Контакт

Политика

Новогодишно обраќање на премиерот Груевски

Објавено пред

Зад нас е 2015-тата година, пред нас, новата 2016-та. Секој од нас од годината што измина ќе носи спомени, лични и семејни, приватни и професионални, повеќе или помалку убави, добар успех, принова во семејството, загуба на близок, промоција во кариерата, прво вработување… Емоции како во секоја година, таков е животот, а сите ние сме луѓе, и низ емоции и лични судбини и предизвици го живееме.   2015-тата беше година на вонредни предизвици, неочекувани проблеми, но и година на многу постигнати успеси. Во светски рамки тешка, со нараснати тензии, војни, конфликти, терористички напади, но и понудени решенија за глобални предизвици, се вели во новогодишната порака на премиерот Никола Груевски.

dobivaj vesti na viber

 

 

На домашен план, во однос на политичките случувања 2015та беше многу тешка година. Година во која се случи политичката криза, сигурно најтешката во историјата на независна Македонија, откако желбата да ја собори оваа власт, некого го натерала незаконски и криминално да организира и да снима телефонски разговори на голем број политичари и јавни личности, кои откога биле добро спакувани, во смисла едитирани, ставени во различен контекст и создадени наменски креирани материјали, со месеци беа оружје со кое се сакаше да се постигне јасна политичка цел, промена на власта во Република Македонија, и тоа на само неколку месеци претходно избрана од убедливото мнозинство граѓани на Македонија на организирани избори, кои никој друг освен нашиот политички опонент не ги прогласи за нефер или недемократски.

 

Јас нема да објаснувам што се случуваше во изминатава година на политички план, бидејќи вие почитувани граѓани бевте сведоци на се, се гледавте, имавте многу информации и извлековте многу заклучоци. Јас имам свој поглед за сите работи и многупати гледајќи ве во очи сум ви го соопштил, и од целиот овој контекст кој ни беше наметнат единствено ме притиска фактот што да не беше оваа политичка криза наметната од опозицијата, економијата ќе се развиваше уште побрзо и многу поголем број на лица ќе се вработеа.

 

Не можам, а да не ги споменам и настаните во Куманово, кои дадоа еден друг печат на сите општествено политички и безбедносни случувања, настани кои според мене имаат историско значење, и сакам во ова мое обраќање да изразам жалење и сочувство, што во оваа година ние загубивме осум човечки животи, полицајци кои херојски на браникот на татковината, беа дел од силите кои се бореа и успеаа да го сузбијат нападот на организираната криминално терористичка група во Куманово. Тие осум полицајци Македонија вечно ќе ги памети и ќе ги уважува на единствениот начин на кој што заслужуваат – како херои. За овој темен политички контекст и сите пропратни манипулации и случувања во оваа година нема да одам во детали во денешново обраќање до вас – вие ја живеевте таа година. Вие имате совршена проценка за секој еден момент од 2015 година, вие сте свесни, слободни и слободоумни граѓани, со изострено чувство за објективната стварност и со голема, голема мудрост, со зрелост и со капацитет за носење одлуки.

 

Во 2016 година вие граѓаните ќе ја решите 2015 година. 2016 година е година на народот, година кога народот на фер и демократски избори на 24 април, ќе ја соопшти својата одлука и ќе ја прати својата порака. Изборите во април ќе стават крај на оваа тешко бреме, а вие граѓаните ќе одлучите. Никој друг, туку вие граѓаните. Изборите во април ќе бидат и своевидна порака до сите политичари и лица или структури и организации кои директно, индиректно, или само како набљудувачи биле и се вклучени во сите случувања кои ги доживеавме и преживеавме заеднички изминатава година. Изборите ќе треба да донесат нов ветар во грб, енергија, сила, за градење на подобра иднина, на посветла иднина, ќе бидат своевиден излез, светло на крајот на тунелот. Следната година треба да биде година кога ќе ја видите најсеопфатната програма што било која политичка партија воопшто ја направила во Македонија. Понуда која ќе значи подобар живот, повеќе проекти, мерки, реформи, дела, посветла, сигурна, предвидлива иднина.

Во овие празнични денови, посакувајќи им и на опозицијата добро здравје и среќа во семејствата во претстојната 2016-та година, сакам да ги повикам да не бегаат од народот и достоинствено да го потврдат своето учество на изборите и да се придржуваат кон превземените обврски, затоа што на народот му е преку глава од натегања, конфликтности и судири. Народот од нас бара решенија за нивните секојдневни проблеми.

 

Изборите во април ќе бидат фер и демократски. И сите ние треба да направиме максимум тоа да биде така. Реформираниот закон за избори за прв пат ќе биде применет. Тој помеѓу останатото, предвидува, отсега па на сите наредни парламентарни избори, премиерот ако повторно излегува на изборите,  да се повлече од функцијата, во еден кус временски период пред изборите, со цел да се осигура дека со тоа што нема да е во извршната функција, нема да има некаква предност во добивањето на довербата на гласачите. Јас прв ја подржувам оваа реформа, затоа што верувам во својот народ, и не сакам да дозволам алиби на било кого за да избега од соочувањето со народот.

Сето ова досега е во делот на политиката, но ние сме најсилни во делот на економијата и сакам да ве уверам дека најголем фокус и во иднина ќе имаме на економијата и обезбедување на подобар живот на граѓаните. Досега како резултат на заеднички труд, Светската банка на ново објавената ранг листа обзнани дека Македонија е 12-та најдобра држава во светот, и шеста најдобра држава во Европа, во однос на добрите услови за водење бизнис. Кога дојдовме во Владата, бевме рангирани дури на 94-тото место во светот.

 

Подобрените услови за водење бизнис, ни ја олеснија работата во привлекувањето странски инвестиции. Но, ние во 2015-тата, силно се осврнавме и на домашните фирми, преку многу преземени мерки, а една од нив вреди посебно да се спомне, тоа е проектот Македонија вработува, со кој на сите фирми во Македонија, им се дадоа исклучителни финансиски поволности за да вработуваат нови работници.

 

Ми претставува особено задоволство фактот дека во 2015-та оствариме нова рекордно ниска стапка на невработеност, која заклучно со септември е 25,5 отсто. Никогаш не била пониска. Да потсетам таа беше околу 38 отсто во 2006-тата, од кога континуирно секој квартал се намалува. Имаме уште работа на овој план, но, можеме комотно да кажеме дека сме на добар пат. Во 2006-тата при доаѓањето во Владата бројот на лица кои имале работа беше 560 илјади луѓе, сега, тој број е над 710 илјади луѓе кои работат. Со нашите економски политики и посветеност, сме успеале, да овозможиме отворање на нови над 150 илјади работни места, а тоа се 150 илјади нови плати за граѓаните кои порано не работеле, а сега работат. Државниот долг на земјата не се зголеми, туку и се намали од 39 на 36 отсто од БДП, и сме 4та најниско задолжена земја во Европа, според ЕУРОСТАТ. Позитивниот тренд во економијата особено на полето на инвестициите ќе продолжи и во 2016та,за кога е проектиран раст од 4 отсто од БДП, и натамошно намалување на невработеноста.

 

На крајот на 2014-та година ветив дека во 2015-та година ќе има најмалку 25 нови компании кои ќе објават одлука за инвестирање во Македонија, што се оствари и се надмина, и тој број изнесува 30 компании кои одлучиле да инвестираат и јавно ги објавија одлуките. Сега можам да ветам дека во 2016-тата, најмалку 35 нови компании ќе донесат одлуки за инвестирање, и ќе ги објават. Ова го кажувам на претходно направена анализа, од преговорите кои ги имаме во понапредна фаза на преговори со голем број компании од многу земји.

 

Американската Делфај одлучи да инвестира во зоната во Скопје и да вработи 500 луѓе. По успехот во Штип, Џонсон Контролс објави дека отвора нов капацитет во Струмица која ќе отвори 1.500 нови работни места. И германски Костал официјално почна со инвестицијата од 50 милиони евра и со првите од 1.000 вработувања кои треба да ги оствари. Американската Ки Сејфти Системс започна со градба на својот објект во Кичево, а треба да ја заврши градбата до јуни 2016-та. Почна со работа и италијанската Диатек Макдиа, со која треба да се вработат 200 луѓе. Техникал Текстајл во Штип ја изгради фабриката во која треба да се вработат вкупно 1.000 луѓе.

