Контакт

Политика

Николовски: Министерството за земјоделство е параван за крадење парите на граѓаните

Објавено пред

Криминалот на Никола Груевски преку злоупотреби во државните институции целосно е потврден, смета Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ, а Министерството за земјоделство е параван за злоупотреба на земјоделските субвенции и крадење на парите на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Злоупотреби со земјоделските субвенции, наместени тендери, корупција, незаконски и фалсификувани договори, задоволување на бизнис партнерите блиски на власта на штета на земјоделците, судир на интереси, непотизам, узурпирање на земјата на вистинските земјоделци,  злоупотреба на  ресурсите на ова министерство. Ова е билансот после само четири месеци од влегувањето на опозицијата во Министерство за земјоделство, шумарстсво и водостопанство“, вели Николовски.Затоа, вели тој Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа, бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино, затоа избирачкит список не е прочистен, затоа нема реформи во медиумите.Наброја, дека откако, како дел од пржинскиот договор влезе во Министерството за земјоделствио, докажал декамилиони евра преку Платежната агенција завршуваат во џебовите на луѓе и фирми блиски на Груевски и фамилијата, дека, 5 милиони евра за Трансмет на Сеад Кочан, сопственикот на „НоваТВ“, за финансирање на медиумскиот мрак, дека стотици илјади евра за Силекс Неметали, фирма на Горан Ивановски, син на коалицискиот партнер на Груевски, Љубисав Иванов – Ѕинго кој е сопственик и на „Сител телевизија“, а незаконски тендери за браната Конско тешки 33 милиони евра. „За овој криминал што го откривме во Министерството за земјоделство следува одговорност. Ништо не може да му помогне на Никола Груевски и неговите пулени. Во Македонија ќе има само слободни фер и демократски избори, преку прочистен избирачки список и реформи во медиуми“, рече Николовски./крај/мф/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет1 час

Макрон: Европските воени сили треба да учествуваат во мировните операции во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на новинарите во Вашингтон дека европските воени сили треба да учествуваат во мировните операции...

Свет1 час

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет2 часа

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...

Свет2 часа

Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери....

Свет2 часа

Трамп вели дека започнал со подготовките за средбата Путин-Зеленски

Доналд Трамп ги истакна можните следни чекори по средбите во Белата куќа. Тој, исто така, потврди дека разговарал со Владимир...

Свет9 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет12 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет12 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура17 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија19 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет19 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија20 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија20 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет21 час

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет22 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија23 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија24 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет1 ден

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...