Контакт

Политика

СДСМ предложи зголемување на минималната плата на 11.000 денари

Објавено пред

Пратеничката група на СДСМ поднесе до Собранието предлог за измени на закон со коишто минимална плата би се зголемила на 11.000 денари и овој износ да важи за сите гранки.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Бараме тој износ веднаш да важи за вработените во текстилната, кожарската индустрија и во индустријата за производство на облека“, изјави во неделата, изјави пратеникот од редовите на СДСМ, Јован Митрески.

 

Истовремено СДСМ предлагожи и финансиска помош за фирмите со цел да не се доведе во прашање нивното работење и да не дојде до отпуштање вработени, туку да бидат отворени нови работни места. 

 

„Финансиската помош ќе ја чини државата помалку отколку што чини, на пример, Панорамското тркало, така што тука простор за оправдување или одбивање на предлогот од страна на власта нема’, речи Митрески.

 

Тој ги повикуваме здруженијата на граѓани, синдикати, комори и сите заинтересирани страни да земат активно учество во јавната дебата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика која ќе се одржи на 21.09.2015 година на тема потребата од зголемување на минималната плата и финансиската помош за фирмите. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Ковачки: Како на дете во ран детски развој, СДС му напишаа упатства на Ковачевски како да се однесува на говорница

Објавено пред

Како на дете во ран детски развој СДС му напишаа упатства како да се однесува на говорница, а потоа и сам призна дека е неспособен, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за вчерашниот говор на премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„ Ова е соопштение испратено од партијата со неговиот говор, од кое заборавиле да ги избришаат напатствијата кои му пишале во загради, како да се работи за дете во ран развој.

Дезертерот Ковачевски буквално мора да добие инструкции каде во салата седат неговите пратеници и на која страна треба да ја крене раката. Како да се работи за нов терен, кој што неспособниот Ковачевски не го познава и допрва треба да го осознае. Тој вчера од говорница и сам призна дека навистина е неспособен. Но избега да каже кога ќе си поднесе оставка.

Сега откако призна, а бега од оставка, треба да се утврди дали е способен да ја извршува функцијата премиер, со поведување на постапка за одземање на деловната способност. Само судска постапка ќе ги разјасни дилемите. А потоа Ковачевски веднаш ќе треба да си поднесе оставка.

Доколку пак постапката утврди дека е способен, тогаш се враќаме на почеток дека Ковачевски лажел и дијагнозата трајна неспособност, била всушност времена, но тој злоупотребил свои роднини началници во МО да добие дијагноза трајно неспособен за да не треба да оди во војска и да не треба да ја брани државата во 2001 година“ рече Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инает со Славески и не се тргаше од говорницата

Објавено пред

Театар се случува на седницата на Советот на Град Скопје. Претседавачот Трајко Славески ѝ се налути на градоначалничката Данела Арсовска додека таа го бранеше планот за вработување  на „Водовод и канализација“ за идната година и бараше да се одобрат вработувања на 120 лица. Откако советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ побара советниците да не даваат поддршка за планот, Арсовска од говорница го употреби изразот „рачиња во медот“ додека зборуваше за разрешениот директор Златко Перински. Тогаш во одбрана се вклучи Славески, кого Арсовска го нарече: „Талат Славески“.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи  предвид дека директорот по неговото стапување на функција ги раскина договорите на преку 100 лица во ЈП, сметам дека ваквата одлука како советници не треба да ја поддржиме, за да не го оптоваруваме со товар да се стави во искушение да вработи некого во ЈП во 2023 година“, кажа советникот Малиша Станковиќ.

Возврати и Арсовска.

„Многу чудно е како никој од вас не праша како успеал овој ваш директор на јавно претпријатие да вработи над 100 луѓе за два месеца, ама сега  овој новиов, кој исто така можеби е ваш поддржувач не можеме да знаеме, прејудицирате дека нешто ќе направи во иднина па не поддржувате работа на јавно претпријатие и негова програма. Немојте потоа да барате од овој човек резултати, ако не дозволувате да работи како што треба. Ќе барате одговорност ако вработи над 100 лица за два месеца, како што вработил оној претходно којшто го фативме со рачињата во медот. Тогаш се бара одговорност. Зошто не прашате како успеал, каде ги најде  овие 120 луѓе да ги вработи за два месеца? Како ги најде? Тој што ги пикнал внатре не им обезбедил решенија за работа бидејќи за тоа треба оглас да се пушти и треба да биде транспарентно. А тој си ги собрал од месни комитети за да земаат пари и пари, неброени пари таму и никого не известил за ништо“, кажа Арсовска.

