Македонија
СДСМ ги усвои пратеничките листи
Со 597 гласови „за“, еден глас „против“ и 24 воздржани, 21-от Конгрес на опозициската СДСМ во неделата вечерта во скопскиот хотел „Алесандар Палас“ ги усвои кандидатските листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември.
Како што беше објавено претходно носители на листите се поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во првата изборна единица, а актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во втората изборна единица. Во третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски а четвртата изборна единица е резервирана за лидерот на СДСМ Зоран Заев. Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска ќе ја предводи петтата изборна единица а портпаролот на партијата Петре Шилегов ќе биде носител на шестата изборна единица.
Од непартиските имиња на кандидатските листи ќе се најдат граѓанските активисти Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефковска. На листите на СДСМ предвидени се и места за коалциските партнери на партијата.
Лидерот на социјалдемократите Зоран Заев рече дека „пресвртот во Македонија почнува денеска“, со тоа што партијата ги отворила широко вратите и дека успехот ќе бил во тоа што партијата созреала и прифатила да подаде рака и да прими подадена рака.
„Овие пратенички листи отвораат место за сите. Во нив не има од различни региони, од градови и села, од различни професии, од различни етнички заедници, од секаде, од секоја пора на општеството во кое живееме. Имаме шанса да создадеме блескав парламент во кој народот ќе има глас. Тој парламент ќе избере чесна и одговорна влада на народот, а таа влада ќе гарантира место за сите во нашата Република Маедонија“, истакна Заев.
Во меѓувреме попради незадоволство од предложените кандидати за пратеници, оставка од функцијата претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје поднесе Софија Куновска, која беше пратеничката во досегашниот состав на СДСМ. На листите не е ставен и досегашниот координатор на пратеничката група на партијата, Горан Сугаревски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

