Контакт

Политика

Шекеринска со Бутикофер за актуелните случувања во Македонија

Објавено пред

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска оствари средба со Рејнард Бутикофер, член на Евроспкиот Парламент од Европската партија на зелените, а на средбата беше разговарано за актуелните случувања во Република Македонија, изборите закажани за 11-ти декември и евроатлантските интеграции и аспирации на Македонија.
 

dobivaj vesti na viber

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска оствари средба со Рејнард Бутикофер, член на Евроспкиот Парламент од Европската партија на зелените, а на средбата беше разговарано за актуелните случувања во Република Македонија, изборите закажани за 11-ти декември и евроатлантските интеграции и аспирации на Македонија.

 

„Како политичари, имаме тенденција сите избори да ги прогласуваме за клучни. Но, Македонија овој пат навистина е доведена до ситуација да се бори за враќање на основните демократски вредности“, рече Радмила Шекеринска. „Избориве пред нас ќе бидат пред се за конкретни решенија, а не за висока политика. Ние имаме решенија на најгорливите проблеми на граѓаните, како што е невработеноста и лошо платените работни места, пропаднатото здравство и несоодветното образование.“

„Отсекогаш сме имале консензус за евроатлантските интеграции во државава како нешто корисно и неопходно. Но, во последните 10 години, гледаме дека Владата, иако начелно за влез во ЕУ, не направи ништо конкретно за да го постигне тоа. Иако декларативно се уште се залага, не презема ништо за да станеме дел од ЕУ“, посочи Шекеринска.

Ставовите и пристапот на Европската Унија кон Македонија беше една од клучните теми на состанокот. И покрај сите случувања, поддршката за влез во ЕУ останува на високо ниво според сите анкети, а Шекеринска потенцираше дека визијата на СДСМ е да ја види Македонија како дел од Европската Унија./крај/со/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени во споредба со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите...

Економија3 часа

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании...

Свет3 часа

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари...

Македонија4 часа

Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу бргу на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, и седум дена по скандалот во Собранието, е на ставот дека не погрешила и нема...

Македонија4 часа

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го...

Свет5 часа

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија5 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија6 часа

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...

Македонија7 часа

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет7 часа

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде што воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа8 часа

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа9 часа

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет9 часа

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет9 часа

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет10 часа

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „американото“ стана „канадијано“

Во незапаметено прикажување на националното единство Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет20 часа

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет21 час

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ22 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија23 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија1 ден

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...