Контакт

Политика

СДСМ: Урковци го криеле убиството на Нешкоски и од Јанкулоска

Објавено пред

Тогашниот шеф на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко и неговите соработници, два дена молчеле за деталите за убиството на Мартин Нешкоски на плоштад, ноќта по изборите на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, од полицаецот на должност Игор Спасов.

dobivaj vesti na viber

Ова беше обелоденето со 29 `бомба` на опозицијата, објавена во вторник, преку наводните разговори меѓу, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нејзиниот помошник, Иво Котевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер и премиерот Никола Груевски.

 

„Од аудио доказите ќе слушнете признание лично  од Сашо Мијалков  дека убиството на дваесет и едногодишниот Мартин Нешкоски го извршил Игор Спасов, полицаец на должност. а не физичкото лице Игор Спасов“, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Во разговорите се слуша, како за помошникот на Јанкулоска, Иво Котевски, новинарите се таленти, идиоти, што прашувале за убиено момче на плоштад, како се барале начини за убиството да не известуваат медиумите…

 

Во наводен разговор меѓу Јанкулоска и Котевски се слуша: „Велат дека Алфите убиле дете, а тој е починат, од смрт, нема траги од насилство, на плоштад…“, „Нека дојде нека даде изјава… денес е победнички…“

 

Во наводен разговор меѓу Јанкулоска и Протуѓер, тој бара да одговорат „за некое дете што било убиено на плоштад…“, „Одговоривме, нема такво нешто, од обдукцијата нема траги на насилство… не е ни пријавено… тој наркоман бил изгледа…“

 

Според описот од очевидци, убиецот е крупен, набилдан со тесна бела маичка и со тетоважа на раката, па Јанкулоска го прашува Котевски на кој ти личи дека е … додека од друга страна  Урко им кажува дека убиениот е најверојатно наркоман кој е апсен три пати…

 

„Од Сашо Мијалков ќе слушне признание дека полицаецот бил на должност кога го извршил делото…За Јанкулоска најарно било власта да ги со тера она што го правеле вчера, мислјќи на апсењето на Бошкоски. Урко и признава на Јанкулоска дека случајот се прикривал два дена“, го најави Заев следниот сет разговори.

 

Тој исто така, рече дека од разговорите многу битно е што се слуша признание дека во МВР постои паралелна безбедносна структура раководена од обезбедувањето на Груевски.

 

Наводно Мијалков на Јанкулоска и одобрува дека  слободно може да каже дека е расчистен случајот, дека  тој е припадник на алфите и бил на должност, го обезбедувал просторот, „го удрил незгодно и починал, некој џанкер е убиениот…“, а Јанкулоска бара „да се спомне дека имал нарушено здравје“, „џанкер, неџанкер, тоа е негова животна определба, но за тоа не треба да се убие“.

Во еден од разговорите меѓу наводно Јанкулоска  и Протуѓер, тој вели „Детево наш член било од Карпош…“. За да објасни Јанкулоска од кого наводно Спасов добил усна наредба да дојде на плоштад без униформа вели „на кого може усна наредба да му издадат урковци на единица чиј припадник не си… дошол малиов во Дом на АРМ, сакал да влезе, и после го видел тој, детево се сопнало и овој го утепал од ќотек. Љубе ни пропадна ради ова… уште некој јак ќе собереме… се нервирам што таму на некој малоумен не му текнува дека не можеш убиство да скриеш…“

 

„Два дена чекале да видат што да прават…. и јас му реков дека брза помош ќе викневме,… овој изјава дава дека не го тепал, а овој збумбарен не се препознава кој е… Тој Хитлер од кај вас, Урко ми кажа, дека не сакал да каже дека го пратил таму…“ што барал овој од  специјална таму…. Урко го викнал, што барал… дека приватно бил таму…. кажавме со усна наредба“.

 

Котевски ја информира Јанкулоска дека Спасов ја повлекол изјавата и не сака да попише, вели дека не е тој сторителот „од беља у беља, сега се прави овој на будала јас не сум… испаѓа дека сме лажеле ајде сам се пријавил…нели очевидциве викаа крупен, а не е крупен  Игор Спасов… дали има тетоважа… не ми текнува дали го видов на плоштад… единствено позитивно е што имаме кој е сторител и обезбеден е , ама ако немаме аргумент да го пријавиме, овие медиуми што нè бранат ќе немаат аргумент…прво рекол дека му паднало детето од раце… после го удрив, еднаш…не сака да потпише изјава… не е олеснителна околност што се пријавил, мора да останеш до него да му пружиш помош, немаме службена белешка… на кој му се пријавил, на старешина, ај од специјалците е не можеме да го кажеме…усна наредба, нема усна наредба без униформа… подобро да признае … да земама да го задевам… поарно подоцна да му средуваме, а не мајмуни да нè прави.. малиов крадел пијачки од шанк… многу е глупаво… не треба да го убиеш и да крадел…многу подобро ќе беше од СДСМ некој во МВР утепал член на ВМРО-ДПМНЕ“.

Според објавените прислушувани разговори се дознава дека Игор Спасов бил на должност во Куманово, каде требало да остане до 22 часот, а потоа му се јавил Урко, што и признал на Јанкулоска, да дојде на плоштад.

 

„Не само Јанкулоска, Протугер, Котевски, Мијалков туку и Груевски знаел сè за убиството… Груевски диктира како да заврши случајот, а дека обезбедувањето негово нема врска“, рече Заев.

 

Во наводен разговор со Груевски тој вели „ти категорично кажи дека не работи за обезбедувањето на премиерот, туку е од „тигрите“… не бил службено и приватно дејствувал…“

 

Одговорност мора да поднесе обезбедувањето на Груевски и лично Груевски. Не дозволувајте да бидете жртвени јагниња на Никола Груевски. Ве повикувам заедно да се избориме за слобода и демократија.

 

Полицаецот Игор Спасов беше осуден на 14 години затвор. Вистинска драма во судницата предизвика завршниот збор на обвинетиот Спасов. “Не сум убиец. Со чисто срце можам да кажам дека не сум убиецот на Мартин”. Тогаш реагираше мајката на починатото момче: ”Кажи кој е, кажи”, велеше таа, но Спасов не одговори.

 

„Ако ви треба обвинет тука сум стојам пред вас, но ако барате виновник не гледајте во мене”. /крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија8 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија10 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ13 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија15 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија15 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет17 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...