 

Технохозе ја реализираше својата втора инвестиција во зоната во Скопје каде ги започна вработувањата, а Гентерм е во напредна фаза на градба на својата фабрика во Прилеп. Со план за нови 3.000 работни места во Тетово е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“. Германски Маркард ја заврши инвестицијата во Велес вредна 35 милиони евра,  во новиот капацитет ќе се вработат 600 луѓе а планираат и проширување на капацитетите. Холандската компанија Антура го отвори својот нов капацитет во Кочани, со план за 300 вработувања. Германски Акомпласт објави дека во јануари почнува изградба на фабриката, а почеток на производството се очекува во април-мај 2016 година. Американски Капкон во Скопје ја отвори новата фабрика за инфлатори за воздушни перничиња со која ќе бидат отворени вкупно 400 работни места. Во привремениот објект започна со работа втората фабрика на Амфенол во Кочани, со што се вработија 650 лица, а по финширањето на инвестиционите дивизии нивната намера е да дојдат до 3.500 вработувања. Италијански Кондево инвестира околу 30 милиони евра и гради објект кој треба да вработи над 280 невработени, а истовремено се гради и новата фабрика на германската компанија ОДВ Електрик, која ќе се изгради до јуни 2016та, и ќе се вработат 1000 невработени од Охрид и Струга. Се потпиша и договорот со Монтанте груп од Италија, со кој ќе се вработат 400 лица.

Истовремено, за прв пат две домашни компании добавувачи на познати светски брендови, објавија дека ќе инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони. Тоа е компанијата Хај Тек и компанијата ТТ Плус кои заедно треба да вработат 500 невработени лица. Судејќи по тоа со колку компании сме во финална фаза на преговори, очекувам уште поголем број нови фабрики во 2016-тата кои ќе отворат нови работни места.

 

Еве на пример во јануари очекувам објава на инвестиција во Велес која со рестартирање на еден постоечки објект ќе отвори нови 1.000 нови работни места, проект на кој подолго работиме.

 

Ако новите работни места ни беа и ќе ни останат прв приоритет, сигурно во врвот на приоритетите, ни се и младите луѓе со голем број проекти за нив. Сепак, еден проект, кој неодамна го објавивме очекувам во 2016-та да почне да се реализира, а тоа е проектот „Купи куќа за млади“. Тоа е проект кој очекувам на илјадници млади луѓе до 35 години во наредните години да им помогне да си обезбедат куќа под исклучително поволни услови со поддршка на државата.

 

Во здравството имавме повторно многу нови вложувања и ќе имаме уште повеќе во 2016-та. Се изгради болницата во Козле, новиот простор за државната кардиохирургија, а ПЕТ центарот е при крај. Градбата на новиот клинички центар се одолжи, но конечно се бира изведувач и во 2016-та ќе почне градбата на овој капитален проект, исто како и клиничката болница во Штип за која се одбра изведувач. Почнаа голем број темелни реконструкции на болници, како во Битола, Прилеп, Св. Еразмо во Охрид. Следува и реконструкцијата на болницата во Струмица, и градбата на ургентниот центар во Куманово, двете во март 2016, како и реконструкцијата на клиничката болница св.Наум Охридски во Скопје. Во тек е и градбата на болницата во Кичево. Се реши проблемот со лековите за лица со ретки болести, се воведоа поливалентните вакцини, а се подготвува и отворање на центар за трансплантации во 2016-та.

