Контакт

Политика

СДММ: Застрашувачки факти за младите во Македонија

Објавено пред

На Светскиот ден на младите, Социјалдемократската младина алармира за лошите, тешки услови со кои младите во Македонија се соочуваат секој ден и поради кои стравуваат за своето утре. 

dobivaj vesti na viber

 

Лошите, погрешни политики на оваа власт најсилно ги почувствуваа младите во Република Македонија, бидејќи 58 проценти од младите во Македонија се невработени и затоа заминуваат во странство со билет во еден правец, а бројката млади кои заминуваат расте буквално секој ден, велат од СДММ.

 

„Поразителен е фактот што нашата државата останува без млади луѓе, без својата иднина. Бројката од 250 илјади иселени млади од Република Македонија го вклучува алармот за црвена тревога. Средношколците се под притисок на екстерно тестирање. Власта, ментално и психички ги оптоварува младите со бесмислено тестирање кое не го валоризира ангажманот ниту на учениците ниту на професорите“, изјави Дарко Каевски од СДММ.

 

„Имаме Високи партиципации за студирање за кои нашите родители и последниот денар од својот џеб го даваат, некои дури и се задолжуваат, со верба дека нивните деца ќе изградат сигурна и безбедна иднина во нашата земја. Дури 75 проценти од младите сакаат да заминат од Македонија. Го прашуваме најповиканиот, Никола Груевски, чуму високите партиципации и задолжувањата кои мора да ги плаќаат нашите родители? За да не поздрават на аеродромите со авионска карта во рацете? Држава без младина е држава без иднина. Младите луѓе се витален дел и движечка сила во општеството“, порачуваат од СДММ.

 

„На светскиот ден на младите порачуваме: ние младите во Македонија сакаме добро образование, бараме шанса за пристојна работа без партиски уцени, бараме државата да почне да се грижи за нашата иднина, а не за нашето минато. Ние, младите од Македонија сакаме иднина дома, а не надвор“, заклучуваат од СДММ./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...

Македонија6 часа

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...

Македонија6 часа

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре...

Македонија7 часа

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија7 часа

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија11 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија12 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија12 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија12 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија13 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија14 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија15 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион16 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија17 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион17 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија1 ден

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија1 ден

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија1 ден

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија1 ден

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија1 ден

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...