Контакт

Политика

СДСМ: Зад фирмата СГС стои Мијалков

Објавено пред

Во 28 `бомба` на опозицијата, објавена во четврток од Кавадарци, беа пуштени наводно прислушувани снимки од разговори кои , според опозицијата докажуваат дека фирмата СГС е на директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој наместил тендери во висина од 15 милиони евра за фирмата, а вработувал и 1.100 граѓани.

dobivaj vesti na viber

„Се сеќавате дека уште во 2014 година СДСМ објави дека зад агенцијата за обезбедување Секјурити груп сервисис, или накратко СГС, стои директорот на УБК Сашо Мијалков? Се сеќавате дека и власта на Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ негираа дека Мијалков стои зад оваа фирма?Епа денеска јавноста ќе ја слушне вистината: братучедот на Никола Груевски, директор на УБК, Сашо Мијалков, стои зад фирмата СГС којашто добива милионски тендери од институции, министерства, општини, јавни претпријатија, раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.

 

Тој рече дека оваа компанија, за период од само три години, успеала да склучи договори вредни 15 милиони евра.

 

Во првиот разговор, помеѓу наводно Сашо Мијалков и Слободан Николовски-Цобе, еден од клучните луѓе во Агенцијата, се отркива дека Мијалков ги обезбедува тендерите за СГС, а Мијалков го информира Николовски дека го контактирал Зоран Коњановски, тогаш на позиција заменик-министер за одбрана, за да му достави на Николовски тендерска документација за, како што вели Мијалков „да се спреми стратегија“.

 

„Ќе слушнете како Николовски го информира Мијалков дека бројот на вработените во СГС достигнал над 930 луѓе на што Мијалков вели „чекај, уште да го завшриме ова со Ти-мобајл и ќе одиме до 1.100“. Дополнително, Мијалков вели дека ќе го контактира Жарко Луковски, извршниот директор на Т-мобиле за Македонија, инаку кумашин на Мијалков, за како што самиот вели „да види до каде е таа работа“.“, рече Ѓорѓиев.

 

Наводно Мијалков вели „Таман тоа нема да биде на…Тоа ќе биде или на следната или на последната седница, ќе се овај, одобрува тендерската документација и врз основа на тоа се почиња постапка, т.е се отвара тендерска постапка. … СН: Па ништо, еве работиме. Сега малце годишни одмори, луѓето ги пуштаме на годишни одмори, таа е законска обврска. Така да направивме над 920-930 луѓе сме сега. СМ: Аха, добро е. СН: Голема бројка, добро е. Сега е добро, па ќе видиме, здравје. И така.  СМ: Чекај, ова да го завршиме, уште Т-Мобиле и па више доаѓаш до 1.100.  СН: Т-Мобиле и ЕЛЕМ, над 1.200 ќе бидат. Па ќе видиме, здравје само. СМ: ЕЛЕМ со Дејан.СН: Да, да, да. Не, постапката и таму веќе, кај и да е, ќе биде. Има тендер, све таму. И таму е…за почеток 50 луѓе таму, па после ќе видиме. Зошто тие имаат нели нивни…“

 

„Во четвртиот разговор од овој сет Мијалков и Николовски-Цобе договараат средба на којашто треба да го информира за трошоците на СГС. Во истиот разговор, Мијалков потврдува дека и неговите пријатели од мобилниот оператор Албафон треба да склучат договор со СГС. За да се реализира оваа зделка потребни се измени во договорот со Телеком. Мијалков вели дека ќе зборува со Жарко Луковски дали може тоа да се промени договорот со Т-мобиле за СГС да може да го склучи и овој договор“, појасни Ѓорѓиев.

Од опозицијата објавија и разговор меѓу Муса Џафери од ДУИ кој регира дека во агенцијата СГС има вработено лица, членови на ДПА. Мијалков вели сите ќе бидат ДУИ ако треба,“ само дајте ми ги имињата и ќе бидат трганти“.

 

„Следниот разговор, помеѓу Мијалков и Николовски-Цобе потврдува дека агенцијата СГС треба да обезбеди вработувања за коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, а ДУИ пак да обезбеди гласови за ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е голем интерес партиски“ вели Мијаков“, појасни Ѓорѓиев.

 

Мијалков наводно договарал прием на бизнисмени од една соседна држава, во неговата канцеларија, во УБК, се грижел за имиџот на СГС во јавноста па интервенирал кај Дејан Митровски-Урко од обезбедувањето на Груевски, за текст објавен во неделникот Фокус.

„СМ: А бе, вчера немав време да ти се јавам. Тоа во Фокус, виде ли таму што пишуе бе…ДМ: Ајде бе, не ни читам. СМ: Знаеш ли сега што направија твоите глупости. Гледаш ли сега? ДМ: Е што направив бе шеф? СМ: Е, што направи. Како што направи? Напраи затоа што таму у почеток збореше. Вака ќе правам, така ќе правам, по луѓе збориш. Доаѓа до ушите на СДС. ДМ: А, што сум зборел, вака ќе праам, така ќе праам? СМ: Ги напаѓам тие СГС, ќе видат, ќе ова, ќе она…Е од таму се тие муабети, да знаеш.  ДМ: Нема врска, не држи вода. Некој ти го кажал ова. Никогаш не сум спомнал за СГС, поготово и од тоа се тргам, нити планирам, нити сакам контра тебе ја во некој поглед да бидам. Ова е глупо што некој го збори и го мисли, мене ме мести цело време. А, цело време масло е на Верче и на Рамче. Што е ова. СМ: Ова е срамота бе. ДМ: Срам е да. Ама, ќе дојде време кога ќе им виси на главите и на Рамче и на Верче. Од нив е ова се, нема од кој. Јас не сум те спомнал нити тебе, нити Агенцијата, баш те подржавав.СМ: Не, ова е од СДС. Како доаѓа до СДС, тоа е друга работа. ДМ: Јас за тебе ќе зборам? А бе ти, шо сакаш дослушај, у куќа да ми отвориш мене канцеларија некоја, ќе ја поддржам од тебе дека. Зошто не ми веруваш ти мене? Јас ќе зборам за СГС. Јас не сум политичар, ти си тој. Твоја проценка. Ти што ќе процениш јас тоа ќе поддржам. Кога јас сум се контрал со тебе“, оди разговорот меѓу наводно Мијалков и Урко./крај/со/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија6 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија8 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ11 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија13 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија13 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет15 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...