Контакт

Политика

Седници на три собраниски комисии

Објавено пред

Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и за труд и социјална политика.

Презентацијата на Програмата и приоритетите за работа на Италијанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2014 година е на дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања.

 

Програмата пред члeновите на Комисијата ќе ја претстави амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино-Белели.

 

Комисијата за труд и социјална политика е со единствена точка на дневиот ред односно пред членовите на комисијата ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во прво читање.

 

Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, пак, ќе го разгледуваат извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик./крај/мф/ап

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров е соучесник на Заев во мафијашката власт

Објавено пред

Никола Димитров освен што го погази достоинството на народот и на Македонија е директен заштитник на криминалот. Затоа Македонија со Димитров и Заев нема европска иднина. Димитров половина година знаел за случајот Рекет и за криминалните шеми, но молчел, а видовме и зошто. Сведоштвото говори дека рекетираните пари завршувале кај Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Димитров молчел и за тргувањето со правдата, но и за „трас трас“ одлуките со кои селективно биле уништувани судски постапки за одредени случаи. Со ваква правда на Заевски начин нема Европа. Со ваква правда Македонија ја претворија во најкорумпирана држава во која владее мафијата. Секој оној кој што е неистомисленик на мафијашката власт или добива политички монтиран процес или му ја палат колата со амин на Заеви.

Димитров е соучесник на Заев во уништувањето на Македонија.

Димитров, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Богојески: Македонски концепт се залага за 6 часовен работен ден за работниците во Македонија

Објавено пред

Лидерот на Македонски концепт Петар Богојески заедно со носителката на изборна листа за ИЕ2, проф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска денеска ги посетија производствените погони на „Чик Куманово“ со што официјално го завршија караванот на Македонски концепт низ републиката. Богојески од Куманово изјави дека е неопходна заштита на домашното производство, овозможување на еднакви пазарни услови, но и воведување на услови за работа според стандардите во ЕУ. Единствена мерка која може да помогне за зголемување на процентот на ефикасност и продуктивност во сите гранки во индустријата во Македонија е намалување на работното време скалесто, почнувајќи прво на 7, за подоцна да се сведе на 6 работни часови.

„ Со оваа мерка од една страна ќе им овозможиме на работниците повеќе време да потрошат на семејството, а од друга страна да бидат попродуктивни и да придонесат за поголем развој на компаниите во кои работат. Во исто време ќе бараме и драстично зголемување на квалитетот на условите за работа и почитување на работничките права како што налагаат ЕУ стандардите. Овие политики се дел од нашата стратегија за поддршка на домашното производство кое е сериозно занемарено од политиките во последните 30 години”, вели Богојески.

Средбата со стопанствениците и вработените даваат едноставна слика за состојбата и причините поради кои македонското производство не може да порасне и не може да дојде до финален производ. Причина за тоа е нелојалната конкуренција наметната од земјите кои се надвор од Европската унија и сивата економија во земјава. Увозот на странски производи го уништува македонското стопанство, а со тоа и можноста за развој и поставување на вистински стандарди за вработените во оваа индустрија. Денес Куманово го потврдува токму тоа, дека традиционалните индустрии како што се чевларската, кожарската и текстилната индустрија се на маргините на нашето општество. Погрешните економски политики не ја заштитуваат домашната индустрија и домашното производство.

„ Денес имавме можност да се сретнеме и разговараме со вистински мајстори во чевларската индустрија, како и вработени кај кои постои невиден ентузијазам, искуство, енергија за да се изборат за вистинското место и да го направат пристојно место за работење на многу граѓани во Македонија. Тие не само што ги познаваат многу солидно европските стандарди, напротив, при либерализацијата на пазарот можат да се носат соодветно со европските партнери и да бидат конкурентни и напредни на европскиот пазар”, потенцираше проф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска.

Мора да ставиме ред на ова нередие во кое живееме цели 30 години. Традиницоналните индустрии во Македонија мора да добијат соодветни поддржувачки политики за да можат конкурентно да се носат со европските производители од овие индустрии. Гласот за Македонски концепт и бројот 10 е глас за овие промени кои можеме да ги донесеме само заедно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Да си ја сочуваме државата од режимот кој се грапчи да дојде на власт

Објавено пред

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски денеска е на средби со жители во скопската општина Гази Баба.

„Ние сме на потег, да си ја сочуваме сигурноста и да продолжиме со развојна економија и напред. Само 3 години после режим, успеавме државата да ја направиме членка на НАТО. Мандатот за напред го бараме за да ја реализираме и втората државна стратешка цел што е отпочната – преговорите со ЕУ. Решававме стратешки прашања и ја покренавме економијата со повисоки плати, пензии, социјалана помош, финансиска поддршка за младите. Новиот мандат го бараме за уште повеќе пари кај граѓаните, нови покачувања на платите, пензиите, приходите кај граѓаните, по сите основи, со новата развојна економија. Но мора да си ја сочуваме државата од режимот кој гледате се грапчи да дојде на власт. Тие не ставаат во ќесите на луѓето, тие им вадат, дури и на сила, тие знаат да ставаат само во свои џебови. А тоа што владеат монструозно, со закани и по живот, да не зборуваме. Да не си ја пуштиме државата и сигурноста по вода, да излеземе и да гласаме на 15 јули, повика Спасовски.

„Времињата се специфични, но гласањето е безбедно. Мора да излеземе на гласање како што мора да одиме во продавница и на пазар. Зошто одиме? Затоа што не можеме без храна. Е па не можеме и без институции. Кој ќе носи одлуки за да се сочува јавното здравје – режимот? Кој ќе носи одлуки за домашни платежни картички и поддршка на семејните буџети и бизнисите – режимот? Обновен режим е голема опасност. Не им е грижа ни за здравје, ни за државни интереси, ни за егзистенцијата на луѓето. Само да го обноват режимот за да крадат во дестабилизација. Голема опасност е тоа. Никаква обнова нема, само Груевски е обновен во Мицкоски. Да си излеземе на гласање, донесени се сите заштитни протоколи и да си продолжиме по правиот пат зашто сигурноста на нашите деца и на нашата држава е во прашање. Гласаме за број 3 на 15 јули, за Сигурност и ќе има и повеќе и подобро за сите граѓани“, порача Спасовски на средбите во Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ22 минути

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион38 минути

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија54 минути

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 час

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија6 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија6 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија6 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија7 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија7 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија7 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион18 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет20 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион22 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија24 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет1 ден

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Досие