Контакт

Политика

СДСМ бара итно повлекување на законите за основно и средно образование

Објавено пред

СДСМ бара од владата веднаш да ги повлече спорните измени на законите за средно и основно образование, рече во неделата на прес-конференција, генералниот секретар на најголемата опозициска партија, Оливер Спасовски, овенувајќи дека измените што според него власта сака да ги протурка во Собранието, по скратена постапка, „се неуставни, нечовечни, недемократски, ги кршат работничките права и меѓународните конвенции“.

dobivaj vesti na viber

„Со овој потег, власта покажа дека се плаши. Се плаши од незадоволството во образованието. Се плаши од разочараните наставници кои со години ги лажат со постојани ветувања кои остануваат на хартија. Власта се плаши од револтот кој го создаде нивната политика на хаос во образованието“ рече Спасовски.

Според него, како никогаш досега сите во образованието биле незадоволни и иритирани, од наставниците до родителите и учениците.

„Соочени со најавата за сериозен штрајк во образованието, власта реши да примени потег на очајник: да спречува легитимен штрајк и да праќа закани со заменик – наставници. Уставно загарантираното право на штрајк (член 38) претставува темел на основните работнички права“, појасни генералниот секретар на СДСМ.

Спасовски толкуваше дека според Уставот, со закон може да се ограничи правото на штрајк само кај вооружените сили, полицијата и органите на управата, па според него било јасно дека надвор од овие три сфери, како што е образованието, пропишувањето услови за ограничување на правото на штрајк е неуставно.

„Дополнително, преседанот што го турка власта со овие измени е спротивен и со меѓународните конвенции што Македонија ги има ратификувано. Конвенцијата 87 за слободно здружување, на Меѓународната организација на трудот, инаку дел од Обединетите нации, ја потврдува неможноста од ангажирање на ’привремени работници’“, објасни натаму Спасовски.

Истакна дека власта нема оправдување за ваквите мерки и повторно констатираше дека станува збор за обид да за „замолчување на оние што сакаат да кренат глас против последиците од политики“ на премиерот Груевски.

Спасовски притоа ги повика синдикатите „да дигнат глава и да се спротивстават на кршењето на Уставот и одземањето на клучното право, правото на штрајк“./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Фото) Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а 41 лице е...

Македонија4 часа

(Видео) Петрушевски: СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе

„СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира“, рече денеска...

Македонија5 часа

Завршува санацијата на главниот водовод, за неколку часа сите во Скопје ќе имаат нормално водоснабдување

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираа од ЈП „Водовод и...

Македонија6 часа

(Видео) Младеновска: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци, кажа денеска на прес конференција Рената Младеновска, членка...

Македонија7 часа

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето

Институт за јавно здравје издаде препораки во насока за тоа кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде...

Топ8 часа

Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември...

Македонија23 часа

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската...

Македонија1 ден

Вода за пиење за Клинички е обезбедена со донација, Таравари ќе се обиде да ги редуцира операциите закажани за утре

Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е подготвен за утрешниот прекин во водоснабдувањето во Скопје,...

Економија1 ден

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во...

Македонија1 ден

За Дурмиши, најголеми инспектори се граѓаните: Секое изигрување на цените пријавете го на бесплатниот број 191

Во првите шест дена откога стапи во сила новогодишната кошничка со 10 отсто поевтини цени на над 1.000 производи, нема...

Македонија1 ден

На Вања ѝ било пукано во главата додека клечела на колена, на лентата на нејзината уста најдена ДНК – Обвинителството изведе докази во судот

Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана, таа била жива, а трагите од кал...

Македонија1 ден

Погодена зграда во Киев, каде што се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. „Воедно, информираме...

Регион1 ден

(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми

Хеликоптер на брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник. Повредени се...

Регион1 ден

(Видео) Снимено како децата бегаат од училиштето во Загреб, каде што напаѓач со нож повреди неколку лица

Непознат напаѓач, наводно ученик, утрово со нож нападнал наставник и неколку ученици во основното училиште „Пречко“, а според пишувањата на...

Македонија1 ден

Два термоблока во РЕК „Битола“ утрово исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ „Битола 1“

Термоелектраната „Битола 2“, утрово, во 8.22 часот, поради активирана заштита, е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1.1.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови, кои имаат ознака...

Македонија1 ден

Дрин Ахмети нема да одговара кривично оти за петардите количината била мала, ќе плати глоба

Дрин Ахмети нема да одговара кривично за превезувањето на пиротехничките средства. Тој со себе носел седум петарди и 15 кутии...

Македонија1 ден

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците, најавуваат од Студентскиот отпор

Министерството за образование и наука и ЈСП „Скопје“ нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на...

Скопје1 ден

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје: Вработените имаат земено плата, нејасно е зошто синдикатот протестира

„Поврзано со политички мотивираниот протест денес пред јавното претпријатие Улици и патишта Скопје и Град Скопје, како што и беше...

Регион1 ден

(Видео) Лидерот на српската опозиција брутално истепан на улица, заврши во болница: „Крвнички го клоцаа“

Лидерот на српската Партија за слобода и правда, Драган Ѓилас е повреден во тепачка што избила синоќа во Белград откако...