Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Јанева дека во СЈО нема непотизам се потценување на граѓаните

Објавено пред

Последната изјава на Катица Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерие кон принципите за транспаретност и за праведно работење, изјави во понеделникот членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

dobivaj vesti na viber

Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без било каков пардон се повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам. Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието која што треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните“, додаде Милошоски.

„Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор, но не кажа колку е морално истиот да биде дел од тимот на органите на прогонот и на ова обвинителство. Катица Јанева исто така заборави да каже колкава плата му определила на нејзиниот внук и дали внукот на Катица Јанева е најдобриот правник или економист во Република Македонија, за тој да мора да биде врабоотен во Специјалното јавно обвинителство за висока плата?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Катица Јанева должи и други одговори за непотизмот и партизацијата на СЈО. Дали е точно дека СЈО ја вработило и Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ, член и висок функционер на СДСМ? Дали е точно дека СЈО ја вработила и Катерина Рамбабова чија мајка беше кандидат за пратеник од СДСМ, а нејзиниот татко  беше споменуван во одредена афера бидејќи како судија имал членска книшка на СДСМ? Дали е точно дека СЈО отпочнала со поширока акција за вработување и наградување на сите оние кои што учествуваа во платеничката револуција на СДСМ и Сорос? И во тој контекст дали извесен Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО? На ваквиот начин на работење на госпоѓата Јанева не може да се каже дека СЈО ќе го гради кредибилитетот и дека Специјалното јавно обвинителство е независна, транспарентна и принципиелна институција“, додаде Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа формирањето на СЈО, но немаме намера да поддржуваме и да оправдуваме вакви постапки коишто ја девалвираат правната фела, постапки на госпоѓата Јанева коишто ја девалвираат фелата на јавните обвинители и постапки преку кои што Специјалното јавно обвинителство станува партиска испостава и место за вработување на блиски роднини, велат од партијата.

Милошoски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти крајно време е СЈО да престане да води политички активизам и да стане професионална институција, и време е СЈО да престане да стануува место каде што роднините ќе се вработуваат наместо да биде место за стручни лица кои што ќе ја извршуваат својата работна задача. ВМРО-ДПМНЕ очекува дека и другите партии, потписнички на договорот за формирање на ова обвинителство, ќе ги споделат овие критики, ќе укажат дека СЈО не е место за приватна забава, не е место за приватно вработување на роднини и на партиски лица./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет48 минути

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласа досега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и...

Македонија2 часа

(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани. Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос...

Македонија2 часа

(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели...

Македонија3 часа

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е...

Македонија4 часа

(Фото) По седум години, повторно се отвори етнокомплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место,...

Македонија4 часа

Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат вакви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта при изведба на градежни работи во близина на кампот...

Македонија6 часа

Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и...

Македонија7 часа

Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Ова се случува...

Свет7 часа

Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми...

Свет8 часа

(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад...

Економија8 часа

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон...

Македонија17 часа

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ22 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија22 часа

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет23 часа

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија1 ден

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија1 ден

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија1 ден

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...