Контакт

Политика

Шекеринска: Имаме План за здравство кое лекува

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

„Денеска сме во Кичево каде што граѓаните се соочуваат со истите проблеми како и низ цела Македонија. Еден од нив се катастрофалните услови во здравството. Болницата во Кичево е во таква катастрофална состојба. Нема лифт, нема греење по ходниците, болницата е во недоизградена зграда, нема услови и нема опрема во делот на интензивната нега, детската грижа се уште е лоцирана зедно со лабараторијата во стара барака, медицинскиот персонал недостасува, и граѓаните се соочуваат со слабо присуство и на лекови“, изјави во средата носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 5, Радмила Шекеринска за време на посетата на Кичево.

 

„Ова е исто за сите кичевчани без разлика на тоа каде припаѓаат етнички, верски или партиски. Овој проблем е проблем заради тоа што Груевски не се интересира за проблемите на граѓаните. Единстевното нешто што го интересираше во последниве 10 години беше неговиот џеб, неговите сметки и зачувување на власта. Време е ова да се промени, имаме План за живот во Македонија којшто ќе обезбеди здравство кое лекува. Уште во првите шест месеци, за 15 отсто ќе ја зголемиме платата на целиот медицински персонал, а до крајот на мандатот, двојно ќе ги зголемиме платите на сите којшто работат во здравството“, рече Шекеринска.

 

„На тој начин Македонија ќе ги сочува и своите лекари, и своите медицински сестри, сите оние чија првенствена задача е да не лекуваат и да ни обезбедат здравствена заштита.  Во нашиот План за живот во Македонија обезбедуваме бесплатно болничко лекување за сите граѓани во нашата држава. Имаме план којшто ќе значи подобар живот во нашата држава. Имаме план за живот во Македонија, и по 11-ти декември, заедно ќе го реализираме“, порача таа./крај/мф/бс

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Левица: Уапсени моќници со дрога, блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет11 минути

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет32 минути

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост е полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод кој пловел под знаме на Либерија и е во сопственост на Грција е полесно повреден во...

Македонија42 минути

ЦУК: 2 699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два се уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија59 минути

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија10 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија11 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија12 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет13 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија13 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија14 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија15 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија17 часа

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ21 час

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...

Свет21 час

Подготвени сме на било каква акција во Либан, рече израелскиот министер по заканите на Хезболах

Израел е подготвен за секаква акција што може да биде потребна во Газа, Либан и дополнителни области, изјави израелскиот министер...

Македонија21 час

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада...

Свет1 ден

Романската воена база наскоро ќе стане најголема НАТО база во Европа: „Зголемено е американското присуство“

Воздухопловната база Михаи Когалничану во Романија се подготвува да стане најголемата воздухопловна база на НАТО во Европа, поголема од Рамштајн...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил рано утринава, по...

Македонија1 ден

Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен...