Контакт

Политика

Основачи на Левица бараат времена мерка за партијата

Објавено пред

Двајца од основачите на политичката партија Левица со поднесок до граѓанскиот суд бараат изрекување на времена мерка.

Поднесителите на барањето за времена мерка, инаку двајцата членови на Левица, ценат дека одлуката за одење на избори е нелегитимна и дека таква одлука била донесена надвор од партиските тела и спротивно на партиските акти.

Недоразбирањата во Левица започнаа пред неколку месеци, а „копјата се кршеа“ по прашањето дали партијата треба да настапи самостојно или во коалиција со опозициониот блок.

Поднесителите на времената мерка во четврток, на прес-конференција, пред Собранието на РМ, ќе изнесат детали за случувањата во партијата.

Од документот во кој Макфакс имаше увид, се гледа дека двајца подносители на барањето за времената мерка, Владимир Куновски и Перо Оџакилески бараат и „да се забрани политичката партија Левица да ја спроведе одлуката за настап самостојно на парламентарните избори кои ќе се одржат на 11-ти декември 2016 година, донесена на седницата на Централниот комитет одржана на 16.10.2016 година“.

Бараат, исто така, и да се задолжи Државната изборна комисија (ДИК) „ да го суспендира учеството на политичката партија Левица на парламентарните избори“, како и „да се задолжат подносителите да поднесат тужба против политичката партија Левица за поништување на одлуката за настап самостојно на парламентарните избори кои ќе се одржат на 11-ти декември 2016 година, донесена на седницата на Централниот комитет“./крај/мф

Македонија

(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци, ВМРО-ДПМНЕ е против образованието во нашата држава, истакна на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

Според неа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ втор ден намерно ја кочат работата на Комисијата каде што треба да се расправа за важни измени и дополнувања на закони од областа на образованието.

„Со овие измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за Бирото за развој на образованието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противат да 4.700 просветни работници добијат работно место, односно да нивните договори од определено работно време бидат трансферирани во работен однос на неопределено работно време. Замислете, се противат на законско решение кое треба да обезбеди создавање на правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници“, потенцира Лазаревска.

Ова како што рече, покажува колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за образованието. За нив, вели Лазаревска, тесниот партиски интерес и ситните политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Објавено пред

Со новиот состав на органите, со спој на искуство и нова енергија, СДСМ уште подобро и уште повеќе посветено ќе им служи на граѓаните и на државата, потенцира портпаролката на владејачкиот СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа смета дека по 26. конгрес, којшто се одржа вчера, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани.

„Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите. Новиот состав на Централниот одбор е освежен, во кој две третини од членовите на ЦО се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата“, рече Кузеска.

Според неа, од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи, што значи како што рече дека има целосна родова еднаквост. Млади се 45 члена, што претставува застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во  која било друга партија во Северна Македонија.

„Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од редовите на младите. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, а од 4 потпретседатели, двајца се нови. Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените“, оценува Кузеска.

Од друга страна како што рече, ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните.

Според неа, ВМРО ДПМНЕ свесно го блокира напредокот на државата, го блокира Собранието, шири лажни вести, застанува во одбрана на криминалци и насилници и работи против правдата во државата, вели Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ на спротивната страна од граѓаните

Објавено пред

Поради лични и партиски интереси на Христијан Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието кочат важни закони за граѓаните и државата, истакна денеска пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи на новото законско решение со кое државата треба да добие нов модерен клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
Во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат на штета и на одбрана, против интересите на припадниците на Армијата. Со дури 2.000 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за служба во Армијата“, реагира Каевски.

Со ова, смета Каевски, ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.

„Пратениците од опозициската партија се против и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои сè уште немаат засновано работен однос на неопределено време. Сè што е во интерес на граѓаните е предмет на блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Поради лични и партиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието“, напомена Каевски.

Ова, како што рече, е уште еден доказ за деструктивноста на партијата предводена од Мицкоски која освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните, коментира пратеникот од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ1 час

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија3 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет3 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија3 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет4 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет4 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет4 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет4 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион17 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија18 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија18 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа18 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија21 час

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија24 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Досие