На ова следуваше реакција од Славески, кој рече дека разрешениот директор на Водовод, Перински, не е медар. Советниците се смееја.

„Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а сè уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на ‘Водовод и канализација’ не е пчелар. И јас замолувам, доколку советот има некои докази за сторен престап, да се изнесат“, Трајко Славески, сите се смееја.

Градоначалничката на Скопје му врати.

„Минатиот пат кога бев на оваа говорница имаше преседан, кога за првпат претседател на Совет исклучил градоначалник од говорница. Морам да ви кажам дека ако сте провериле за директорот дека не е медар, тогаш соодветно сте требале да проверите дека и јас за разлика од вашиот шпицен градоначалник не сум хаусмајстор. Така што, ако зборувате за јавни навреди, кои ги пласирате по јавноста, внимавајте на вашиот личен интегритет и не зборувајте за другите луѓе. Ако барате нешто од другите, појдете од себеси и својот интегритет да го ставите, за  другите да  слушаат што говорите“.

Потоа, Славески се впушти и во одбрана на Мицкоски затоа што Арсовска го нарекува „шпицен градоначалник“.

„Минатата и оваа седница слушаме странски зборови кои јас не ги разбирам, овде има превод од македонски-албански и обратно, се користат германизми, србизми, фрази како ‘смањите доживљај’ и ве молам да се придржуваме на Деловникот за работа за тоа кои јазици можат да се користат во салата на Собрание на Град Скопје“, кажа Славески.

Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ѝ порача на Арсовска да се моли пред слика на Мицкоски.

„Во секоја реченица градоначалникот употребува погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше  да собере потписи, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беа ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржал кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори“, ѝ рече Андоновски.

Арсовска имаше одговор и на ова.

„Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, тој поддржал кандидат кој победи. Ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозвола да краде, лаже, манипулира – извинете тоа нема да се случи, ниту треба да услов за некој да му биле вечно благодарен. Тој што така пресметувал, се излажал. Величење на таква личност не треба да е во ничиј карактер. Цени народот и ве гледа“, рече Арсовска.

Трајковски ѝ го исклучуваше микрофонот на Арсовска, додека таа говореше за Мицкоски.

„Господине Талат Славески јас ве замолувам…“, рече Арсовска, по што претседавачот на Советот пак ѝ го исклучи микрофонот.

„Ова е лична навреда, ви одземам збор. Напуштете ја говорницата, јас имам име и презиме. Не правете сцени. Напуштете ја говорницата. Пауза од 20 минути“, рече Славески, по што ја запре седницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Објавено пред

Алијанса за Албанците понуди мерки за ублажување на состојбата во државата. Од партијата ја повикаа Владата навреме да реагира за доброто на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Мерките опѓафаат:

– сите основни, средни училишта, факултети, како и други образовни институции да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, а не на слободниот пазар или дури во најлош случај од снабдувачот во краен случај. Сите болници, здравствени установи и оние за социјална заштита и за стари лица, Алијанса за Албанците предлага да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, без разлика на критериумите кои се поставени да се снабдуваат на слободниот пазар или во најлош случај од снабдувачот во краен случај.

– Јавното осветлување на локалната самоуправа (општините), општинските и државните претпријатија во тешка финансиска состојба, исто така, да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга.

– јаслите, градинките, училишните и студентските домови, бидејќи спаѓаат во семејната категорија за наплата на потрошена електрична енергија, каде што сега се применуваат тарифни појаси (блокови), а истите наскоро ќе преминат во четвртиот опсег каде што цената е поскапа и од онаа што се применува за категоријата индустриски потрошувачи, Алијанса за Албанците бара за овие субјекти да се применат промени во сегашниот тарифен систем и да се одобри нова потрошувачка категорија каде што ќе се применува само еден тарифен опсег (блок) и цената да биде на разумни нивоа, поконкретно таа што е актуелна во второто ниво од категоријата семејни потрошувачи каде што цената е 8,06 денари (распределба + снабдување).

– за економските гиганти и големите компании, Алијанса за Албанците ја повикува Владата да го координира со овие субјекти работното време кога имаме вишок на струја, вишок кој не треба да се продава по јавни набавки, туку истото да им се понуди на овие субјекти по поповолни цени од оние што ги нудат енергетските оператори на либералниот пазар. Исто така да се разгледа и можноста за ставање во целосна ефикасност на сите енергетски постројки во земјава како и пуштање во употреба алтернативни постројки за производство на електрична енергија, со цел да се понуди дел од ова производство по разумни референтни цени на овие компании.

-како антикризна мерка предлагаат Владата да помогне со пакети со финансиска помош за сите органи во централната и локалната власт коишто се во тешка финансиска состојба, со цел за справување со оваа критична и неповолна состојба.

– и во текот на 2023 година за делот од ДДВ (данок на додадена вредност) за потрошувачите домаќинства за потрошената електрична енергија, Алијанса за Албанците предлага да продолжи да се применува повластената стапка од 5%, додека за категоријата индустриски потрошувачи да се овозможи намалување на мерка од сегашните 18% до оние од 10%.

– за стопанските и комерцијални субјекти кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, ` предлагаме на Владата на овие субјекти да им ја надомести вредноста на данокот на додадена вредност (ДДВ) извршен за оваа инвестиција.

– за семејните потрошувачи кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, Алијанса за Албанците ` предлага на Владата да ја надомести вредноста на банкарската камата (камата) за банкарскиот кредит добиен за оваа инвестиција, додека за оние семејни потрошувачи кои инвестирале во Фотоволтаични централи од нивните заштеди, Владата да им врати 18% од вредноста направена за оваа инвестиција.

„ Ја повикуваме Владата на РСМ, колку што е возможно поскоро, да ги земе предвид овие конкретни предлози со цел да се ублажат негативните ефекти и последиците со кои се соочуваат овие економски и социјални субјекти за време на оваа економска и енергетска криза. Во спротивно Владата ќе биде директно одговорна за секоја последица и нема да може да се крие зад светската криза и светските берзи“, изјави пратеничката Илире Даути на Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај,Блерим Беџети и чаирскиот огранок преводен...

Економија2 часа

СДСМ: Ново покачување на пензиите од 6,8 отсто за сите 330.000 пензионери

Грижата за граѓаните и политиките на Владата предводена од СДСМ доведоа до рекордно зголемување на пензиите. Околу 330.000 пензионери добија...

Свет3 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет3 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет3 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет3 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија3 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет16 часа

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија17 часа

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ18 часа

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија20 часа

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...

Македонија21 час

Жестоко препукување на директорот на ЈСП и советник на ВМРО-ДПМНЕ за автобуските линии

Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски, кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од...

Македонија21 час

Заменичката на Арсовска поднесе оставка, Град Скопје реагира дека ја ставила партијата пред скопјани

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази, која дојде од редовите на Алијансата за Албанците, поднесе оставка од функцијата. Абази образложи...

Македонија22 часа

Ковачки до Ковачевски: Македонија не се сака со затворени очи, не се брани под јорган

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ бара да се провери дали премиерот Димитар Ковачевски има деловна способност. Остана на ставот дека...

Македонија23 часа

Ковачевски до Ковачки: Не бев во војска поради абдоменален проблем, ти си кодош и дезертер

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2000 година. Тој смета...

Македонија23 часа

Македонија ќе добие четири милиони долари од продажбата на вилата на СФРЈ во Њујорк

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина,...

Македонија24 часа

Анкета: Општинските инспектори се жалат на недостиг на опрема и кадар за определени области

НВО Инфоцентарот заедно со партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, во јуни годинава,...

Регион1 ден

Апсења во Подгорица – со години работеле за руската разузнавачка служба

Неколку црногорски државјани се уапсени во Подгорица под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба, дознава „Вијести“ од повеќе извори....

Свет1 ден

Трамп: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат

Саботажата што ги оштети гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 може да доведе до ескалација или дури и...

Европа1 ден

Дали Путин би ризикувал да ги искористи своите подморници во предизвикување експлозии на „Северен тек“?

Три крајбрежни линии на рускиот гасовод Северен тек, кој ја снабдува Германија, претрпеа „невидена“ штета во понеделникот, што резултираше со...