 

Во 2015-та пораснаа пензиите на пензионерите за 5 отсто, а ќе следи и таков раст во 2016-та, како и раст на минималната плата, согласно ветеното. Досега од 2006-тата просечната пензија порасна за 70 отсто, а најниската пензија за 84 отсто. Во 2016-та треба да започне и градбата на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии. Социјалната помош наместо за ветените пет во 2015-та порасна за 10 отсто, и ќе има ново покачување во 2016-та од најмалку пет отсто. Се изградија 10 нови детски градинки, и уште четири се при крај,  а уште повеќе се планираат за 201-та. Над 140 милиони евра се отплатија за земјоделците во 2015-та, а во 2016-та земјоделците можат да сметаат на нови 150 милиони евра за земјоделието, и да продолжи оваа стабилна и континуирана поддршка која ја добиваат. И подршката не е само преку субвенциите, туку и преку помош на млади земјоделци, подигнување на нови насади и набавка на приплоден добиток, систем капка по капка, градба на системи за наводнување…

 

Во образованието, во тек е реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев, а во 2016-та ќе почне градбата на уште два во Скопје и еден во Тетово. Почна со работа филмската школа во Охрид, во соработка на престижната чешка школа ФАМУ и штипскиот универзитет. Почна и градбата на објекти на два нови факултети, на Финки и факултетот за физичка култура. Формиравме и нов универзитет Мајка Тереза, кој ќе биде на македонски, албански и англиски и ќе преставува нов квалитет во високото образование во Македонија. Истовремено планираме Воената академија која ја возобновивме, да прерасне во нов универзитет за национална безбедност во чиј склоп ќе работат повеќе факултети. Прашањето со зајакнувањето на квалитетот на високото образование, како и минималните стандарди во делот на научни трудови на наставниот кадар, остана тема на која треба да се обрне повеќе внимание во 2016-та.

 

Тече градбата согласно планот на трите автопата во Македонија. Речиси готова е и реконструкцијата на автопатот Велес Катланово,а во 2016та ќе се реконструира автопатскиот дел Смоквица Гевгелија и Куманово Скопје. Во 2015та започнавме со реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта во долина од 170 километри. Во 2016-та започнува градба на неколку експресни патишта со 4 ленти за кои веќе се обезбеди и потпиша финансиска конструкција. Тоа се Штип Кочани, Штип Радовиш,Ранковце Крива Паланка,Охрид Пештани и Градско Прилеп, плус ќе започнеме и реконструкција на други 6 регионални патишта. Се гради и пругата кон Бугарија, и од Битола кон Грција,а се прави проект за пруга од Кичево кон Албанија. Се одвива проект за реконструкција на железничките станици,а набавивме и нови  6 патнички композции и нови товарни вагони.  Ова се милионски проекти кои се инвестираат во македонската економија. Проекти, проекти и проекти, тоа е нашата работа!

 

Нашите напори Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО, ќе продолжат и во 2016-та, вклучувајќи ги и напорите да се изнајде решение, кое ќе овозможи деблокада од нашиот јужен сосед. Мигрантската криза во 2016-та ќе продолжи да биде сериозен предизвик, и на неа ќе треба да останеме фокусирани. Односите помеѓу различните етнички заедници и спроведувањето на охридскиот рамковен договор исто така ќе бидат во приоритетите, бидејќи соживотот преставува клучен фактор за нашиот напредок. Не чека година кога многу работи ќе станат појасни, а Македонија ќе мора да излезе од заложништвото и да застане гордо и достоинствено на патот кон напредокот. Ќе биде тешко, не велам дека сите проблеми ќе ги решиме, но гарантирам дека ќе работиме повеќе, со цело срце и подобро од било кој друг, ќе одиме напред!

 

Почитувани граѓани,

 

Ви посакувам среќна и бериќетна 2016-та година. Во добро здравје, спокојство и среќа во вашите семејства, со заеднички сили да го продолжиме напредокот и развојот на Македонија. Ви посакувам личен успех во вашите зацртани цели, а вашиот индивидуален успех, земен севкупно, ќе биде и успех и гордост на целата наша држава. Нека ви е среќна и успешна новата 2016та година!, се вели во новогодишната порака на Груевски. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...

Македонија27 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на...

Свет2 часа

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп...

Македонија14 часа

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија15 часа

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија17 часа

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет19 часа

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион21 час

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет22 часа

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет23 часа

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет23 часа

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет1 ден

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија2 дена

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа2 дена

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија2 дена

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ2 дена

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија2 дена

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија2 дена

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија2 дена

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...