Контакт

Политика

Собранието го прифати предлогот за именување заменици – министри во Владата

Објавено пред

Со 71 глас „за“ и еден „против“, во четвртокот Собранието на Република Македонија го прифати предлогот за именување заменици министри во Владата и ги избра 15-те предложени кандидати, од кои девет веќе ја извршувале оваа функција а другите шест првпат добиваат мандат.

Премиерот Никола Груевски во образложение истакна дека се работи за лица кои се подготвени да го вложат своето знаење и искуство во спроведувањето на владината програма.

 

„Се работи за луѓе кои, верувам, ќе ја оправдаат довербата на функцијата заменик-министер. Најголем дел од нив се искусни во дејноста и имаат управувачко раководно искуство. Сите се подготвени да го вложат својот максимум, знаење, креативни капацитети и искуство, и да помогнат во спроведувањето на програмата на Владата. Мислам дека со својот капацитет, зрелост и искуство, ќе дадат сериозен придонес во спроведувањето на програмата на Владата“, нагласи Груевски.

 

За заменик-министер во Министерството за одбрана е назначен Арбен Љабеништа, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковски и  за надворешни работи Драгана Кипријановска.

 

Функција заменик-министер во Министерството за финансии ќе ја извршува Ардијан Џељадини, во Министерството за економија Христијан Делев и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

 

Како заменик-министер за здравство е избран Јовица Андовски, заменик-министер за образование ќе биде Спиро Ристовски, за труд Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска, заменик-министер за транспорт и врски Ниметула Хаљими и за заменик-министер за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека се работи за спој на младост и искуство и изрази надеж дека новите заменици-министри ќе имаат добра соработка со пратеничките групи.

 

Собранието на почетокот на  седницата во четвртокот го верификуваше и мандатот на пратеникот Калтрина Азизи./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Објавено пред

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436 или на [email protected]

Денеска почна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и в среда, 15 јули 2020, од 7 до 21 часот.

„Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

Објавено пред

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

Поради состојбата со Ковид-19, за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

На гласање на 15 јули сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.

Молкот ќе заврши в среда во 21 часот кога ќе се затворат гласачките места.

Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Тие го селат капиталот, ама им порачувам дека ќе одговара секој кој се огрешил

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од завршниот собир на партијата за овие предвремени парламентарни избори на 15 јули порача дека противникот, СДСМ, паѓа затоа што лажеше. Мицкоски рече дека гласот за Игор Јанушев во ИЕ 3 е и глас за Македонија, а овие избори се крстосница на која одлучуваме за нашата иднина, за Македонија.

„Ова не е обична кампања, ова се избори за тоа каква Македонија сакаме да имаме, друга татковина немаме. А тие имаат, си го селат капиталот затоа ќе им порачам нема компромиси со правдата. Пред законот ќе одговара секој што се огрешил“, рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ по 16 јули ќе изгради силна држава во која власта ќе работи за народот, најави дека следат промени кои ќе донесат обнова.

„Сега што имаме? Имаме трас-трас судски одлуки, не е живот кога првите луѓе од власта прават рекет, ова е битка на правдата против неправдата. На овие избори ве молам добро да размислите, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е за подобро утре и обнова. Од вашата одлука зависи дали ќе заминат тие кои ве разочарале. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат со истото. Нема идеална влада, но ви давам збор ќе работиме. Коцкање е кога му давате шанса на оној кој ве разочарал, не верувајте на нивната пропаганда да зборат за минатото, со тоа сакаат да избегаат од нивните грешки“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев и СДСМ остануваат во минатото и се осврна на она што следи.

„Денес е надојден Вардар ги носи сите злодела, корупцијата… Многу луѓе ни приоѓаат, а јас сакам да кажам дека вратите се отворени на ВМРО-ДПМНЕ за сите. По победата мора да си ја обновиме земјата, не смееме да се помириме со просечноста. Се обврзувам пред вас на обнова која ќе донесе повеќе пристоен живот, повисоки плати, повисоки пензии, ќе донесе време во кое земјоделците ќе имаат достоинството, пред бизнисмените се обврзувам дека ќе има услови за бизнис, ветувам општество во кое ќе има право и правда. Не смееме да дозволиме криминалците да поминат неказнети“, рече Мицкоски.

Тој испрати порака до оние кои се разочарани од политичарите дека не се сите исти.

„Ние сме различни, а ова е последна шанса за спас на Македонија. Да го сопреме губењето на Македонија, затоа гласајте за Македонија, гласајте за број 14. Сега е важно да се слушне вашиот глас. Овој период на кампањата беше моја борба за сите, за Македонија. По 16 јули продолжувам да се борам за Македонија“, порача на крајот во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија3 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија3 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија4 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ7 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија7 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија7 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија9 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија9 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет9 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа9 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион10 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија21 час

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија23 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија23 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие