Контакт

Политика

Ван Бален: Ако се открие незаконско прислушување треба да се добие медал, а не да се оди во затвор

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во среда се сретна со делегација предводена од Јоханес Корнелис ван Бален, европратеник и почесен Претседател на Либералната интернационала во Лондон.

dobivaj vesti na viber

 

 

На средбата, претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ група), којашто е дел од Европскиот парламент, изразија силна поддршка на процесот којшто го започна опозицијата во Македонија за нормализација на државните институции. Процес којшто треба да доведе до спроведување на фер и демократски избори во април, 2016 година и враќање на демократските и европските вредности во земјава.

 

Улогата на Европската унија и европските институции во разрешувањето на политичката криза во Република Македонија заеднички беше позитивно оценета. Во таа насока, се договори понатамошен ангажман на Европскиот парламент во однос на имплементација на договорот од 2-ри јуни/15-ти јули.

 

Претседателот Зоран Заев се заблагодари на силната поддршка и порача дека СДСМ и опозицијата ќе продолжат со искрен пристап и принципиелни заложби за да се постигнат решенија по критичните области посочени во Извештајот на Прибе, меѓу коишто се судството, медиумите и департизација на институциите.

 

„За СДСМ и опозицијата, членството во НАТО и ЕУ немаат алтернатива. Иднината на Република Македонија е во градењето вистинско граѓанско демократско општество и заеднички, со граѓаните, ќе изградиме такво општество по изборите во април, наредната година.“ рече Заев. 

 

„Позитивно го оценувам тоа што има политички договор, политичко решение и сакам да дадам признание на сите страни, од опозицијата и владата за подготвеноста да направат договор. Затоа што овој политички договор што ќе води кон повторно враќање на опозицијата во парламентот, кон техничка, времена влада и изборите во април, ќе биде решавачки за иднината на Македонија. Тогаш граѓаните на Македонија ќе можат да изберат во Април, во каква држава ќе сакаат да живеат“, рече Ван Бален.

 

Тој рече дека тогаш граѓаните ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со добро владеење, добро образование, со независни институции, една чиста држава која работи за своите граѓани.

 

„Тоа значи да има институции кои се независни. Така на пример ако се открие незаконско прислушување, нормално би добиле медал за тоа, а не закана да се оди во затвор“, рече Ван Бален. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија25 минути

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија34 минути

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ1 час

Расчистен случај со лажна сообраќајка во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа2 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет3 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа3 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет4 часа

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет4 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет4 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламска држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија14 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија19 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија21 час

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ22 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија22 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија22 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија23 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија1 ден

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет1 ден

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...