Контакт

Политика

СДСМ: Наместо Тркало на лудоста, ќе изградиме систем за заштита од поплави

Објавено пред

Ќе изградиме ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води, ќе ги уредиме сливните подрачја, ќе ги исчистиме речните корита и каналскиот систем и ќе го заштитиме Скопје од порои, ветија претставниците на најголемата опзоциска партија СДСМ во неделата критикувајќи го проектот за изградба на ткн Панорамско тркало во Скопје, каде што и на локално ниво на власт е ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Колку населени места беа изложени на опасност и на катастрофи од поплави исклучиво заради неодговорноста и неспособноста на Никола Груевски и Коце Трајановски. Стајковци, Црешево, Смиљковци, Страчинци, Инџиково, Илинден беа најпогодени заради негрижата на власта. И наместо да се свести, Груевски упорно продолжува да го гради Тркалото на лудоста од 19 милиони евра. Ако овие пари беа наменети за инфраструктурни објекти за заштита од поплава, оваа катастрофа немаше да ни се случи“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ . Покрај другите мерки кои ги наброја кои ќе ги преземе неговата партија кога ќе дојде на власт во поглед на заштитата на главниот град од временски непогоди, Манчевски најави и дека ќе биде санирана Скопската обиколница, за да не ги поплавувала куќите на жителите од Стајковци и другите населени места. „Ќе изградиме системи за атмосферска и фекална канализација кои ќе ги намалат ризиците од поплава. Процентот на рурални населени места покриени со атмосферска канализација од сегашните 18 отсто ќе го подигнеме на 40 отсто. Ќе го заштитиме Стајковско езеро од излевање“, појасни Манчевски.. Неговиот партиски колега, Љупчо Николовски, инаку член на Извршниот одбор на СДСМ во истата пригода пред новинарите на местото каде што е планирана градбата на Панормското тркало, го дополни со неколку други мерки за спречување природни катастрофи.

„Ќе воведеме забрана за изградба на објекти во коритото на Вардар и другите реки во Македонија. Нема да дозволиме ‘Галии’ и други пиратски градби кои го зголемуваат ризикот од поплави“, рече Николовски.. Тој вети дека неговата партија ќе изгради современ хидрометеоролошки систем за рано предупредување, за граѓаните во целата замја да бидат навремено информирани кога има ризик од поплава.

Најави и нови системи за наводнување и одводнување во сите подрачја со најголем ризик од поплава, со инвестиции од 10 милиони евра во вакви системи на годишно ниво.

„Ќе извршиме вистинско пошумување на соголената скопска Црна Гора и другите ризични планини, наместо да се сликаме за Денот на дрвото“, додаде Николовски уверувајќи дека со СДСМ „доаѓа време“ кога безбедноста, здравјето и сигурноста на секој човек ќе бидат приоритет во работата на институциите./крај/мф/ст

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија15 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија17 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија18 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија20 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија21 час

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура21 час

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија21 час

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет21 час

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија22 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет22 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет23 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа24 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет24 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет24 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија2 дена

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ2 дена

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...