Политика
СДСМ: Само со чист избирачки список може да има фер избори

Опозициската СДСМ смета дека потребни се фер и демократски избори, но само со прочистен избирачки список и со спроведена реформа на медиумската сфера.
Во однос на фрапантните бројки што се појавија во четврток, дека од вкрстените податоци за проверка на избирачкиот список, произлегло дека 500.000 гласачи се спорни, од СДСМ велат дека Државната изборна комисија е орган којшто ја има најголемата одговорност во Република Македонија да ја врати довербата на граѓаните во избирачкиот список, бидејќи само со чист избирачки список Република Македонија може да има фер и демократски избори што се основен предуслов за излез од тешката политичка криза.На прашањето дали СДСМ знае дали ќе има избори на 5 јуни, бидејќи германската амбасадорка денеска рече дека никој не знае дали ќе има избори тогаш, од СДСМ велат дека тие цело време инсистираат оти на Република Македонија и се потребни фер и демократски избори. „Фер и демократски избори можеме да имаме само ако биде спроведена реформа во медиумската сфера и ако биде прочистен избирачкиот список. Доколку тие услови се исполнат во најскор временски рок, не е проблем да се оди на избори“, рече портпаролот Петре Шилегов. За тоа дали ќе продолжат преговорите за медиумите, Шилегов вели дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија којашто не го прифати решението коешто беше понудено на маса од страна на Европската комисија. „Во колку ВМРО-ДПМНЕ денеска го прифати тоа барање, преговори за медиумите и нема потреба да има бидејќи се само тие коишто се противат на реформите. И денешната прес-конференција којашто ја одржавме кажува дека очигледно има длабоки не само политички, туку и поинаков тип на интереси на Никола Груевски и на таа една свита од педесетина луѓе околу него коишто не сакаат да имаме реформи во оваа сфера во државата“, додаде тој.Според него, одлуката на Уставниот суд всушност е потврда на ВМРО-ДПМНЕ дека ги краделе изборите во изминатиот период. ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка структура во Република Македонија којашто има политички интерес да биде донесена одлука за амнестија на изборниот криминал. По однос на ставот на Венецијанската комисија за законот за заштита на приватноста и забелешките, која препорача да се продолжи со објавување на прислушуваните разговори, Шилегов вели дека преодните одредби од законот за бомбите беше инсистирање на Социјалдемократскиот Сојуз бидејќи во тој период сметавме дека она што е јавен интерес на граѓаните на Република Македонија не може да биде предмет на необјавување. „Секој оној којшто е дел од јавниот политички живот, особено носител на високи државни функции мора да сноси одговорност за своето работење и баш заради наше инсистирање таа преодна и завршна одредба дека тој закон ќе стапи на сила откако ќе даде мислење Венецијанската комисија беше ставен во законот. Она мислење коешто го има дадено Венецијанската комисија во целост кореспондира со ставот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, а тоа е дека носителите на високи државни и политички функции во нашата држава ќе мора да сносат одговорност за своите дела, односно недела и кривични дела во изминатиот период“, рече Шилегов, кој додаде дека тие нема да продолжат со објавување на материјалите прво затоа што ги немаат повеќе, оти ги предале во специјалното обвинителство, а второ затоа што така е договорено во Пржино./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.