Политика
Шилегов: Новата партиска зграда е споменик на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ
Оваа зграда, тврдина, како што ја нарече Груевски вчера, е споменик над спомениците на криминалите и криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, обвини во неделата портпаролот на опозицискиот СДСМ, Петре Шилегов, ден откако премиерот и челник на владејачката партија по повод 25 години од основањето на партијата го инаугурираше новиот партиски штаб кој го носи името на првиот претседател на историскто ВМРО, др Христо Татарчев.
„Додека Македонија тоне во сиромаштија, додека 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден, за оваа грамада од камен, замислениот султан Груевски, според достапните пресметки, употребил меѓу 15 и 30 милиони евра“, рече Шилегов од пред зграда на ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа портпаролот на СДСМ потсети на прислушуваните наводни телефонски разговори кои измиантиот период ги објави неговиот партисчки челник Зоран Заев, и ја обвини власта за измени во деталните урбанистички планови, и „милионски“ парцели на Водно, и обвини дека за новото партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, приграбена јавни површини. Шилегов изнесе детални податоци за зградата дека имала корисната површина до 12.240 квадратни метри, над десетици пати повеќе од поранешната ткн Жолта зграда, и оти тоа е сторено за сметка на јавното зеленило и пешачкиот простор. Зголемена била при градбата и височината на планираниот објектот, од 25 на 29 метри, дополни портпаролт на најголемата опозициска партија. „Ако се тргне од тоа дека во општина Центар просечната цена на квадратот е над 1.200 евра, тоа значи дека за новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се дадени околу 15 милиони евра! Ако одиме по логиката на чинење на новоизградените згради од Скопје 2014 коишто чинат и по 3.000 евра за м2, тогаш зградата чини и над 35 милиони евра! Од каде?“, запраша Шилегов. Според него финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011 година покажал финансиска дупка на партијата од 3.500.000 евра, и посочи дека Груевски никогаш не објасни како ја пополни. Притоа презентираше документ што го доставила ВМРО-ДПМНЕ до државниот ревизор, за донации во 2013 година од кои појасни дека било евидентно дека владејачката партијата имала донации од 200.000 евра, што според него „далеку до 15 милиони евра и уште подалеку до 35 милиони евра“.
„Тоа значи дека се во игра кешови и црни пари со коишто ВМРО-ДПМНЕ рекетира, уценува, за коишто исто така и зборувавме и слушнавме во некои од снимките од прислушувањето. Ова сомневање го поткрепува и Ревизорскиот извештај од 2013 година што го објавивме, во којшто е ‘изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ’, како и за усогласеноста на финансиските трансакции на ВМРО-ДПМНЕ со законите. Да не се навраќаме уште поназад за парите во кеш што ги примала лично Јанкулоска како генерален секретар на партијата и од каде се почетоците на криминалната империја на Груевски и неговите помошници.Груевски вчера од ова место призна немоќ да се справи со вистината и се обиде да го инволвира народот во неговото нечесно владеење. Никола Груевски се обиде да им се закани на граѓаните, со самите нив. Одлучил да побара интервенција од народот“, рече уште Шилегов и порача дека „граѓаните бараат одговорност“ од премиерот и неговите соработници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.