаму но рече дека за сите понатамошните чекори прво ќе разговара во партијата, ќе размисли па ќе се произнесеме во јавност./крај/мф/ап

 

Извор: ФОТО: МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија7 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија7 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија8 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион9 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет10 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија10 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа11 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет11 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет11 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет12 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет12 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа12 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет23 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...