Контакт

Политика

СДСМ: Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип служи за интерес на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

За малверзации на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, за вработувањља по партиска линија, за инспекции во фирми кои не се `потчинуваат` на власта, како и мислењето за своите сопартијци, функционери, коалициски партнери и други, слушна јавноста од саботната опозициска `бомба`, пуштена од Штип  
 

dobivaj vesti na viber

За малверзации на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, за вработувањља по партиска линија, за инспекции во фирми кои не се `потчинуваат` на власта, како и мислењето за своите сопартијци, функционери, коалициски партнери и други, слушна јавноста од саботната опозициска `бомба`, пуштена од Штип  

 

„Првиот разговор е помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев, Ректор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Ќе слушнете како, за да се добие согласност за вработување во Универзитетот е доволно некој да се повика на Антонио Милошоски. Лично Милошоски крои план како негов човек прво да волонтира а потоа да биде вработен на Универзитетот.“, рече Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

 

Во наводниот разговор меѓу пратеничките Силвана Бонева и Надица Танчева – Тулиева, се слуша како се договара упис на Бонева на Универзитетот „Гоце Делчев“. Навдно гласот на Танчева Тлиева вели: „класичен упис ќе биде во август“, а Бонева нарачува „да ми земеш какви смерови, кога има испити“. Танчева –Тулиева потврдува :„Упис ќе направиме таму кај што се нашите професори“, а Бонева вели: „Ќе видиме кои испити ќе се признаат и дека ќе ме запишат, у која година ме запишуват врз основа на тоа… Срамота е веќе“.

 

Универзитетот во Штип се злоупотребува за интереси на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Милошев.

 

Во друг наводен разговор меѓу Бонева и Танчева, се слуша што мисли пратеничката на Штип, за поранешниот градоначалник на Штип, Зоранчо Алексов: „Поминав еден пекол…И овој лудако градоначалнико Алексов, многу имавме мака…“

 

„Во третиот разговор, помеѓу Ванчо Костадинов, актуелен заменик министер за земјоделие, тогашен директор на Централниот регистар, и Влатко Мијалков, директор на Царинската управа. Според Мијалков, поранешниот градоначалник на Штип, Алексов е „чуден човек“ па, како што вели, некои дури сметале дека и „со паметот не е малку“ во ред.“, рече Милошев

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеникот Александар Николовски за актуелниот градоначалник на Штип Илчо Захариев,  мислат дека е „бандит невиден“, а машкиот глас кој наводно му припажа на Јанакиески вели „не се кара таму, не е зајадлив, лизни-мазни“, затоа има највисок рејтинг од сите кандидати.

На денот на локалните избори 2013 година, Никола Груевски, преку секретарката бара сите да се извадат на гласање, согласно списоците, а таа бара и повратно да има, кој кого извадил.

 

Ванчо Костадинов е ангажиран и во Општина Центар, договара со Миле Јанакиески, пензионерите да се пратат во странство и да се задржат на граница. Да ги носат Грција или Србија, иако тој што го предлага да ја заврши работата, споре наводно Миле Јанакиески е „глуп“ и место другите, ќе ги однесе „нашите“.

 

„Следува разговор кој уште еднаш ја покажува поклопеноста на државниот систем. Како вработувањата се реализираат исклучиво по партиска линија и како прво се одредува список на имиња па потоа врз основа на тој список од „кадрова“ се распишува оглас за вработување“, рече Милошев. Во разговорот меѓу наводно Ванчо Костадинов и Влатко Чингоски тогашен директор на ЕЛЕМ, се слуша дека приватни фирми биле под жесток притисок на власта. Машкиот глас кој треба да му припаѓа на Чингоски вели:„ прво треба да се одберат луѓето, а  после се отвора конкурс“.

 

Во друг разговор се слуша како Јанакиески и Костадинов констатираат дека сопственикот на „Ваго петрол“ не сака да одработува за власта, а за да се смени неговата одлука Јанакиески дава налог да се информира пазарна инспекција и УЈП. Од друга страна со Влатко Мијлков се договара кои бизнисмени од Штип да бидат притиснати: „Мите „Нико петрол“ да го стегнеме, ама „Роби“ треба да го притегнеме“.

