Контакт

Политика

Шилегов: Груевски преку Панчевски го опструира изборниот процес

Објавено пред

ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немајќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес, изјави во вторник портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

dobivaj vesti na viber

„Согласно Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат Уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени на казна затвор од најмалку шест месеци. Кандидатите од листите на СДСМ кои денес поднесоа Барање за издавање на Уверение за неосудуваност од Основниот суд Скопје 1 Скопје им е закажано подигнување на Уверенијата на 15ти ноември 2016-та година!
Рокот за поднесување на кандидатските листи е до 11 ноември 2016-та!
Ваквото однесување на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон рушење на Изборниот процес“, порача Шилегов.

Според него, искуството од претходните избори покажува дека овие потврди се издаваат во истиот ден на поднесувањето, и тоа во рок од еден час

„За овој проблем, денес од страна на СДСМ се известени Државната изборна комисија и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија! Исто така се обративме писмено и до претседателот до Основниот Суд Скопје 1 во Скопје. Никола ти порачуваме, фер, слободни и демократски избори мора да има и ќе има. Во тоа нема да ти помогнат ниту слепите послушници кои станаа дел од твоето злосторничко здружување“, истакна Шилегов. /крај/со/ст

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија10 часа

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...

Македонија11 часа

Муцунски на средбата со бугарскиот колега ја отвори темата за македонското малцинство и нивните права

Прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и потребата од спроведување на одлуките...

Топ14 часа

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари. Од нив шест се...

Македонија15 часа

Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски

Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе...

Свет16 часа

Зеленски од Минхен: Путин планира напади врз други земји, на Европа и’ се потребни вооружени сили

Европските лидери треба да почнат да создаваат европска армија како одговор на военото засилување на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир...

Топ18 часа

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд. Според информациите на албанските медиуми,  до...

Македонија18 часа

СДСМ: Цените пораснаа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците...

Македонија19 часа

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на...

Македонија19 часа

Извештајот на „Транспаренси“ докажува дека е потребна итна смена на oбвинителот Коцевски, смета ВМРО-ДПМНЕ

Извештајот на „Транспаренси“ е доказ за тоа дека е потребна итна смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Свет20 часа

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита...

Македонија2 дена

Во една удрил гром, во друга нема клима, половина од државните станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати

Половина од 22-те државните мерни станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати во ек на најголемо загадување на...

Македонија2 дена

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против седум лица за кривично дело...

Македонија2 дена

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, уверува ВМРО-ДПМНЕ

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија2 дена

Министерството за правда со допис до Владата со предлог за разрешување на државниот јавен обвинител

Министерството за правда соопшти дека постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде...

Македонија2 дена

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од албанскиот блок, велат од Левицата

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република. На наследниците...

Македонија2 дена

Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20 отсто и ако има и други етнички прашања што досега се ставаа под тепих, вели Таравари

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, е подготвен не само за грбот туку во...

Топ2 дена

Возило излета од патот во Македонска Каменица: тешко повреден возачот

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по...

Македонија2 дена

Вработените во Филхармонијата со писмо до Мицкоски: Директор се избира легитимно на конкурс и треба да биде со најдобра програма и професионални квалификации

Вработените во Македонската филхармонија преку писмо се обратија до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, по повод...

Свет2 дена

Орбан ја исмеа Каја Калас; Дипломат на ЕУ: Американците носат хаос

Европските лидери почнаа да ги прилагодуваат своите политики на новата реалност без американска заштита – и во исто време почнаа...