Контакт

Политика

Шилегов: Институции во служба на граѓаните и бесплатно болничко лекување за сите

Објавено пред

Ќе ги вратиме назад институциите во рацете на граѓаните, институциите мора да бидат сервис на нашите потреби, на нашите услуги. Мора да добиваме брза, квалитетна услуга и да го добиваме она што ни следи согласно Законот. Независно од тоа на која партија, народ или вера припаѓаме како граѓани. Сите сме еднакви и исти пред законот, рече во четвртокот во Тетово на Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 6.

dobivaj vesti na viber

„Се наоѓаме во Тетово, денеска со тетовчани го споделуваме нашиот План за живот во Македонија. Овде во Тетово разговараме за нефункционалните институции, партизираните институции, институциите коишто не се веќе сервис на граѓаните туку ги задоволуваат исклучиво партиските потреби на владејачката врхушка“, порача Шилегов.
Вети дека во земјата ќе владеат правото, луѓето своите права ќе ги остваруваат во една нормална, европска постапка и процедура.

„Разговараме за проблемите во здравствениот систем. Луѓето овдека, иако секојдневно секој од нас плаќа во здравствениот фонд, едноставно не ги добиваме потребните услуги. Дури и кога се работи за здравјето“, рече Шилегов.

Рече дека тоа конкретно се однесувало на тетовската болница, каде што според него пациентите со себе носат и перници и чаршафи и ќебиња, си купуваат сами инфузии, си купуваат дури и ханзапласт и завои, а пред да влезат во болницата им бил баран аванс за да ги платат болничките денови.

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз по 11-ти декември ќе ја укине партиципацијата во болничкото лекување. Секој мора да добие во Македонија бесплатна здравствена услуга. Секој кому му е потребна здравствена нега мора да ја добие“, порача Шилегов./крај/мф

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во...

Македонија6 часа

Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД

Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој...

Македонија10 часа

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...

Свет13 часа

Песков: Путин лично му даде азил на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми. Портпаролот на Кремљ Дмитриј...

Свет13 часа

Хеликоптерска несреќа во Турција: 6 лица загинаа, повреден припадник на вооружените сили на Босна и Херцеговина

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека шест членови на екипажот загинале при пад на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен...

Свет13 часа

Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во...

Македонија15 часа

Градоначалникот на Прилеп со 5 директори фатени во криминал со превозот на ученици, тврди Лукароска

„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обелоденува нов случај за незаконско работење на избрани...

Топ15 часа

(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од...

Регион16 часа

Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска....

Скопје17 часа

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали, па организираат протест пред Уставен суд за да не завршат во друг суд

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС...

Свет18 часа

На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

На јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол му е забрането да ја напушти земјата, бидејќи опозициските политичари ја обвинуваат Партијата на народна...

Свет18 часа

Уапсен патник откако се обидел да го пренасочи авионот од Мексико во САД

Мексиканските власти и авиокомпанијата „Воларис“ објавија дека 31-годишен маж е уапсен во неделата наутро за наводен обид да пренасочи комерцијален...

Свет18 часа

Земјотрес регистриран во Словенија

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна...

Свет18 часа

Во протестите во Тбилиси 150 полицајци повредени, а околу 400 демонстранти беа приведени

Над 150 полицајци се повредени за време на протестите на приврзаниците на опозицијата во Грузија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни...

Свет18 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југозападниот дел на Ел Салвадор

Серија земјотреси ја погодија централноамериканската држава Ел Салвадор, од кои најсилниот земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала,...

Топ1 ден

Најдени три починати лица во куќа во Неготинско која се користела како импровизиран верски објект, меѓу нив 14-годишно дете

Четиринаесетгодишно дете и уште две возрасни лица биле најдени починати во неготинското село Црвени Брегови. Обвинител изврши увид на лице место,...

Свет1 ден

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската...

Македонија1 ден

(Видео) ДУИ пред Уставен: „Ќе останеме тука до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците“

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до...