Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за транспарентност

Објавено пред

Потезите на СДСМ се само политички маркетинг, неосновани и нереални барања, а можеби и обид да се сврти вниманието од актуелни случувања поврзани со високи функционери на СДСМ, замешани во крупни корупциски афери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на опозициското барање власта да дава отчет како се трошат народните пари.

dobivaj vesti na viber

 

 

„СДСМ бара потранспарентно известување за извршување на буџетот. Бараат секој ден да се прикаже секоја трансакција која се извршува од буџетот. Минатите избори бараа на дневна основа да се објавуваат сите расходи од буџетот. Тоа им беше удоволено. Секој ден се објавуваа расходите, а СДСМ повторно изгуби на изборите бидејќи не ја доби довербата од народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Сега повторно сакаат да прикажат дека народните пари се трошеле нетранспарентно. За тоа ја ангажираа и машинеријата на СОРОС-овите невладини, кои случајно или не, денес пред прес-конференцијата на Марјанчо Николов за барањата за измените на законот за буџет објавија стар извештај за транспарентност на буџетот. Случајно или не, за оние кои подобро ќе се информираат како се прави таа ранг листа, ќе видат дека во нејзиното креирање учествувале токму СОРОС-овите невладини кои денеска се поддршка на пресот на Марјанчо Николов“, стои во реакцијата.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека СДСМ нема ниту кредибилитет, ниту морал да говори за транспарентност.

 

Впрочем во општина Струмица, каде градоначалник е нивниот лидер Зоран Заев се прават сомнителни зделки, а парите завршуваат во менувачницата на Вицето, се делат тендери исклучиво на лица поврзани со СДСМ или кланот Заеви. Зарем за СДСМ транспарентност се кириите на Шекеринска за станот во кој самата живее или наемот кој го зема Шилегов за имот кој не постои. Овие случаи јасно покажуваат дека раководството на СДСМ е оперирано од срам, а уште повеќе од транспарентност. Единствено кое ги интересира е да сејат магла со вакви и слични предлози, кои немаат суштинска врска со реалноста, но имаа цел да ја замајуваат јавноста од вистинските криминали во кои е заглавено нивното раководство, се вели во реакцијата./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет1 час

(Видео) Најмалку 44 мртви, 279 исчезнати во стравичниот пожар во Хонг Конг

Стравичниот пожар што беснееше во станбен комплекс во Хонг Конг одзеде најмалку 44 животи. Пожарникарите сè уште се борат со...

Свет1 час

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет1 час

Хамас побара евакуација на неговите борци кои останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија13 часа

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија16 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија17 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија19 часа

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија20 часа

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија20 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија21 час

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија22 часа

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет22 часа

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион23 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет23 часа

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет24 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет1 ден

„Донецк и размената на територии“: целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет1 ден

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет1 ден

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет1 ден

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата за Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...