Политика
Ременски: Ние имаме политичка и тајна и јавна полиција
Можам слободно и најодговорно да кажам дека ние имаме политичка и тајна и јавна полиција, вели потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Можам слободно и најодговорно да кажам дека ние имаме политичка и тајна и јавна полиција, вели потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Како човек кој што предава на Факултетот за безбедност и ја раководи катедрата за полициски науки, анализирајќи ги материјалите коишто ги имаме и врз основа на водењето на оперативната акција Пуч, ние многу одамна немаме институции кои ќе се грижат за безбедноста на сите граѓани во Република Македонија. Можам слободно и најодговорно да кажам дека ние имаме политичка и тајна и јавна полиција“ вели Ременски.
Иако и покрај објавените снимени разговори и барањата на опозицијата Владата да си даде оставка, нема резултати Ременски вели дека Македонија не е остров и дека ниту опзиицијата,ниту власта, ниту само граѓаните одлучуваат што ќе се случува со Македонија.
„Можеби не е за очекување дека една политичка разврска со оставка на владата би го решила прашањето, меѓутоа сè повеќе доаѓаат сигналите и загриженоста на меѓународната заедница, во случајот со објавените разговори, содржината на објавените разговори, но и многу други елементи кои се прекршуваат а се дел од меѓународно-правни документи коишто Македонија ги има ратификувано и сето тоа имплицира еден притисок, не само кон власта, туку и кон опозицијата во делот на охрабрување да ги изнесеме сите аргументи коишто ги имаме, а се однесуваат на злоупотреба и криминал на носителите на јавни функции во овој случај на власта, меѓутоа и во делот на упатување на сериозни пораки власта сериозно да размисли дали ќе продолжи со ова темпо на однесување по сите сознанија кои ги изнесуваме. Кога велам Македонија не е остров, мислам на тоа дека ниту опозицијата, ниту власта, ниту само граѓаните одлучуваат што ќе се случува со Македонија. Затоа оваа порака е упатена повеќе до власта да размисли до кога ќе врши притисок кон институциите коишто реално се единствен излез во моментот или светла точка би биле доколку се појават и се охрабрат носители на функции во судската власта коишто ќе поведат една независна и објективна постапка во која ќе се утврди одговорноста на актерите во неа“ вели Ременски.
Таа вели дека имаат документација според која еден граѓанин има повеќе матични броеви.
„Нашите сознанија велат дека имаме случаи кога еден граѓанин има повеќе матични броеви, имаме документација за три матични броеви на еден граѓанин. Тоа е доволен предизвик за истражувачкото новинарство да ги открие. Фокус ја отвори приказната со лабораторија на пасоши, сè уште обвинителството ја вештачи автентичноста на снимката меѓутоа сè уште нема одговор на тие прашања“ додава Ременски./крај/рсе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.