Контакт

Политика

СДСМ: Македонија најлоша земја за живот во регионот

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Македонија стана земја во која тешко се живее, а тоа го потврди и Извештајот за човековиот развој на Обединетите нации зa 2015-та година на кој Македонија се наоѓа на 81-то место зад Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, велат од СДСМ.

 

„Со Груевски во Македонија нема живот затоа што над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија. Со Груевски во Македонија нема живот затоа што граѓаните се иселуваат масовно, 626.312 си заминаа од Македонија. Со Груевски во Македонија нема живот затоа што имаме најлошо здравство, и најлошо образование во земјите од регионот. Затоа граѓаните имаат шанса во недела да си го вратат животот во Македонија“, порачуваат од партијата.

 

„Граѓаните на Македонија имаат шанса да изберат повисоки плати, минимална од 16 илјади денари и просечна од 30 илјади денари за квалитетен животен стандард и спокоен живот, добро платени работни места од силно поддржани домашни претпријатија со 140 милиони евра, институции во служба на граѓаните, правда за сите и контрола над власта.  За живот во Македонија парите ќе се насочуваат кон граѓаните и власта ќе ја контролираат граѓаните! Граѓаните можат и ќе си го вратат животот во Македонија“, додаваат од СДСМ./крај/мф/бс

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Џип со странски таблички усмрти велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Шеесет и седумгодишен маж од Џепчиште, кој управувал велосипед, загина кога во него се забил џип со швајцарски регистерски ознаки...

Македонија2 часа

(Видео) Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии, истакна на денешната прес-конференција...

Македонија2 часа

Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната влада, ќе биде готов до Нова година. Денес,...

Македонија2 часа

Состојбата со издавање лични документи се стабилизира, управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска, беше во посета на Одделот за граѓански работи, каде што одржа работен состанок...

Топ4 часа

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за шверцување разна стока

Во текот на минатата седмица царинските службеници спречија повеќе обиди за шверцување разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Свет5 часа

Осуммина повредени од удар на гром, три деца се во животна опасност во Германија

Осум лица се повредени во удар на гром за време на силното невреме што вчера го погоди Делменхорст во Долна...

Македонија5 часа

Собранието ќе избира заменик-министри; „Влен“: Нашите кандидати се без дамка на корупција

Собранието, денеска, ќе ја одржи 11. седница, на која треба да бидат изгласани заменик-министрите во Владата за комплетирање на владиниот...

Македонија5 часа

(Видео) Активни пожарите на Серта и Огражден: гори во Кумановско, Велешко, Штипско, Битолско, Охридско

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека околу 12:00 часот започнат е пожар во атар на с.Алгуња, Маало Голиновци. Со пожарот е...

Македонија21 час

Таравари нема да се слика со акцелераторот во „8 Септември“ пред да се пушти во употреба, како што правеа Филипче и Сали

Најмалку шест месеци ќе требаат за да биде ставен во употреба акцелераторот во ГОБ „8 Септември“  за зрачна терапија на...

Македонија22 часа

Најголема плата во Владата зема Мицкоски – 2.280 евра, а најмалата министерска плата е 1.880 евра, објавени платите на премиерот и министрите

Владата ги објави платите на претседателот на Владата и на министрите. Највисока нето-плата зема претседателот на Владата, Христијан Мицкоски –...

Македонија1 ден

Таравари: Вработувања во здравството ќе има, но покачување плати, да бидам искрен, тешко до крајот на годинава

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе преговара со синдикатите за нивните барања за нови колективни договори во здравството, но она...

Македонија1 ден

Пандов: Затвореници влегуваат и излегуваат кога сакаат, седум години не е направена контрола

По моето назначување на функцијата, од повеќе страни дојдоа до мене информации дека во затворот „Скопје“ секојдневно отсуствуваат поголем број...

Македонија1 ден

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: уништени 8,7 тони небезбедна храна по спроведените вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и во Преспа

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули) спровеле вонредни заселени контроли...

Свет1 ден

„Тајм“ објави нова насловна по повлекувањето на Бајден, ѝ ја посвети на Камала

Магазинот „Тајм“ објави нова насловна страница по повлекувањето н Џо Бајден од трката за претседател на САД. Се чини дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и...

Свет1 ден

Зеленски: Ние сме му благодарни на Бајден и ја почитуваме неговата тешка, но силна одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува тешката, но силна одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да...

Македонија1 ден

СДСМ: Скапи билети и бизнис-класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

Според СДСМ, скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра...

Македонија1 ден

(Видео) Седум сѐ уште активни пожари во државата, во последното деноноќие имало 29, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се...

Свет1 ден

Захарова: Медиумите и политичките кругови ја криеја вистината за психичката состојба на Бајден

Истрагата за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ја криеја вистината за психичката состојба на претседателот на САД, Џо...

Свет1 ден

Трамп: Утре, расипаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека се откажа од трката

Во телефонски разговор со Си-ен-ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави своето излегување од трката во 2024 година,...