Контакт

Политика

СДСМ: Власта се пазарела за името со Грција

Објавено пред

Челникот на СДСМ, Зоран Заев, во саботата ден пред одржувањето на најавениот голем опозициски митинг со кој се бара оставка на Владата, презентираше нови снимки од прислушувани телефонски разговори, за коишто тврди дека премиерот Никола Груевски и неговите најблиски соработници лажно се претставувале како патриоти и со цврст став во поглед на преговорите со Грција околу името на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Дојде време јавноста во Република Македонија да ја дознае вистината за лагата врз којашто Никола Груевски го изгради митот за неговиот виртуелен патриотизам. Тој лицемерен патриотизам на Груевски што одзеде 9 години од иднината на Република Македонија и ги зароби една деценија граѓаните во ужасна и мачна бесперспективност, додека фамилијата боговски се сместила по рајските земји“, рече Заев

Потоа во седиштето на социјалдемократите беше презентиран материјал во кој премиерот Груевски меѓу другото вели „Сакаа компромис, ние рековме дека не можеме да се пазариме со уставното име). „Цел култ разви овој човек врз овој став, нели? Но, друга е реалноста“, рече Заев според кој ова бил моментот на „големата вистина“ тврдејќи дека Груевски „Се пазарел почитувани граѓани и тоа како се пазарел Никола Груевски со уставното име на Република Македонија“.

„Ова што ќе го слушнете не се информации од преговарачкиот процес што се води под покровителство на Обединетите нации. Ова се конкретни и јасни докази за класични UDNERGROUND, подземни пазарења во коишто е инволвиран Никола Груевски, со underground посредници од негова доверба во Македонија и посредници од негова доверба од нашиот јужен сосед Грција“, толкуваше лидерот на СДСМ.

Според него, „сите шпекулации биле точни, и кога излегоа информациите дека се водат преговори, тајни преговори без знаење на граѓаните во Македонија, за што предупредувавме, и кога се пишуваше за тајни преговори што се одвиваат надвор од процесот доверен под покровителство на Обединетите нации“.

„Тогаш кога Никола Груевски обвинуваше дека платеници, соросоиди заговараат промена на уставното име на Република Македонија. Е тогаш навистина се правеле пазари. Но тие пазари ги правела власта. И тоа, денеска почитувани граѓани, ќе слушнете и кој биле вистинските преговарачи за промена на името на државата“, појасни Заев кој истакна дека тоа не биле официјалните преговарачи на Македонија во Обединетите нации, актуелниот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, или тогашниот македонски амбасадор во САД, Зоран Јолевски, ниту тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.

„Не бил директно дури ни Никола Груевски. Никола Груевски слушал. За уставното име на Република Македонија под маса, во тајни простории, со познатиот бизнис партнер од Грција на Никола Груевски, човекот кој ја преговараше продажбата на рафинеријата ОКТА, по сите информации заштитениот сведок на власта, кој го местеше Љубе Бошкоски дека наводно го продавал името на државата“, рече уште Заев.

Заев тврди дека преговарачи биле извесен Емануел Малелис познат како Маноли, и досегашниот шеф на Управата за јавна безбедност, Сашо Мијалков.

„Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, босот во Македонија на криминалните и паравоени структури кои дејствуваат за цели на Никола Груевски, замислете се пазарел за уставното име на Република Македонија, со грчкиот партнер, посредникот за тајни преговори Маноли“, обвини Заев.

Тој толкуваше дека од аудио доказите што ги презентираше станува јасно дека Никола Груевски „лажел кога тврдел дека не се пазари за уставното име на земјава“. „Се пазарел. Не е точно дека не разговарал за идентитетските прашања. Разговарал и ги договарал. И не само што Груевски и Мијалков го правеле сево ова, туку го правеле заткулисно. Затоа во разговорот со којшто ќе почнеме ќе слушнете како преговарачот на хартија, Зоран Јолевски му признава на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски дека медијаторот Нимиц чувствува дека е исклучен од процесот“, рече.

Заев потсети и на еден поранешен напис во дневниот весник е Дневник, при што цитираше: „Во паралелниот преговарачки процес, кој е целосно развиен во тајност, како што објави грчкиот весник Македонија, грчката страна ја претставува А.Р, советник на грчкиот премиер, кој му дава инструкции на посредникот М.М, Грк кој живее и работи во Скопје. Од македонска страна, како претставници на Груевски, според изворите на грчкиот весник, во разговорите учествуваат двајцата браќа, едниот вработен во Царина, а другиот е шеф на тајната полиција“.

Челникот на СДСМ потоа рече дека истата информација поконкретно ја пренесе српскиот весник Блиц и повторно цитираше: „Скопски медиуми наведуваат дека претставници на грчката страна се поранешниот директор на македонската рафинерија ОКТА, бизнисменот Емануел Малелис Маноли и Алекс Рондос, близок соработник на премиерот Јоргос Папандреу. Во преговорите од македонската страна, вклучени се браќата Мијалкови, Сашо Мијалков, директор на тајната служба и Влатко Мијалков, советник на директорот на Царина, инаку блиски роднини на премиерот на Македонија, Никола Груевски“.

„Кога излегоа овие информации, авторка на текстот во весникот Дневник беше подоцнежната уредничка во порталот на Мијалков, Телеграф, која не пренесе коментар од власта на Груевски, но пренесе официјална реакција од грчка страна во којашто се негираат преговори под маса, надвор од процесот во ОН. Портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас ги одрекол овие информации изјавувајќи дека постои еден преговарачки процес за името под покровителство на Обединетите нации“, заклучи Заев

Пред да емитува разговор, како што рече, меѓу Антонио Милошоски, Никола Груевски и Сашо Мијалков, Заев рече дека „во разговорот, за уставното име на Република Македонија се зборува буквално како на пазар. Да биде со загради, да биде и со додавки, да биде не со една, туку со две придавки, што ќе ја задоволи грчката страна, Независна, Вардарска, Суверена, Горна, Северна… со еден збор, се договара име посложено и од референцата ФИРОМ, со којашто се потсмеваше власта на Груевски, а со којашто Македонија стана дел од Обединетите нации“.

„Се уверивте ли сега кој се пазарел со името на Македонија? Тоа не е никој друг, туку наводно, најголемиот патриот во Македонија, лажниот лик Никола Груевски. Слушнавте од разговорот дека Груевски мисли дека е ризично да ја протне кај граѓаните референцата Горна. Но откако Мијалков одлучил да биде Горна, тоа станува и официјален предлог. Еве погледнете го тој документ, предлог на Медијаторот Нимиц: Горна Република Македонија“, рече Заев.

Потоа најави дека од следната снимка „ќе ви стане јасно дека не е точно дека Груевски не влегол во разговор за идентитетските прашања. Влегол. Барал да се решат преку Резолуција“.

Откако го емитуваше телефонскиот разговор, според негово тврдење, меѓу Јолевски со Милошоски, Заев појасни дека „подоцна и во еден од предлозите на Нимиц како референца за националноста се наведува терминот граѓани на Горна Република Македонија, или македонски граѓанин. Во последниот разговор за денеска лично од Груевски ќе слушнете дека братучедската двојка, тој и Сашо Мијалков прифатиле грчки предлог. Ова и го признава Груевски на Силвана Бонева“, вели Заев по што емитуваше снимка означена како разговор меѓу Груевски – Бонева

„Сега што правиме Никола Груевски?“, праша Заев. „Кој е лицемерниот? Дали е фер позицијата на Социлајдемократскиот сојуз, граѓаните да го знаат ставот на партијата или твоето лицемерие, на сите полиња, па и на полето на патриотизмот, на коешто си ја отрул Македонија, а и нејзините граѓани“.

Заев порача дека објавувањето на денешните снимки имало цел да се отвори подобра перспектива за Република Македонија.

„Затоа, да престанат лагите, да го прекинеме лицемерието, да го прекинеме насилието на една тесна група на чело со Груевски којашто буквално се што правела, правела за лични интереси и на 17-ти мај, во недела, утре, да му порачаме на Никола Груевски, да замине и никогаш повеќе да не се појави на политичката сцена и пред граѓаните на Република Македонија“, рече на крајот претседателот на СДСМ./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет2 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет2 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија2 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа2 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија10 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет14 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет15 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет23 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет23 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет23 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет23 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет24 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...