Контакт

Политика

Милошоски: Спасовски да се произнесе за аферата со наводни фалсификувани пасоши

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и во саботата, трет ден по ред, го повика техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да се произнесе околу аферата за наводно фалсификување на лични карти.

dobivaj vesti na viber

„Без разлика на ова, сите излегоа во јавноста, и медиумите, и одредени граѓани и нивни податоци без нивна согласност, но само еден човек, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, го нема да се јави на оваа тема“, изјави Антонио Милошоски.

„Господине Оливер Спасовски, како Генерален секретар на СДСМ можеби во вашата партија ви требаат седум месеци за да сработите одреден проект, но како министер за внатрешни работи, технички назначен, за ваква афера не би Ви требале повеќе од седум дена за да ја расчистите“, рече Милошоски.

Тој потенцираше дека од Спасовски се очекува во најскоро време да го расчисти овој случај.

„Време е да преземете акција и да покажете дали имате капацитет да се носите со одговорноста која што ви е доделена“, рече Милошоски. /крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

Објавено пред

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние ќе разговараме. Не станува збор за промена на европскиот предлог, туку зборуваме за заклучоци кои ние како Собрание ќе ги донесеме за да ја задолжиме и обврземе Владата како да се однесува во следниот период. Јас денес очекувам одговорност од сите партии и пратенички групи бидејќи станува збор за сериозен процес во државата, бидејќи се работи за иднината на државата и нивните граѓани“, изјави меѓу другото координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески пред денешната работна група во Клубот на пратеници.

dobivaj vesti na viber

Митрески рече дека како пратеничка група „ќе дадеме наши предлог-заклучоци коишто ќе се однесуваат на нашите стратешки определби за членството во ЕУ со исклучување на билатералните – историски и образовни прашања. Ќе дадеме предлози и заклучоци коишто ќе значат безусловно почитување на определбата за посебните историски, јазични и културни посебности на македонскиот народ“.

Митрески по новинарско прашање рече дека „како Собрание уште еднаш ќе потврдиме дека билатералните прашања ќе бидат исклучени од рамката и ќе ја задолжиме Владата, затоа што овие заклучоци се обврзувачки за Владата, да се исклучат билатералните прашања од аспект на историјата и образованието“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Партиска средба за разгледување на францускиот предлог

Објавено пред

Во Клубот на пратениците во тек е средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на францускиот предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Партиските претставници се очекува да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот.

Оваа група ја сочинуваат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Ковачки е дезертер од Армијата, избра да им служи на деструкциите на Мицкоски

Објавено пред

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава“ се вели во реакцијата од СДСМ на денешната прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

dobivaj vesti na viber

„Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски.
Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април?“ велат од владечајката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние...

Македонија2 часа

(Видео) Партиска средба за разгледување на францускиот предлог

Во Клубот на пратениците во тек е средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на францускиот предлог чие...

Македонија2 часа

(Видео) Порака со среден прст за францускиот предлог

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници, испраќајќи порака до политичарите со среден прст. Тој со кацига на главата во...

Македонија3 часа

ДУИ: Се гледа кој е за Европа, а кој е против!

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците на Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во...

Македонија4 часа

Бибер: Францускиот предлог е катастрофа

Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, смета експертот за Балканот, Флоријан Бибер. Бибер на Твитер...

Македонија6 часа

Спасовски: Да победи здравиот разум и да не се повтори никогаш веќе 27 април

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ги посети повредените полицајци, кои беа повредени за време на вчерашниот јавен собир...

Свет6 часа

Украински војници пристигнаа во Велика Британија на обука

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Валас. Обуката е дел...

Македонија6 часа

Протестите продолжуваат и денеска во 19 часот

Протестите против францускиот предлог продолжуваат и денеска. „Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот....

Македонија7 часа

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, 27 април нема да се повтори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може...

Свет8 часа

Милиони луѓе во Кина повторно во локдаун

Десетици милиони луѓе се во локдаун во Кина бидејќи компаниите во главниот туристички град се принудени да ги затворат своите...

Свет8 часа

Гувернерот на Доњецк до цивилите: Евакуирајте се, доаѓаат Русите

Гувернерот на Доњецк повика 350.000 цивили да се евакуираат од тој источен украински регион поради претстојната руска офанзива. Повикот дојде...

Македонија8 часа

Повредени 47 полицајци, а приведени 11 демонстранти во вчерашните протести

Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето...

Македонија18 часа

Полицијата ги притисна демонстрантите, има приведени неколку лица, но и повредени полицајци

Полицијата ги истурка демонстрантите што беа пред зградата на Собранието. Ги разбрка кон Паркот на жената борец, при што огромна...

Македонија19 часа

(Видео) Демонстрантите ја урнаа оградата пред Собранието

Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Помала група влезе на тревата пред законоданвиот дом. Фрлаат со факли, петарди, камења,...

Македонија20 часа

(Фото) Демонстрантите фрлаа јајца и петарди кон зградата на МНР

Петарди, јајца и други предмети завршија во фасадата на МНР. И покрај дождливото време, колона граѓани излегоа на улиците за...

Македонија20 часа

(Видео) И покрај дождот, протестите продолжија и вечерва

И покрај дождот, и оваа вечер продолжи протестот против францускиот предлог, што се одржува пред Владата. Голема група граѓани го...

Македонија1 ден

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на...

Македонија1 ден

Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот...

Македонија1 ден

Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот македонскиот јазик...

Македонија1 ден

Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови,...