Контакт

Политика

Милошоски: Не ни требаат федерализации, два јазика, ни требаат автопати

Објавено пред

Кичевци и стружани, најдобро знаат што значи да ја плаќаш грешката на политичарите на сметка на националните интереси, истакна во среда во Кичево Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа на овие избори, нас не ни требаат нови федерализации, не ни требаат два јазици, не ни требаат три официјални јазици, ни требаат три автопати кои што ги градиме и уште три нови кои што сакаме да ги почнеме, рече Милошоски.

Тој ги повика гласачите да им обезбедат 63 пратеници за да формираат стабилна влада. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Објавено пред

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ одново да им се суди на осудените за крвавиот упад во Собранието пред четири години.

Заев кажа дека за тоа дали ќе има ново судење треба да одлучат судските истанци, како и дека шефот на државата Стево Пендаровски не го поддржал.

„Претседателот не го поддржа повторното судење и ве молам прашајте го, јас сум во контакт со него. Тој кажува отворено, а тоа е и мојот став, дека како и за сите други случаи, секој има право да отвори постапка на повторување на судење ако има нови докази, нови аргументи, кои ќе влијаат Судскиот совет, надлежен за таа работа, да одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципелни работи, надвор од вредностите во коишто живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш системот на пеналење и казнување губи смисла. Така што, никако помилувања и амнестии во тој дел. Правото го имаат сите граѓани, вклучително и тие кои се осудени за настаните од 27 април, ако има нови моменти и докази, а така го појасни и претседателот на државата“, рече Заев.

За осудените за крвавиот упад во Собранието на 27 април ќе разговараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот Стево Пендаровски в петок, најави на брифинг опозициската партија.

Мицкоски веќе се изјасни дека е за одново отворање на случајот и одново судење за обвинетите. Тој објасни дека казните за осудените се драконски и дека тие не се терористи, иако им се судело за такво дело.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лефков: Oва се докази за исплати од 7.8 милиони долари кон фантом-фирмата која требала да набави вакцини

Објавено пред

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната прес-конференција истакна дека е јасно зошто пет месеци чекавме вакцини, одговорот според него е затоа што додека министрите низ светот бркаа вакцини, Филипче и Заев најверојатно, како што рече, бркаа провизии. Сагата со кинеските вакцини заврши со илјадници загубени животи, додаде Лефков.

„На 13 март објавив дека Филипче наместо по регуларен пат, тргнал да набавува вакцини преку фантом-фирма од Хонгконг – тоа е фирмата ‘Стабри интернешенал’ со седиште во Хонгконг, за која Министерството за здравство и Венко Филипче првин тврдеа дека не постои, а потоа дека документите што ги објавуваме се лажни и неточни. Објавивме документи од кои се гледа дека вкупната вредност за набавката за 200.000 вакцини која требало да биде направена би била 12.5 милиони американски долари, што е 62.5 долари за вакцина. Тоа е дупло поскапо од цената што ја плаќале другите држави. Филипче негираше и се правдаше. До ВМРО-ДПМНЕ свиркач достави документи, од кои се гледа дека плаќањето било извршено“, истакна Лефков.

„Ова е налог за извршување  плаќање во странство остварен со акредитив во висина од 7.800.000 американски долари, уплатата е извршена од страна на Министерството за здравство, во кое министер е Венко Филипче, преку сметка во НБРМ од буџетски средства, а примач е ‘Стабри интернешенал’. 7.800.000 американски долари, се околу 60% од 12.500.000 американски долари, колку што беше информацијата изнесена во медиумите дека ќе биде исплатена за 200.000 кинески вакцини, со што добивме единечна цена на чинење на една вакцина од 62.5 американски долари, а тоа е двојно повеќе од сумата која излезе како податок дека ја платиле други држави“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој јавно го праша Венко Филипче дали тоа се документите кои беа лажни, кои не постоеја и дали ова сега не е кредибилен документ дека исплатата е извршена? Дополнително праша каде требало да завршат над 30 долари по вакцина, односно над 6 милиони американски долари?

„Венко Филипче е должен да ѝ одговори на јавноста зошто имал намера да купи вакцини по цена двојно повисока од таа која ја плаќале други држави? Каде требала да заврши разликата во цени? И кој требал да има профит од сето тоа? Дали трката по провизии беше поважна од здравјето на илјадници луѓе и свесен ли е Филипче дека сите починати по 1 јануари 2021 година одат на неговата и совеста на Зоран Заев, кои не набавија навреме вакцини?“, праша Лефков.

Потенцира дека одговорност мора да има, и го повика ЈО веднаш да отвори случај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“

Објавено пред

Коментирајќи ги пресудите за случајот со лажните пасоши, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира преку социјалните мрежи.

„Кога ја објавив аферата „Мафија“, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Кога ја објавив аферата мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 05 мај 2021

„Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници треба да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта“, стои во напишаното од Мицкоски.

„Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија4 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија5 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа6 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија6 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија7 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион8 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет8 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет9 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет9 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет10 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија22 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија1 ден

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија1 ден

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Досие