Контакт

Политика

СДСМ ќе побара лимитирање на брзината на автомобилите во Скопје на 50 км/h

Објавено пред

Ограничување на брзината на движење на моторните возила на 50 км/h/ во главниот град, повеќе надземни премини, добри велосипедски патеки, се дел од мерките кои ги предлага опозициската СДСМ за зголемување на безбедноста во сообраќајот, по последниот случај на прегазено дете со велосипед, што се случи деновиве.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти Дамјан Манчевски,  координатор на советничка група на СДСМ на седницата на Градот Скопје ќе се дебатира по две точки по барање на СДСМ и опозициската коалиција. „Едната е информација за предвидените мерки на градот за унапредување на безбедноста во сообраќајот и втората точка е информација за предвидените градби на местото на сегашните бараки на Градот Скопје… Едниот од предлозите е да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 км на час, да се зголеми бројот на надземни пешачки премини, да се унапреди велосипедската инфраструктура, но и генерално да се подобри вертикалната и хоризонтална сообраќајна сигнализација `се со цел да не ни се случуваат немили настани како што се случи инцидентот пред два три дена со губењето на млад живот на улиците на Скопје“, рече Манчевски. Исто така, опозициската коалиција бара одговор за предвидените објекти на местото на сегашните објекти на градот Скопје, дали се знае што ќе се гради на местото на сегашните бараки, согласно одлуката во службен весник од 27-ми јули оваа година ова земјиште е прогласено од страна на Владата за земјиште од посебен интерес.„Но, согласно информациите на ова земјиште е предвиден објект за домување и деловен простор. Се поставува прашањето, од кога тоа посебен интерес на државата претставуваат станови и деловен простор?“, рече МанчевскиВо однос на другите поважни теми за коишто ќе се дискутира на Седницата на Советот, СДСМ и опозицијата целосно ќе се спротивстават на градење на улица на Кејот „13-ти ноември“, а многу важна тема иако навидум се работи за мала корекција во буџетот, сепак длабинската анализа покажува дека најголемите кратења се однесуваат на ставката изградба и реконструкција на улици./крај/со/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион1 час

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион1 час

(Фото/Видео) Просториите на СНС во Нови Сад се целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија16 часа

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија16 часа

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија16 часа

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија16 часа

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет17 часа

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ17 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија18 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија19 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа20 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија22 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија24 часа

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија1 ден

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион1 ден

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа1 ден

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет1 ден

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет1 ден

Каде ќе се одржи самитот Трамп – Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион1 ден

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...