Контакт

Политика

Преговорите за Договорот од Пржино продолжуваат следната седмица

Објавено пред

Четирите најголеми парти во земјата  ВМРО-ДПМНЕ претставувана од Никола Тодоров, СДСМ од Радмила Шекеринска,  ДУИ од Артан Груби и  ДПА од Имер Алиу и во петокот попладнето не успеаја да постигна договор на преговорите  во резиденцијата на Европската унија за отворените прашања за решавање на политичката криза преку кредибилни избори, со покровителство на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес Бејли, кои им порачаа на партиите викендов да ги разгледаат уште една и приближат ставовите околу единственото прашање кое деновиве е на преговарачката маса, она за ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Во петокот, по шестчасовните разговори. претставниците на споменатите четири партии и во петокот не дадоа одговро за новинарите. Иако, не е прецизиран датумот за следните меѓупартиски преговори, најверојатно тие ќе продолжат во понеделник.

„Разговаравме за чувствителни прашања, партиите викендов треба да ги разгледаат ставовите“, изјави кусо американскиот амабсадор Џес Бејли по средбата.

И покрај оптимизнот на американскиот амбасадор, сепак, од партиите навестуваат дека ниту на последниот состанок немало никакво доближување на ставовите.

Имено, опозицискиот СДСМ цврсто стои на ставот дека идниот министер за внатрешни работи во техничката влада мора да ги има сите ингеренции кои се одземени откако претходно седмицава беа изгласани промени на Законот за внатрешни работи и за полицијата, со кои сите надлежности му се одземаат на министерот во предизборниот период. Од владејчаката ВМРО-ДПМНЕ, пак, се истрајни дека министерот за внатрешни работи во техничката влада мора да има ограничени надлежности и да нема можност да прави кадровски смени, односно партиски чистки.

Претходно тимовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА успеаја да се усогласат околу прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумите, но и за тоа преодната влада да биде формирана 100 дена пред гласањето, но само доколку изборите се одржат до крајот на годинава.

На преговорите постигнат е договор за Избирачкиот список – 40.000 спорни гласачи по јавен повик ќе може да се пријават за регистрација, а ако не го сторат тоа во предвидениот рок, нема да бидат во списокот.

За медиумите е договорено да се формира ад-хок тело од четири члена предложени од партиите од пржинската „четворка“, плус петти член што би го избрале останатите четири. Ад-хок телото ќе мониторира и санкционира како медиумите го спроведуваат Изборниот законик во однос на она што од нив се бара во предизборниот период.

Неофицијално, постигнта е согласност и на 100 дена пред изборите на чело на МРТ да дојде експерт прифатлив за опозицијата.

Ако се заокружи пакетот со услови за сите партии да прифатат да одат на избори, ќе биде договорен датум (за изборите), најверојатно ноември. Ревизија на спроведувањето на договорениот пакет ќе биде направена кон средината на август, и ако биде дадена добра оценка ќе се оди на избори./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија3 часа

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија3 часа

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија4 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија5 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ7 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа9 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет9 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа10 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет10 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет10 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет10 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија20 часа

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија1 ден

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...