Контакт

Политика

Рангелова: Само 40.000 гласачи се спорни за Заев

Објавено пред

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и Гордан Георгиев, Лилјана Шекеринска, Ерол Ризаов и Мирјана Најчевска и сите останати „кои што СДСМ инсистираше да бидат ставени на списокот на спорни гласачи“, да ја искористат законската можност и да се регистрираат за да бидат впишани во Избирачкиот список и да можат секако да го искористат своето право на глас, а нудат и помош за сите кои не можат да се снајдат околу пријавувањето.

dobivaj vesti na viber

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со објавувањето на списокот на гласачи кои СДСМ ги прогласи за спорни, излегле на виделина сите лаги со кои аболицираниот Зоран Заев и неговите сопартијци со месеци ја манипулираа јавноста, и дека немало ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми, нити 200.000, туку само 40.000 гласачи, но и тие се спорни само за Заев и неговите сопартијци.„Со објавувањето на списокот на спорни гласачи, граѓаните видоа дека не постоела никаква објективна причина за бегањето на Заев од избори. Единствената причина поради која што Заев одбиваше да излезе на соочување на избори е чисто од психолошка природа. Заев има страв од македонскиот народ. Овој страв е огромен и оправдан“, рече Рангелова. ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани чие право на глас го спори СДСМ и Зоран Заев да ја искористат можноста и да се пријават во државната изборна комисија, подрачните единици или, пак, да ја искористат апликацијата која што им стои на располагање.ВМРО-ДПМНЕ ги повика и Гордан Георгиев, Лилјана Шекеринска, Ерол Ризаов и Мирјана Најчевска и сите останати кои што СДСМ инсистираше да бидат ставени на списокот на спорни гласачи, да ја искористат законската можност и да се регистрираат за да бидат впишани во Избирачкиот список и да можат секако да го искористат своето право на глас. „Доколку било кој граѓанин има каков било проблем или му е потребен совет во врска со регистрацијата, ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање“, рече Рангелова./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје: со метален капак од шахта повеќе пати го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил...

Европа4 часа

Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа...

Европа4 часа

Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа...

Европа4 часа

Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој...

Европа5 часа

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник; Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора...

Македонија7 часа

(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел...

Топ7 часа

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија8 часа

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет10 часа

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа10 часа

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет12 часа

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија12 часа

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ24 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет1 ден

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија1 ден

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија1 ден

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија1 ден

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија1 ден

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...