Контакт

Политика

НСДП: Тепачката во Собрание е резултат на погубните политики на власта

Објавено пред

Вчерашната брутална тепачка во Собранието помеѓу пратениците на формалниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и неформалниот коалиционен партнер на Никола Груевски ДПА, е резултат на погубните политики на власта за апсолутно владеење, злоупотреба на државните ресурси и контрола на сè во државата, велат од НСДП во врска со тепачката во вторникот меѓу пратениците на ДУИ и ДПА.

dobivaj vesti na viber

„Жестоката физичка пресметка токму на темата буџет и трошење на народните пари е директна последица на пазарењата на Груевски со Ахмети и Мендух Тачи за ветените, а неиспорачани тендерски зделки, како против услуга за подршка на фалсификатот за претседателските и предвремените парламентарни избори“, се вели во писменото соопштение на партијата.

 

Во него се додава дека „Груевски и Ахмети, заслепени од желбата  да останат на власт и да ја зголемат сопствената моќ, а Мендух Тачи заради негови интереси беше принуден да молчи, свесно ги туркаа Македонците и Албанците во постојан конфликт и меѓуетнички тензии. 

„Како последица на националистичката и шовинистичка реторика на власта во предизборната кампања и многу сличната на ДПА, гореше Скопје, гореше Ѓорче Петров ,за на крај за жал,да се случи и крвав мегуалбански судир во Парламентот на РМ“, пишува во соопштението. 

Вчерашните настани во Собранието на РМ, велат од НСДП, само ја потврдуваат исправноста на одлуката на опозицијата за враќањето на пратеничките мандати. 

„Ќе останеме цврсти и доследни на нашите барања и нема да дозволиме никаков обид за манипулација на опозицијата,како што тоа се случи со договорот за црниот понеделник 24 декември, кој што иако беше потпишан со медијаторство на ЕУ, Груевски и ВМРО ДПМНЕ го прогласија за тоалет хартија“, велат од партијата Нова социјалдемократска партија-НСДП.крај/мф

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации

Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над...

Регион8 часа

(Видео) Пукање во Србија: еден убиен, има ранети, напаѓачот е во бегство

Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, во кафана дошло до тепачка помеѓу неколку...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија11 часа

СВР Тетово: Во Маврово е воведен кружен тек, но поради непочитување на правилата во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми. Согласно...

Свет12 часа

(Видео) Трудо поднесе оставка

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Но, тој ќе остане...

Македонија13 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Голема е мојата чест, што заедно со Мицкоски сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!...

Скопје15 часа

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент...

Скопје16 часа

(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање....

Македонија17 часа

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска,...

Топ17 часа

Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за...

Македонија20 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и...

Македонија21 час

Денеска е Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божиќ

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Овој празник ја...

Македонија21 час

„Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска“, велат од партијата Левица

Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во...

Европа22 часа

Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што...

Регион22 часа

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во...

Македонија22 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата...

Македонија1 ден

Граѓани со часови останаа заглавени во колони, премрзнаа враќајќи се од Маврово, дел се со деца

Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово денеска останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот...

Топ2 дена

Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“

Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите

Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето...