Контакт

Политика

СДСМ ќе овозможи отворање претпријатија за 1 евро

Објавено пред

Граѓани ќе можат да основаат свое претпријатие и со 1 евро почетен капитал, ќе добијат бесплатен простор, одржување, архива, сметководство, ќе се намали фирмарината, ветуваат од опозициската СДСМ, ако победат на предвремените парламентарни избори во декември.

dobivaj vesti na viber

„Јакнењето и развојот на малите бизниси е приоритет во економскиот план на СДСМ. Годишната државна поддршка за развојот на малите и средните претпријатија од сегашните 150 илјади евра ќе го подигнеме на 20 милиони евра, за до крајот на мандатот да изнесува 50 милиони евра годишно“, рече Драган Тевдовски од СДСМ, на средба со велешките дуќанџии.Појасни дека овие средства ќе бидат надополнети со надворешни кредитни линии, како на пример таа од Европската инвестициона банка и ќе бидат доделувани во еден цел заокружен систем на поддршка кој ќе вклучува од поддршка за започнување на бизнис, поддршка за отворање на работно место, поддршка за полесен пристап до финансии, потоа создавање на мрежи и кластери, поврзување на домашни со странски претпријатија. Исто така ќе има поддршка за извоз и иновации и пренос на технологии од странство.„За домашните фирми да се развиваат ќе ја ослободиме бизнис климата. Фирмите нема да бидат изложени на политички притисоци и да бидат заплашувани со казни. Државата навреме ќе ги плаќа своите обврски кон претпријатијата, а промената на законите ќе биде предвидлива и во договор со бизнис секторот. Ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата коишто имаат помалку од пет вработени“, рече Тевдовски. Вети дека отворањето на нови бизниси ќе биде поддржано од државата. Во сите поголеми општини, државата ќе обезбеди деловен простор за повеќе новоосновани фирми бесплатно, каде што државата ќе им ги покрива и трошоците за одржување, архива, сметководство и слично. Заинтересираните граѓани ќе можат да основаат свое претпријатие и со 1 евро почетен капитал, но овие претпријатија ќе бидат видно обележани. А, за подобро да се штитат правата на малите бизниси ќе се воведе кредитен правобранител, по урнек на земјите од Европската унија./крај/со/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ3 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија5 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ6 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија7 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија7 часа

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија7 часа

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија7 часа

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија9 часа

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...

Македонија10 часа

(Фото) Почна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев,...

Македонија10 часа

„Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го доставиме предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите“, велат од партијата Левица

„Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи...

Европа10 часа

Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес...

Европа11 часа

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но...

Европа12 часа

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион12 часа

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...

Регион12 часа

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на...

Македонија1 ден

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија1 ден

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија1 ден

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет1 ден

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...