Контакт

Политика

Локвенец: Патарините се наплаќаат според непознат девизен курс

Објавено пред

„Власта на чело со Никола Груевски да објасни дали злоупотребата со наплатата на патарините е јавна кражба на патниците и за кои цели го прави тоа“, праша во петокот на прес – конференција Хари Локвенец, член на Извршниот одбор во СДСМ.
 

„Власта на чело со Никола Груевски да објасни дали злоупотребата со наплатата на патарините е јавна кражба на патниците и за кои цели го прави тоа“, праша во петокот на прес – конференција Хари Локвенец, член на Извршниот одбор во СДСМ.

 

Според него, на патарините во земјава се наплатува според непознат девизен курс со кој се остварува добивка од речиси 30 проценти.

 

„Фискалните сметки, на патарините Петровец Скопје, Велес Петровец, покажуваат дека за платени 1 евро, се откуцуват 40 денари. За наплатени 1,5 евро, на билетите стои сума од 80 денари. На патарината Градско Велес, патник платил во евра, 1,5 евро. Но издаден му е билет како да му се наплатени 60 денари! Тоа се дури 30 денари повеќе во касата на наплатната станица, од само еден билет“, нагласи Локвенец кој додаде дека ваквата разлика е уште повпечатлива во разликата кај товарните возила и автобуси каде за користење на автопатот Куманово – Миладиновци „треба да се плати 150 денари, но, во евра цената  е 3,5 евра што ќе значи разлика од неверојатни 60 денари, по билет“.

 

Членот на Извршниот одбор во СДСМ упати прашање до Власта да објасни по кој девизен курс се спроведува наплатата на патарините.

 

„Дали е ова намерно направено за да се дојде до евра по понизок девизен курс што во менувачниците ќе бидат заменети во денари, со што останува добивка од околу 30 проценти“, потенцираше Локвенец, кој како клучно го истакна прашањето каде завршуваат овие средства.

 

Од СДСМ нагласија дека во годишната програма на јавното претпријатие за патишта за 2014 година, не било наведено дека е потребно поскапување на патарините ниту, пак, дека ВМРО-ДПМНЕ предвиделе промена на цената на патарините во својата изборна програма.

 

„Повисоките патарини, цени за регистрации на возилата во ек на туристичка сезона, и уште неколку други поскапувања што за краток период ги шокираа граѓаните, покажува дека целта е да се дојде до пари преку сè што ќе се стигне. И регистрацијата, за сите категории возила е покачена во просек по 500-тини денари, што е исто така поскапување од околу 30 проценти. Невидено досега. Од околу 700-тини илјади возила, колку што се проценува дека има во Македонија, тоа се неверојатни 350 милиони денари“, нагласи Локвенец.

 

Според него, доколку намерата е инвестиции во патиштата, тогаш власта треба да им одговори на граѓаните во државава, каде се нивните пари од регистрациите и патарините во осумгодишното владеење на Груевски, со оглед на тоа што патишта нема. /крај/мф/ап

 

Македонија

Николовски од Пробиштип: Патриотизам е да носиш храбри одлики со кои ќе го потврдиш македонскиот идентит

Објавено пред

Со години пред избори политичарите ветуваа ЕУ и НАТО, ама не се најде никој да ги донесе тие одлуки, да ја креира таа иднина. За само две и пол години, ние ги засукавме ракавите и рековме нема да се криеме и носевме храбри одлуки. Носевме одлуки без калкулација и ги решивме проблемите, го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик го потврдивме. Тоа е патриотизам, да носиме храбри одлуки кои не носат напред“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, на синоќешната трибина во Пробиштип.

Тој нагласи дека претставниците на бизнис секторот се радуваат на нашиот влез во НАТО, бидејќи на тој начин нивниот бизнис е побезбеден и има реални шанси за напредок. Тоа е резултат на храбрите одлуки кои биле без калкулации и со кои се потврди македонскиот јазик и идентитет.

„ Има една Македонија, нема друга, таа е Република Северна Македонија, со потврда на сите особености на нашиот јазик, нација и култура. Пред само две и пол години бевме раскарани со сите. Денеска сме светол пример, модел за решавање на проблеми и за силен напредок што го трасираме. Фирмите се радуваат на влезот во НАТО, тоа е за нив капитал, нивните фирми повеќе вредат и се посигурни. Влеговме во НАТО, ќе влеземе и во ЕУ“, рече Николовски.

Тој додаде дека се уште не е решено се, но се покажа дека за краток период, доколку се работи домаќински и одговорно може да се постигне напредок.

„ Влезени сме во политиката за да докажеме дека состојбите може да се променат, граѓаните да веруваат на политичарите во чесните и одговорните, оние кои работат единствено во интерес на граѓаните. Не за Субрата рој и за бегалецот во Будимпешта“, рече Николовски и додаде дека ова е нереформирано, корумпирано ВМРО-ДПМНЕ, со кандидати на Никола Груевски, со еден куп темни дамки и афери, кои удираат боксови на жени, кои трошат пари на панорамско тркало.

За разлика од нив Владата на СДСМ беше најтранспарентна влада која пред граѓаните отворено ги презентираше сите трошоци, а нејзините функционери не ги трошеа парите за сопствени потреби, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Казни за 432 лица за неносење маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 432 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски на средба со младите: Грантови до 15.000 евра за отворање своја фирма

Објавено пред

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, имаше средби со млади во општината Бутел. На средбите се разговараше за проектите и мерките што досега се преземени и ќе се преземат во новиот четиригодишен мандат, за перспективна и сигурна иднина на младите по европски стандарди, и тоа дома.

„СДСМ со коалицијата ‘Можеме’ креира нова развојна економија која ќе се базира на нови технологии, одржливост и човечкиот капитал. Тоа е модел што ќе ги штити работните места и ќе овозможува повисоки плати“, рече Спасовски.

Тоа најави некои од мерките во програмата кои се однесуваат за поддршка на младите.

„Ќе има директна поддршка на младинското и женското претприемаштво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

Исто така, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.

Продолжува и мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование“, посочи Спасовски на синоќешните средби во општината Бутел.

Тој посочи дека целта е мотивација на младите да учат, работат и живеат во својата земја и затоа поддршката на коалицијата „Можеме“ на 15 јули е глас за таа шанса. Тој направи разлика со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаа младите од државата. Денес, наведе Спасовски, нашата држава ги отвора преговорите со ЕУ, што значи реални можности за повисоки плати и нови работни места, како и за европски институции што работат по европски стандарди.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион59 минути

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет1 час

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ1 час

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет2 часа

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура2 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија2 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион17 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион17 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава19 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија21 час

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија24 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие