Контакт

Политика

СДСМ:Субвенција од 20 отсто за енергетска изолација на објекти за секој граѓанин

Објавено пред

Новата влада ќе го субвенционира секој граѓанин којшто ќе реши енергетски да го изолира својот станбен објект. Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена, најави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

dobivaj vesti na viber

„Придобивките од субвенциите за енергетска изолација се повеќекратни: 70 проценти заштеда на енергија во објектите или три пати помала сметка за струја, доколку се греете на струја! Со тоа ќе се намали и увозот на електрична енергија. Ќе се зголеми обемот на работа за фирмите што произведуваат изолациски материјали и на оние што вршат монтажа на истите. Тоа директно ќе поттикне отворање на нови работни места, со повисоки плати. Ќе се влијае и на намалување на загаденоста на воздухот. Власта на обвинетиот Груевски, парите на граѓаните ги трошеше на криминални проекти за барокни фасади, како што е оваа тука, коишто од задната страна воопшто не ги изолираше. Од задната страна фасадите на зградите беа оставени да се распаѓаат. По декември доаѓа одговорна власт којашто нема да ги фрла парите на граѓаните на раскош и луксуз, туку ќе ги следи нивните реални потреби“, изјави Манчевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Видео) Најмалку 15 загинати во стампедо на аџилак во Индија

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуски аџилак, во Прајаграџ, северна Индија, во неделата вечерта, објави...

Свет29 минути

(Видео) Снимено уривањето на моќниот американски авион Ф-35 на Алјаска

Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира...

Свет40 минути

Првиот гостин на Трамп во Белата куќа: Нетанјаху оди во САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вчера...

Свет11 часа

Путин: Ако Западот престане да финансира, Владата на Украина ќе падне за еден месец

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека суверенитетот на Украина е „речиси на нула“ и дека владата во Киев „ќе...

Македонија16 часа

Мицкоски го поддржа бојкотот на маркетите: Од почеток зборувам за поединци во овој бизнис, кои шпекулативно сакаат да профитираат

Најавите за бојкот на маркетите кај нас в петок, по примерот на бојкотот на маркетите во Хрватска и Црна Гора,...

Македонија17 часа

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија

За 40 до 60 пациенти во моментот недостигаат лекови на Онкологија. Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски,...

Регион20 часа

(Видео) Српскиот премиер даде оставка: Апсолутно сè е планирано од странство, не се сомневам во тоа

На денешната вонредна прес-конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. „Почитувани граѓани, кога на крајот на април минатата година го...

Македонија21 час

Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи по примерот на Хрватска...

Македонија21 час

Кумановец почина од Ковид

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа...

Македонија22 часа

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац. Во оваа...

Македонија22 часа

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за...

Европа22 часа

Русија објави учебник во кој тврди дека била принудена да ја нападне Украина

Вчера, во Москва беше претставен нов школски учебник, кој ја споредува војната на Русија во Украина со советската борба против...

Свет23 часа

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп: името на Мексиканскиот Залив се менува на мапата

„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата...

Свет24 часа

Трамп: Не сум 100 отсто сигурен дека не смеам да се кандидирам за трет мандат

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не...

Свет1 ден

Милијардер потврден како министер за финансии на Трамп, го поддржаа и многу демократи

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии давајќи му на милијардерот и менаџер на хеџ фондовите централна...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: објавени снимки од блокадата

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад,...

Македонија1 ден

(Видео) Македонските Евреи се дел од нашиот идентитет, рече Давкова и повика на организирани посети на Треблинка

Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше...

Свет2 дена

Шефот на НАТО: Два проценти од БДП за одбраната беа поставени пред 10 години, тоа веќе не е доволно

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика земјите-членки на НАТО да трошат повеќе за одбрана од сегашната цел...

Македонија2 дена

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за...

Македонија2 дена

Отворено писмо од гимназиски професори: Со отстранувањето на философијата во македонското образование стануваме периферија

Гимназиски професори по философија, логика и етика реагираат по повод Концепцијата за гимназиско образование, истакнувајќи дека радикално и категорично ja...