Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Аграрната политика во времето на СДСМ беше едвај 6 млн евра, сега е над 140 млн евра

Објавено пред

Се прашуваме за која владина аграрна политика зборува СДСМ, за нивната кога имаа едвај 6 милиони евра или за сегашната која вложува над 140  милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

 

„Зарем е грешна политика  динамиката на исплатата на субвенциите да биде според ’Календарот за субвенции’ кој е усогласен со потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности според карактеристиките на производството. СДСМ дури се користи и со класични манипулации. Субвенциите за 2012-та се исплатени на сите земјоделци кои ги исполниле условите и доставиле валидни податоци, а за 2013 година поради изборниот процес со кој се предвидуваше забрана за исплата на субвенции во одреден периот се предизвика дисконтинуитет во исплатата. Владата останува доследна на ветеното со еднаков пристап кон сите земјоделци од Република Македонија и согласно важечките законски одредби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од владејачката партија потсетуваат дека исплатата на субвенциите за тутун започна веднаш после откупот и за оваа намена до сега се исплатени над 1,6 милијарди денари за произведен и продаден тутун од реколта од 2013 година.

 

„Наскоро ќе започне исплатата за површини со поледелски култури и се совпаѓа со времето на извршување на есенската сеидба. Потоа ќе следи исплатата за одржување на површини со лозови и овошни насади со цел земјоделците да обезбедат средства за резидба и за заштита на насадите, а во март следи исплатата во градинарството. Сточарите ќе ги добијат субвенциите пред жетвата на житните култури за набавка на храна по поевтина цена. Дополнително, само за една година реализираните се 14 проекти за изградба на локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи, 10 проекти за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини и шест проекти за унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. СДСМ тоа не го направи никогаш, а сега искажува загриженост. Со кои агрументи зборува СДСМ за состојбите во водостопанството и ловството? Зошто не признаат дека тие го почнаа хаосот со растурање и расцепување на водостопанските системите и на ловиштата. Во водостопантвото, тоа што не се направило за педесет, сега ќе се направи за десет години и  ќе се вложат 200 милиони евра со што ќе се наводнуваат нови 25.000 хектари со современи системи за наводнување“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс

 

 

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование Весна Јаневска. Иако јавно беше...

Македонија1 час

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2 381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко,...

Македонија2 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет2 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет2 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет3 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија3 часа

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија18 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија21 час

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија23 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија23 часа

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија1 ден

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...

Регион1 ден

Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

Сè уште горат три пожари, кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија2 дена

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија2 дена

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија2 дена

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...