 

Во еден разговор се слуша министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска и минстерот за финансии Зоран Ставрески, што мислат за Никола  Тодоров, но и за здрваството воопшто. Дека Никола Тодоров направил најмногу стратешки грешки. Дека направил исти грешки и во образование, но немало време да ескалира, вели наводно Јанкулоска, која Тодоров го вика „лигња“, Тодоров. „Мајка ми ми вика, не е убаво ова… треба нешто да направите, мака имаат луѓето…“, се жали Јанкулоска на Ставрески, откако мајка и не завршила работа на лекар.

 

„Личните навреди и меѓусебната омраза биле секојдневие за министрите во владата на Груевски. Тоа го покажува нивното човечко и културно ниво, нивните вредности. Но, за граѓаните тоа нема суштинско значење. На виделина излегува целокупната нивна неспособност“, вели Милошев.

 

Ставрески и Јанкулоска, за Миле Јанакиески мислат дека е ѓубре невидено, полош од сите….

 

Во друг разговор се слуша како Бонева е на тапет затоа што заклучила дека ѕидот на стариот театар е крив и неквалитетно направен… За Лиле поповска од ДОМ, велат е „будало жениште“…

 

„Знаеш ли каква куќа градел.. две куќи градат земјиштето го зеле во име на Сашо… Пријавил дека станот го купил пред да дојде на власт, а го купил година и пол откако дошол на власт, „шупак“, се слуша во наводен разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески, за пратеникот и поранешен министер за надворешни Антонио Милошески. С

 

За вицепремиерот Владимир Пешевски сметаат дека е „супер друштво за кај Миленко“… „Сегде кај што треба работа – јас“, вели Јанкулоска, „Сегде кај шо треба за сликање  – хипо… а не знае која река тече во Куманово“, додава таа за Пешевски.

 

Парите од кредитите, со кои власта на Груевски ги задолжува граѓаните се злоупотребуваат пред избори, обвини СДСМ. „250 милиони евра од Светска банка, по втор пат ни даваат, а одлучено е да не го даваат два пати, гаранција се вика тоа, и идиотот (Пешевски) оди со изјава…“, вели наводно Ставрески. „Ова као уз пат го одговара, а ова  е бомба у јавноста…Многу злобно човечиште, лош, злобен и без воспитание….“, констатира наводно Јанкулоска

 

Јанкулоска и шефот на кабинет Мартин Протугер, за коалиционите партнери ДУИ велта „Го слушам Бујар (Османи), мислам копиле е, ВМРО не се заинтересирале за знамињата…“. „Ја и со Џеват и со Абдулаким зборев, и со Артан Груби другар ти“.„Тој па која гадура е … тој со тенкот е убав, тоа е се само не убаво… кој знае како изгледа ружно во неговите очи… убаво му е човек со шест прсти, мутант… сигурно има органи од овца, гадура, еј“, се смее наводно Јанкулоска.

 

Во еден од последните разговори се слуша колку е лоша финансиската состојба што и припадниците на полицијата сакаат да одат во Аганистан…

 

„Кај нас од специјална единица одат… факт е дека за три месеци 30.000 евра ќе заработи, ама не може така… ќе видиме кај ќе работи кога ќе се врати… Ѓоле (претседателот Ѓорге Иванов) ми се  јави, да иде тој од кај него од обезбедување, немал пари… потоа бараше и на два пати во иста година… па му кажав дека не може, не е законски… чекаше до другата година и пак отиде… толку тајни знае може да ги издаде… претседател е на држава… замисли медиумски да се дознае… ќе речат дури и тие што се највисоко им бегаат.

Тренирано говедо си го пуштил на обука и он ќе си отиде…“, се слуша во разговор меѓу наводно Јанкулоска и Ставрески.

 

На крајот на прес-коференцијата Милошев ги повика неговите сограѓани штипјани, во 18.30 часот на сенароден, протестен марш за враќање на слободата, демократијата, правото во Македонија/крај/мф/бб.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет10 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија10 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија12 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ13 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ13 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија15 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија15 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија16 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет17 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија17 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа20 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет20 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа20 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион20 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет21 час

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија21 час

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија2 дена

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...