Контакт

Политика

Собранискиот спикер Вељаноски ги распиша изборите

Објавено пред

Во согласност со уставните и законските одредби, како претседател на Собранието на Република Македонија го потпишав решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11-ти декември оваа година, изјави во вторникот собранискиот спикер Трајко Вељаноски.
 

dobivaj vesti na viber

Во согласност со уставните и законските одредби, како претседател на Собранието на Република Македонија го потпишав решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11-ти декември оваа година, изјави во вторникот собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

 

„Со овој чин, а во согласност со правилата на претставничката демократија, мандатот повторно му го враќаме назад на народот кој, впрочем е единствениот, врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава“, порача Вељаноски.

Собранискиот спикер додаде дека Македонија сега ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии за кој верува дека ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11-ти декември, кога ќе треба во еден празничен изборен дух да бидат избрани народните преставници кои ќе го сочинуваат следниот, деветти состав на македонскиот законодавен дом.

„Оттаму, свесен за претходното, сосема искрено, сакам да упатам лична благодарност до сите колеги пратеници, до вас новинарите, до Службата на Собранието, како и до сите наши домашни и меѓународни пријатели за соработката и за квалитетот на односите што ги градевме изминатиот период“, рече Вељаноски.

„Исто така, во името на останатите колеги пратеници, сакам да упатам најголема благодарност до граѓаните кои ни ја дадоа довербата на парламентарните избори во 2014-та година да бидеме нивни преставници кои треба да работат и да создаваат. Искрено верувам дека успеавме да ја оправдаме нивната доверба и покрај сите тешкотии со кои се соочувавме како резултат на политичката криза во која беше доведена државата“, додаде тој.

„Конечно, имајќи го во предвид претходното, сакам да го споделам моето длабоко уверување дека и за време на овој предизборен период, нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста и дека ќе се искачи на едно ново квалитативно ниво, што впрочем претставува основна цел на сите политички субјекти. Искрено верувам дека во следните близу два месеца, сите ние кои ќе се ангажираме за изборите на 11-ти декември, пред нас ќе го имаме денот потоа кога повторно ќе треба да седнеме и заедно да продолжиме онаму каде застанавме претходно“, заклучи претседателот на Собранието./крај/мф/бс

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ3 часа

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија4 часа

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија6 часа

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ6 часа

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија7 часа

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...

Македонија7 часа

(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија, велат од СДСМ

„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка...

Македонија9 часа

Резил е што СДС е против купување нов државен авион по еден погинат претседател и еден врз кој е извршен атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е...

Македонија10 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и...

Македонија10 часа

ДУИ: Невиден и нечовечки говор на пратеникот од „Влен“ во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот Ахмети

ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива...

Свет11 часа

(Видео) Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација: „Изгледаше како да возиме во пеколот“

Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се...

Европа11 часа

Писториус: Русија може да ги нападне членките на НАТО во рок од пет години

Борис Писториус предупреди на теоретска закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година. Според него, дотогаш Русија...

Свет12 часа

Јужнокорејските истражители бараат од обвинителите да го обвинат Јун за бунт

Антикорупциската агенција на Јужна Кореја побара од обвинителите во вторникот да го обвинат претседателот Јун Сук-Јол за бунт и злоупотреба...

Свет12 часа

Трагедија во Индија: скокнале од воз поради шпекулации за пожар, а друг воз ги прегазил, 13 мртви

Најмалку 13 лица загинаа од удар на воз во западна Индија кога патниците скокнале од друг на соседната пруга, бидејќи...

Свет12 часа

Америка испраќа дополнителни 1.500 војници на јужната граница

Американската војска се подготвува да испрати приближно 1.500 дополнителни војници на границата со Мексико, изјави американски официјален претставник само два...

Топ22 часа

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет1 ден

Туск повика на вооружување на Европа: „Времето на удобност заврши“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „времето на удобност е завршено“ за Европската унија и повика на значително повисоки распределби...

Македонија1 ден

Тошковски: Неоспорно е дека полицаецот не погледнува во мониторот и му дозволува на Груби да излезе, се води постапка дали има други вмешани

Бегалецот Артан Груби, поранешен министер и вицепремиер, сè уште не е достапен за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија1 ден

СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР...

Македонија1 ден

„’Влен’ не се залага за внуци“: Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството

„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за...