Контакт

Политика

СДСМ: Власта да дава отчет за што и како ги троши народните пари

Објавено пред

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата поднесе до Собранието измени на закон со коишто власта ќе се задолжи да дава отчет за што и како ги троши народните пари. 

dobivaj vesti na viber

 

 

Како што информираат од СДСМ, станува збор за измени и дополнување на Законот за буџетите, за што Комисијата за финасирање и буџет ќе отвори јавна расправа на 17 септември.

 

„Милиони евра пари на граѓаните изминативе девет години се потрошени во нетранспарентни постапки. Тоа овозможува злоупотреби, корупција и криминал со парите на граѓаните“, рече Марјанчо Николов, пратеник во Собранието од СДСМ.

 

Тој додаде дека со измените на законот бараат Министерството за финансии на својата Веб страница да објавува месечни извештаи за трошењата во сите министерства, агенции и фондови.

 

„Бараме Министерството за финансии на својата Веб страница месечно да објавува и список на сите физички и правни лица по министерствата, фондовите, агенциите, на кои им биле извршени исплати од Буџетот, со податоци за датумот, износот и основот. Ова не се однесува на лицата кои редовно добиваат буџетски пари, како пензионерите и корисниците на постојана социјална помош“, рече Николов.

 

Од опозициската партија предлагаат вакви извештаи и списоци да доставуваат и сите јавни претпријатија и трговски друштва во државна или доминантно државна сопственост.

 

„Бараме Владата до Собранието да доставува квартални извештаи за извршувањето на Буџетот од тековната година. Сега нема никакви извештаи. Министерството за финансии доставува до Владата полугодишни извештаи, што не се доставуваат до Собранието“, рече Николов. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ5 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет6 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет8 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија8 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија10 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ11 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија13 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ14 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија15 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија15 часа

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија16 часа

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија16 часа

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија17 часа

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...

Македонија18 часа

(Фото) Почна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев,...

Македонија19 часа

„Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го доставиме предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите“, велат од партијата Левица

„Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи...

Европа19 часа

Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес...

Европа19 часа

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но...

Европа20 часа

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион21 час

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...