Македонија
Познати кандидатите за листите на Либералната партија
Утврдени се кандидатските листи на Либералната партија во пет изборни единици, и тоа во единицата носител на листата е претседателот на партијата Ивон Величковски, во двојката Бузлиев, тројката резервирана за Марковски, четворката за Јованова и петтата за Мицковски.
На седница на Централниот комитет, во средата едногласно беа утврдени листите на ЛП за претстојните предвремени избори.
Претседателот Ивон Величковски е носител во првата, потпретседателот Кире Бузлиев во втората, Даница Јованова од Кавадарци во четвртата, а економистите Данчо Марковски од Велес и Кице Мицковски од Ресен се носители во третата и петтата единица, соодветно.
Извршниот комитет е овластен да ги утврди евентуалните листи на кандидати за изборните единици 6 и 7.
„Денеска го имам задоволството да ви се обратам како носител на првата самостојна кандидатска листа на Либералната партија по 1994 година, по цели 22 години од последниот пат кога самостојно сме настапиле на парламентарни избори. Ви благодарам што сум дел од вас и што заедно ќе го носиме товарот, предизвиците и успехот на изборите! Нека ни е честито! Доста беше нечујност и невидливост. Доста беше балансирање со туѓите на сметка на политиките, понудата и ставовите на Либералите. Сега секој што ќе ја поддржи Либералната платформа – поддржува јасна платформа на граѓански блок во кој поддршката ја дава лично и несебично – на основа на анти-популизам, реализам и одржливост. На основа на она што го гледа и чувствува, без поткуп, закана или притисок. Затоа што така сака. И затоа што ќе ја брани слободата на свој избор“, рече Величковски.
Тој појасни дека само луѓе без дамки може да водат одговорна политика, па затоа немало основа за соработка со партиите кои политиката сакаат да ја водат како и сега./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

