Контакт

Политика

Мисајловски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложи над милијарда евра само во патната инфраструктура

Објавено пред

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски во изминатиот период беше фокусирана на реализација на капитални инфраструктурани проекти, со цел да создадеме квалитетна транспортна мрежа и поквалитетен живот за граѓаните на Република Македонија, истакна во саботата Владо Мисајловски, актуелен министер за транспорт и врски од владејачката партија. 

dobivaj vesti na viber

Мисајловски на прес-конференцијата во партиското седиште истакна дека од 2006 година, кога партијата ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, започнале активно да работиме на сите проекти кои им ги ветиле на граѓаните и од кои ја добиле довербата.

„Со гордост можам да истакнам дека како никогаш досега во Република Македонија се инвестира во патната и железничката инфраструктура, во развој на авиосообраќајот, максимално сме посветени на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку цврста станбена политика и преку инвестиции во комуналната инфраструктура“, рече Мисајловски додавајќи дека меѓу другото е извршена „историската“ реформска за легализација на диво изградените објекти, континуирано работиме на привлекување и на нови туристи преку развивање и модернизацијата на туристичките центри.

„Вложуваме преку милијарда евра само во изградба на патната инфраструктура. Досега изградивме и рехабилитиравме 85 километри автопатска мрежа, инвестиција од 70 милиони евра. Во тек е изградба и реконструкција на 142 километри автопат инвестиција од околу 800 милиони евра. Во моментов се градат три нови автопати, Демир Kапија-Смоквица со должина од 28,2 киометри и инвестиција од 210 милиони евра, потоа автопатот Миладиновце-Штип со должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра и од Кичево до Охрид со должина од 57 километри и инвестиција вредна 374 милиони евра“, рече Мисајловски.

Потсети дека во тек и реконструкција на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри и инвестиција од 4,2 милиони евра.

Во делот на регионалните патишта, продолжи Мисајловски, досега се реконструирани се 55 магистрални и регионaлни патишта со вкупна должина од над 510 километри, инвестиција од 93 милиони евра. Во тек на рeконструкција се 13 регионални патишта со вкупна должина од 165 километри и инвестиција од преку 48 милиони евра, меѓу кој и изградба на еден експресен пат од Велес до Кадрифаково. А се работи и на патот Битола- Ресен- Буково, Ново Село-Маврово, Мокрино-Смолари, Нов Дојран – Николиќ, Тетово-Брвеница-Гостивар, Бошков мост-Дебар, Делчево-Голак, Мелнички Мост – Центар Жупа, Кривогаштани-Воѓани, Лажани-Црнилиште, Скопје-Сончев град и од Опае до границата со Косово и многу други…

„Во наредниот период започнуваме со реконструкција на 11 регионални правци со вкупна должина до 200 километри и инвестиција од преку 370 милиони евра, меѓу кои се и изградба на 5 експресни патишта и тоа Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и од Охрид до Пештани“, најави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски продолжи со набројувањето на инвестициите и во делот на локалната патна мрежа, сфера во којашто, како што посочи досега биде реконструирани 404 патишта со вкупна должина од над 750 километри и инвестиција од над 65 милиони евра. Изградени е и санирани, истовремено, се и12 мостови инвестиција од 5 милиони евра, осветлени се 38 клучки инвестиција вредна 3,5 милиони евра и санирани 17 свлечишта во вредност од 4 милиони евра.

„Овие податоци само докажуваат дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски собра храброст да започне еден ваков инвестициски циклус во изградба на целокупната патна мрежа во Република Македонија“, заклучи Мисајловски.

Покрај инвестициите во патната инфраструктура, Мисајловски рече дека се вложуваи во изградба на железница кон Бугарија и уште една пруга кон Грција, инвестиции поценети на повеќе од половина милијарда евра.

„Започнавме да ја градиме пругата кон Бугарија, во тек е првата фаза од Куманово до Бељаковце инвестиција вредна од 40 милиони евра. Во тек е проектирање на делот од Бељаковце до Крива Паланка и на делот од Kрива Паланка до границата со Бугарија. Оваа пруга комплетно треба да ја завршиме во 2022 година. Работиме и на проектирање на железничка пруга од Кичево до Лин, граница со Албанија, во исто време проектираме и еден дел до Охрид. Во тек е и изградбата на пругата од Битола до Кременица инвестиција од 19 милиони евра со средства од ИПА фондовите. На оваа пруга ќе се изгради и еден крак кон индустриската зона Жабени со што ќе се овозможи полесен и побрз транспорт до Солунското пристаниште“, конкретизираше Мисајловски.

Во оваа сфера се повали и со завршената реконструкција и на железничката станица во Скопје а отпочнувањето на реконструкцијата на десет железнички станици на Коридор 10, и тоа во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино, со вкупна инвестиција од 4,5 милиони евра средства од ИПА фондовите.

Еден од приоритетните проекти во желеницата беше обновата на возниот парк, потсети министерот. Оваа Влада, рече Мисјалвоски, успеала да набави 6 нови патнички возови и 150 нови товарни вагони, инвестиција од 40 милиони евра. Овозможивме бесплатен превоз со воз за пензионери, млади до 27 години, студенти и ученици. Досега оваа мерка ја искристиле преку 185 илјади патници со што нивните семејства заштедиле преку 770 илјади евра и со тоа „уште еднаш Владата докажа колку сме посветени во развој на железничиот систем во Република Македонија“.

Во своевидниот опширен отчет за сработеното од неговиот ресор во изминатиот период, Мисајловски се задржа и на делот на авиосообраќајот. Ги истакна, притоа, реконструкциите на двата аеродроми во Скопје и Охрид, со што, како што рече, скопскиот аеродром станал еден од најконкурентните во регионот за што трипати добива награда како најдобар аеродром во категоријата до два милиона патници.

„Исто така,само во периодот од 2012 година па сé досега успеавме да обезбедиме нови 23 евтини летови до европски дестинации. Ако за споредба во 2005 година имало летови само отприлика редовни 15 дестинации оваа година имаме дури 35 редовни линии. Ова е разликата меѓу ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ“, порача Мисајловски.

Тој отчетот го продолжи со констатацијата дека во Македонија влегува и една од најдобрите светски авиокомпании „Катар ервејс“, која претходно месецов најави дека од октомври ќе започнат да летаат на релација Скопје -Доха.

„Сиве овие инвестиции во авиосообраќајот допринесоа изминатата година да имаме рекордна бројка од 1,5 милиони патници што поминале низ македонските аеродроми. Сакам да истакнам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме во таа насока и се надевам дека за скоро време ќе имаме и нови дестинации.

Исто така, сакам да истакнам дека оваа Влада става посебен акцент на изградбата на водоводни и канализациони мрежи бидејќи тие се елементарна потреба за поквалитетен живот на граѓаните. Во таа насока до сега инвестиравме преку 12 милиони евра за изградба на 42 водоводни и канализациони системи во 30 општини. Во фаза на реализација се 24 проекти во 21 општина со вкупна инвестиција од 7 милиони евра. Ова е една третина од резервираните средства со кои располагаме со што е отворена можноста за сите општини што немаат искористено средства тоа да го сторат во наредниот период, да аплицираат со проекти до Министерството за транспорт и врски за да можеме да отпочнеме постапка за финанисрање и нивна реализација.

Станбената политика е една од приоритетните што како Влада посветуваме големо внимание. Згрижувањето на ранливите категории граѓани е многу важен процес што ние го спроведуваме. До сега инвестиравме 20 милиони евра за изградба на 678 станови.

Во тек е градба на една зграда во Македонски брод со 10 станови и една зграда во Кочани со 43 станови. Оваа година ќе започнеме со изградба на 163 станови и тоа 70 во Гостивар, 39 во Виница и 54 во Свети Николе, а во наредниот период ќе изградиме уште дополнителни 438 станови во Пехчево, Струмица и Скопје.

Една од најголемите реформи што започнавме да ја спроведуваме е легализацијата на дивоизградените објекти. До сега имаме легализирано околу 147 000 објекти. Покрај продолжувањето на рокот за легализација овозможивме да се легализираат и објекти кои се наоѓаат на приватно земјиште. За социјално ранливите граѓани овозможивме бесплатна изработка на геодетски елаборат за легализација на нивните домови. Досега имаме изработено над 5300 бесплатни елаборати, а мерката продолжува и понатаму.

Друга работа што сакам да ја спомнам во овој контекст е најновата мерка што ја донесовме а тоа е можноста за надградба на куќите. Со оваа мерка се овозможува секој еден да може да врши надградба на својата куќа во максимална висина до 10 метри и 20 сантимeтри и во случај ако надградбата на објектот не е предвидена во планската документација.

Во делот на градежната политика овозможивме и бесплатни проекти за изградба на типски куќи, цена од 1 евро за квадрат за продажба на државно неизградено земјиште, за 95 % ги намаливме комуналиите за изградба на хотели, катни гаражи и откупно дистрибутивни центри.

Најголемата реформа што ја спроведивме е воспоставувањето на електронскиот систем за издавање на одобрение за градење со што во последниот извештај на Дуинг Бизнис, Република Македонија е рангирана на 10 место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија за ефикасно спроведување на постапката за издавање на одобрение за градење.

За збогатување на туристичката понуда, изградивме 14 километри пешачки патека и тоа; околу Дојранското, Велешкото, Мавровското, Беровското езеро и во Крушево или вкупна инвестиција од 2 милиони евра. Уредивме 600 метри плажи на Дојранското и уште 600 метри плажи на Преспанското Езеро“, наброи во продолжение Мисајловски.

Истакна дека ова е отчетност само за дел од тоа што сме го сработиле и најавите за новите инвестиции и оти „разликата е видлива“./крај/мф/сн

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Рубио: Трамп е единствениот лидер кој може да разговара со Русија, Украина и Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија31 минута

„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија48 минути

Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик)...

Македонија58 минути

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет1 час

Израелскиот министер за одбрана: „Газа гори, нема да попуштиме додека мисијата не биде завршена“

Израелската војска ги засили нападите врз Газа во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта...

Свет2 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија13 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија14 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ14 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија15 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија16 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија18 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ19 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија20 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија21 час

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија21 час

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија21 час

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија22 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија22 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија23 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...