Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се одлучат дали се е под контрола или се нема контрола

Објавено пред

Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, сета дека со денешните  монтирани, прилепувани и сечени разговори СДСМ покажува дека нема ниту грам чувство на одговорност спрема државата, но и спрема бранителите и сите останати граѓани.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ толку навлезе во манипулации што се самите контрадикторни, секоја лага е спротивна на претходната и секоја нивна наредна теза е понеиздржана. Со монтираните и сечени разговори СДСМ сака еднаш да ја прикаже ВМРО-ДПМНЕ како лесен преговарач, веќе наредниот пат тие обвинуваат за непопусливост.  СДСМ еднаш вика дека во државата се се контролирало партиски, а веднаш потоа обвинуваат дека се немало контрола. Тоа покажува дека и СДСМ веќе не знае како да излаже“, се вели во реакцијата.

 

Потсетија на некои настани од времето кога СДСМ беше на власт: расформирањето на единицата Лавови, дека СДСМ ќе се памети по по прогонството на бранителите, нивното јавно понижување, по  меѓусебното конфронтирање на безбедносните структури, СДСМ ќе се памети по единствениот случај  во кој што македонската полиција  ја принудија да впери оружје кон сопствените колеги, кои во месноста Стенковец си ги бараа своите права, што само ја покажува неразбрливата страст на СДСМ помеѓу себе да се закрвуваат македонците.

 

Потоа, додаваат, СДСМ ќе се памети по сцените од пред собранието и пред министерството за внатрешни работи кога жени бранителки кои мирно протестираа беа влечени за коса, а мажите бранители тепани, на тоа што СДСМ нечовечки јавно ги исмејуваше и ги понижуваше припадниците на безбедносните сили  нарекувајќи ги животинско царство.

 

„Са се потсетиме на бруталното убиство на Диме Ицковски Поштарот, на  стотиците деградирања на работните места, на заканите од Верушевски дека ќе ги беси жените на припадниците на безбедносните сили, на монтираните апсењата на припадниците на безбедносните сили чија што режија ја правеа кадрите на СДСМ Зоран Верушевски и Бранко Бојчески при што на малолетните деца на бранителите им беа вперувани пиштоли, на бркањето од работа на над 1.600 припадници на безбедносните сили, на опструкциите и блокадите на безбедносните сили со цел да се жртвуваат војниците и полицајците во критичните региони како на пример Радуша, на скандалите од деведесеттите- на чудното самоубиство со два куршуми на полицајката, на нерасветлените и сомнителни убиства на телохранителите на Глигоров и многу други случаи’, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според нив, тоа што СДСМ прибегнува кон вакви манипулации е показател дека нема никаква поддршка од граѓаните, деструктивните политики не се начин на водење политика и дека така на власт без програма, проекти и конкретни предлози не се доаѓа./крај/со/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ4 часа

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија4 часа

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија5 часа

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија5 часа

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија5 часа

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија6 часа

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија6 часа

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија7 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ7 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет8 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет9 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет9 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет9 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија10 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија19 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија21 час

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија22 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија1 ден

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ1 ден

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...