Политика
Носителите на листите на СДСМ се обврзаа – промени, економски развој и живот во Македонија

Носителите на листите на СДСМ се обврзаа на промени, економски развој, решавање на проблемите, справување со криминалот на власта и пред се живот во Македонија, соопштуваат од партијата.
„По 11-ти декември, промената на власта ќе донесе силен економски равој. Никој нема да страда по промената на власта. Криминалците ќе одат во затвор, службениците ќе останат на работа. Нема да продолжат налудничавите проекти, ќе бидат стопирани и ќе подлежат на ревизија. Парите ќе се трошат за живот во Македонија. Повикувам на мобилизација и победа на изборите што ни е на дофат“, рече меѓудругото носителот на кандидатска листа во првата изборна единица, Стево Пендаровски.
„Силно ќе се борам да ги решиме проблемите на сите. Ќе се справиме со иселувањето на младите, овде ќе ја градат својата иднина. Имаме и сериозна обврска, да се избориме со криминалот на власта, да се избориме со криминалот на функционерите на оваа забегана власт на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалците мора да одговараат за грабежот на народните пари! Да живее Македонија и да се живее во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатска листа во втората изборна единица, Оливер Спасовски.
„Нема да застанеме со работа. Ќе го вратиме животот во селата и градовите. Ќе ставиме крај на масовното иселување од третата изборна единица. Ќе го запреме понижувањето на земјоделците и работниците! Особена грижа ќе им посветиме на работниците во рударството и текстилната индустрија. Имаме план и мерки преку кои ќе ја намалиме социјалната разликата, така што секој работник ќе добива достоинствена плата од која ќе живее, а нема да преживува“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски.
„Правда мора да има и ќе има. Готово е! Парите ќе ги вратат, се ќе вратат. Промените ќе ги направме заедно. Сите заедно! И Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Роми и Власи и Бошњаци и сите, ќе биееме битка за единствена Македонија и ќе ја добиеме. Сите ќе живееме еден живот во Република Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во шестата изборна единица, Петре Шилегов.
„Ќе ја впрегнеме државата, затоа што граѓаните бараат држава што функционира. Држава во која законите за секого ќе важат подеднакво. Држава во која нема да има заштитени мечки. Ви ветуваме држава и институции во кои нема да владее страв, притисок и репресија. Вработените во администрацијата ќе продолжат да работат, ама нема да го прават тоа за партиите и политичарите, туку за себе и своите деца, и за сите кои плаќаат данок во оваа држава. На 11 декември да гласаме за Младите во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска.
„Мојата намера е да продолжам да живеам во четврта изборна единица, а да ја водам Република Македонија водејќи ја извршната власт. Јас сум горд на тоа што денеска е Струмица. Не беше лесно кога граѓаните ја дадоа честа и одговорноста. Пливаше во долгови. Се фатив за главата и не знаев како ќе биде. Предизвикот беше огромен. Денеска Струмица е една од најразвиените општини во Република Македонија. Ова го кажувам за да не губиме верба, дека не може. Може и со нашата Македонија. Делегатите донесоа историска одлука, ја поддржаа граѓанска Македонија. Потврдивме дека најголемиот политички субјект верува во граѓанскиот концепт што ќе успее во Република Македонија. Ви ја ветувам Македонија. Ви ја ветувам напредна и успешна Македонија. Оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех. Оваа коалиција ќе го врати животот во Македонија. Оваа коалиција победува на 11 декември. Затоа што ова е коалиција на животот. НА 11 декември носиме живот во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во четвртата изборна единица, Зоран Заев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.