Контакт

Политика

Милошоски: СДСМ со однесувањето во ДИК сака да најде алиби за претстојниот изборен пораз

Објавено пред

Ако до вчера СДСМ со своето однеување се обидуваше да најде алиби за претходните девет изборни порази, сега СДСМ со своето однесување во Државната изборна комисија (ДИК) очигледно е дека се обидува да најде алиби за претстојниот изборен пораз на нивната партија, изјави во неделата членкот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

dobivaj vesti na viber

„Двоецот Заев и Шекеринска очигледно е дека се уплашени од претстојните избори на 5-ти јуни. Изборната волја којашто ќе ја изразат гласачите, избирачите, граѓаните на Република Македонија, тие ја нарекуваат изборна волја на фантомски гласачи. Измислуваат и не се постојани дури и во измислените бројки дека постојат 100 илјади, 200 илјади или 500 илјади фантомски гласачи како Република Македонија првпат во својата историја да одржува избори и како во Република Македонија првпат, а не десет пати досега претставник на опозицијата да е претседател на ДИК“, рече Милошоски.

Според него, со ваквите тврдења ДИК, односно претставниците на СДСМ во ДИК, ги омаловажија претставниците на сите други избирачки одбори, вклучително и нивните партиски претставници во избирачките одбори кои секоја година и секој изборен циклус го контролираат и проверуваат избирачкиот список и секој излезен гласач на избори.

„Пред неколку месеци СДСМ почна да ја манипулира јавноста со измислување на фантоми само да ги оправда катастрофалните изборни порази. За фантоми беа прогласувани жителите на Брвеница, за фантомски гласачи беа прогласувани жителите на Битола, жителите на Штип, гласачите од Велес, гласачите од Гевгелија. Чудно е зошто СДСМ и господинот Заев не видоа фантомски гласачи во Струмица, во Центар, во Куманово, и зошто не видоа фантомски гласачи 2002, 2004, 2006, 2008 година. СДСМ очигледно е дека е уморен од изборните порази, а Република Македонија и нејзините граѓани се заморени од однесувањето на СДСМ и држењето на ваква тензија каде што главен заложник на ваквото политичко деструктивно однесување на СДСМ е самата држава, спокојството на граѓаните, економскиот развој и ефикасноста на државните институции“, вели Милошоски.

„За да не се стекне погрешен впечаток дека има какво и да е влијание или наметнување на одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во ДИК го покажа својот принципиелен став, а тоа е дека поддржуваме секаква и во секое време проверка на избирачкиот список, со цел СДСМ да биде уверен во избирачкиот список, спокоен дека гласачите се вистински и не се фантоми и да биде спремен да го признае следниот изборен пораз. Доколку е неопходно, рековме дека и нашите два члена во ДИК не мора и да гласаат, ако тоа му пречи на СДСМ во однос на нивната желба за проверка на избирачкиот список, со најновата одлука на ДИК бројот на теренски проверки кои треба да бидат извршени изнесува околу 110 илјади“, смета Милошоски.

„Со најновата одлука на државната изборна комисија бројот на теренски проверки кои треба да бидат извршени изнесува околу 110 илјади, тоа значи 100 илјади контроли на домови, тоа значи 100 илјади пати СДСМ ќе се обиде да потврди дека постоечките гласачи во нашата сопствена држава не се вистински гласачи, туку дека се фантоми, но самите ќе се уверат и раководството на СДСМ и нивните представници во ДИК дека во оваа држава живеат граѓани, во свои домови, на свои адреси со свои лични карти и дека тие граѓани имаат право не да бидат малтретирани од некоја политичка партија туку имаат право да го дадат својот глас на изборите за политичката партија на која што и веруваат. Станува збор за од прилика 15 илјади адреси кои ќе требаат да се контролираат, и државната изборна комисија има капацитет и може да ги изврши овие проверки со помош на МВР во предвидениот рок“, порача Милошоски.

„Тоа што треба да го знае Зоран Заев и неговите соработници е дека и покрај ваквите обиди да се создаде алиби за неодржување на предвремените избори што токму СДСМ ги бараше, избори на 5ти јуни сепак ќе има, државата неможе да биде држена во заложништво, и СДСМ била спремна или небила спремна ќе мора да се соочи со изборната воља на гласачите во Република Македонија. Тогаш и Зоран Заев и СДСМ ќе видат дека во република Македонија не одлучуваат фантомски гласачи туку дека одлучува постоечкиот народ. Ќе видат дека одлучуваат граѓаните истите оние кои Зоран Заев и СДСМ ги прогласуваат за фантоми. На 5ти Јуни СДСМ ќе може и непосредно да се увери дека половина милион граѓани кои што СДСМ и господинот Заев ги прогласија за фантомски гласачи се вистински и постоечки луѓе кои што имаат своја изборна воља и право на политички избор во Република Македонија. Во Република Македонија на 5ти јуни ќе се одржат избори, демократски мирни достоинствени, такви какви што доликуваат на совеста на граѓаните на Република Македонија, и на 5ти јуни граѓаните повторно ќе имаат можност да се определат за една деструктивна политика каква што очигледно ја нуди господинот Заев или се за програма за отчет и за реформи, странски инвестиции каква што нуди ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Милошоски./крај/мф/бс

 

 

 

 

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ18 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија18 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија19 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија20 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија20 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион21 час

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија22 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија22 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет22 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет23 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа23 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет23 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет24 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа24 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...