Контакт

Политика

СДСМ ќе ги сопира градежните активности на Плаошник

Објавено пред

 
Опозициската СДСМ вети дека ако победи на предвремените парламентарни избори на 11 декември, ќе ги сопре, според нив криминалните градежни активности на месноста Плаошник во Охрид.
 

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

 

Опозициската СДСМ вети дека ако победи на предвремените парламентарни избори на 11 декември, ќе ги сопре, според нив криминалните градежни активности на месноста Плаошник во Охрид.

 

„Сите се згрозени од криминалното градење на Плаошник. Екологистите се згрозени од уништувањето на боровата шума која е природна атракција и туристички бисер на Охрид. Туристите се згрозени од забранетиот пристап и уништувањето на преубавиот поглед на Плаошник. Верниците се згрозени од сквернавењето на верските симболи. Архитектите се згрозени од бетонски чудовишта кои трајно го цементираат Плаошник. Археолозите се згрозени од уништувањето и засенувањето на вредните археолошки наоди. Експертите за културно наследство и УНЕСКО се згрозени од неподносливата леснотија со која се уништува постоечко и потенцијално културно наследство“, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Тој смета дека обврска им е да ги казнат политичарите кои ја уништуваат убавината и културата на Охрид со грозоморните градби на „Плаошник“.

„По 11 декември 2016, ќе ги стопираме сите криминални градежни активности на Плаошник, ќе ја обновиме уништената шума, ќе го зачуваме културното наследство, а Охрид ќе го вратиме на културната и туристичка мапа како светски културен центар на Словенската писменост“, додаде Алаѓозовски./крај/со/бб

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет4 часа

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...

Топ4 часа

Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево. Според информациите од...

Македонија6 часа

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Собранието ја одржа 39. седница, тематски посветена на статусот и правата...

Свет6 часа

Целосен пресврт – Трамп и се закани на Русија со остри мерки до мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз...

Македонија8 часа

Болните не треба да плаќаат паркинг, Таравари и Владата да ги заштитат граѓаните, а не приватникот, има решенија, вели Лазаревски, експертот за ЈПП

Договор во кој приватникот треба да изгради две монтажни катни гаражи и да одвојува еден отсто од годишниот приход за...

Економија10 часа

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три...

Македонија11 часа

Филков: Не смееме да дозволиме жртвите на кривични дела со насилство да останат без заштита, а насилниците да бидат неказнети

На третиот правосуден форум за родова рамноправност на Западен Балкан, министерот за правда, Игор Филков, порача дека нема напредок во...

Македонија11 часа

Продолжувањето на проектот „Скопје 2014” ќе биде поздравено од идејниот творец, кој е на печалба во Будимпешта, Жерновски за натстрешникот на МНР

„Не мора да се носат наочари за сонце бидејќи нè зафаќа сè поголема сенка. Токму овој потег е она што...

Македонија11 часа

Паркирањето на Клинички ќе биде 50 денари, што за Таравари е добра цена, но вели дека договорот не е потпишан и ќе поништи ако јавноста е против

Секогаш ми значи мислењето на јавноста, договорот со албанската компанија за паркингот на Клинички центар не е потпишан и може...

Македонија13 часа

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава....

Европа14 часа

Орбан: ЕУ нема пари, а планот за вооружување може да ја уништи Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го исмеа амбициозниот нов план на ЕУ за големи дополнителни трошоци за одбраната, предупредувајќи дека тоа...

Македонија14 часа

Утрово, најстудено во Берово, денеска максималната температура до 23 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -5 степени, -4 било во Битола, -3 во Струмица, -2 во...

Македонија14 часа

ДУИ: Првпат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ниеден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата

„За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата на Северна...

Македонија15 часа

Левицата: Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на Клинички

„Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот...

Свет15 часа

(Видео) Експлодира „Старшип“ на Маск, паѓаа делови, стопирани авионски летови

Вселенското летало Starship на SpaceX експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат...

Европа15 часа

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го обвини својот колега Владимир Путин дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил...

Свет16 часа

Трамп: „Ако НАТО не плати, нема да ги бранам“, Макрон му одговори

Доналд Трамп вчера ја доведе во прашање и посветеноста на САД кон НАТО и солидарноста на сојузничките земји во рамките...

Европа16 часа

(Видео) Европската ракета лансира шпионски сателит

Нова европска ракета Ariane 6 вчера успешно лансираше француски шпионски сателит на својата прва целосно оперативна мисија, означувајќи го враќањето...

Европа17 часа

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, од 27 земји, поддржани од 26

Лидерите на сите земји-членки, освен Унгарија, ја повторија својата силна поддршка за Украина и ја истакнаа потребата руската агресија да...