Контакт

Политика

СДСМ: Податоците потекнуваат од УБК при МВР

Објавено пред

Покрај најавата дека јавноста ќе слушне дека нелегалните прислушувања се направени со опремата што ја поседува Управата за безбедност и контраразузнавање, јавноста во вторник од 27 `бомба` на опозицијата не слушна ништо освен како се носел Законот за следење на комуникациите.

dobivaj vesti na viber

Појаснувањето на лидерот на опозицијата Зоран Заев е дека постојат многу повеќе разговори кои го поддржуваат тоа тврдење, но дека поради личната природа на разговорите или граничната можност дали е законско или не нивното објавување, тие се доставени само до Јавното обвинителство.

 

„СДСМ располага со огромна документација сопственост на Македонија, со која се докажува дека во Македонија се организирало масовно прислушување. Постојат 100.000 разговори на 10.000 страници, 12.000 телефонски броеви на над 20.000 прислушувани граѓани. Денеска ќе слушнете дел од доказите кој следел и кој прислушувал и како го правел тоа. Материјалите ќе го потврдат она што го говориме од почеток дека податоците потекнуваат од УБК при МВР“, рече Заев на прес-конференција.

 

Потоа објасни дека имало два вида на евиденција изработена во ексел, каде под псевдоними се следени бројни функционери, а рече и дека во службите постоеле оперативци задолжени за следење на тие лица, преку, како што Мијалков, наводно, во една од прислушуваните снимки вели `суштествата`, што се однесува на опремата набавена од Израел, за која исто така, пред извесно време беа објавени прислушувани разговори.

 

Така, Зоран Заев бил следен под псевдоним ДС Зеко, Бранко Црвенковски е Крст, Миле Јанакиески – Тутин, Силвана Бонева  е Босил, Драган Павловиќ Латас е Талас, Владо Бучковски е НДС Буба.

 

Во графата опис, појасни Заев се наоѓаат адреси на сопственици и корисници на телефони, а некаде се државни телефони, но кои ги користи лице кое е таргет на прислушување.

 

Во тринаесетте разговори што во вторник ги објави опозицијата, се слуша машки глас наводно на портпаролот на МВР, Иво Котевски кој бара за некој пријател од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да најдат загубен телефон на неговата ќерка. Наводно Јанкулоска вели може, ако е вклучен „нека пријави ќе го лоцираме“.

 

Во неколку разговори, меѓу Јанкулоска, директорот на УБК, Сашо Мијалков, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и Митко Чавков, се договара, што да се попушти пред барањата на опозицијата за Законот за следење на комуникациите.

 

„Дека е во полн состав и без најава, а се носи…а они додаваат дека се носи одлуката со мнозинство гласови. Инаку они сега имаат право во претходниот член стои дека имаат право да контролираат, имаат пристап до…опремата и средствата за следење на комуникациите. МЧ: Така, Комисијата ја водат они. ГЈ: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш. И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат: Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку“.

 

Во наводен разговор меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанлулоска се вели: „Абе за ова што викаме за центаров, дали воопшто да го отвараме на 7-ми мај, ми е мене прашањето.

СМ: Е па, ај ќе видиме. Колку сте спремни… ГЈ: Знаеш зашто? СМ: Оти сакаат да дојдат и Израелциве. ГЈ: Не бе, за спремни мислам дека немаме проблем, него у контекст на другава работа, знаеш. Нели ние викаме, неаме снимки, неаме ова, неаме она, а промовираме таков Центар. СМ: Па добро, го отвараме после случкава, шо. До тогаш сме немале. ГЈ: А бе, до тогаш сме немале, него, суштинската разлика е дали нешто до тогаш ќе завршиме со убиствово. Ако завршиме е полн погодок, знаеш. СМ: Да, да, да.

ГЈ: Ама, ако не завршиме… СМ: Не, не, не. Тоа… ГЈ: Ај да видиме уште ден-два, па ќе се договориме, важи?“

 

Поточно, се доовара отворањето на Центарот за следење и контрола на сообраќајот, веднаш по убиството кај Смилковското Езеро, а Центарот е отворен во јуни.

 

„Јасно ли е зошто собраниската комисија не може да биде дел од разрешувањето на оваа криза… Босовите Груевски и Мијалков и по три месеци од обелоденувањето на аферата како крлежи се згрчени на фотељите“, рече Заев.

 

Тој најави голем марш во Скопје, но не прецизира на кој датум. Ги отфрли шпекулациите маршот во Скопје да се организира на 9 мај, туку рече ќе го утврдат заедно со граѓаните, но по објавувањето на снимки од прислушувани разговори за Смилковско езеро, Мартин Нешковски, името, Никола Младенов…/крај/со/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија6 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ8 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија8 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија9 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија10 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа11 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија12 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија12 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија13 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет13 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет13 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа14 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа14 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа14 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...