Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ја пишува партиската програма

Објавено пред

Владејачката партија МРО-ДПМНЕ, заедно со граѓаните ќе ја пишува новата партиска програма, која ќе им послужи во предизборната кампања, на предвремените парламентарни избори во април, а лидерот Никола Груевски во средата ги повика граѓаните да им ги кажат нивните идеи и барања.

dobivaj vesti na viber

„Денеска почнуваме заедно со граѓаните да ја пишуваме новата програма. Посакувам бомбардирање со идеи на кои силно ќе се посветиме и ќе се фатиме во костец да ги реализираме истите. Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Според него, програмата на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што во неа ќе биде реализирано. „Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок“, додаде Груевски, велејќи дека и оваа програма ќе биде реална како што се сите претходно.„Противниците ќе ветуваат чуда, но народот е мудар и знае да разликува што е остварливо, а што не. Знае да разликува и кој држи до зборот. Ние оставаме за нас да говорат делата. Тргнуваме во нов циклус, во нов поход за нови идеи. ВМРО-ДПМНЕ е сервис на граѓаните“, додаде премиерот.За реализација на новата програма четири тима ќе поминат низ цела Македонија и од секаде ќе собираат идеи од граѓаните, а воедно партијата повторно ќе организира трибини во речиси сите населени места.Груевски порача дека со народот и со екперти ќе ја пишуваат новата програма на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се...

Топ3 часа

Кривична против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, го оштетил Буџетот на МВР за над 926 илјади денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија3 часа

Во мај Мицкоски ќе соопшти 90 отсто од имињата на кандидатите за градоначалници, партиските анкети почнуваат месецов

Општинските комитети веќе ги доставиле предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече денес премиерот и лидер на...

Македонија4 часа

Мицкоски за интерпелациите: Очекувам напади што ќе поттикнат меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и неуспешно

Неуспешен обид за интерпелација на петмина функционери во Собранието очекува премиерот Христијан Мицкоски. Собранието в петок почнува со работа, а...

Регион5 часа

„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Според грчките медиуми, човекот...

Македонија6 часа

Веста дека Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово е одраз на културата на неодговорност и ароганција на ДУИ, велат од „Влен“

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз...

Македонија6 часа

Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово, најстудено било во Берово, каде што се измерени -1 степен, 2 степена било на Попова Шапка, Крива Паланка и...

Македонија6 часа

Повторно алармантно загадување во Струмица во последните два дена

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија7 часа

Скопје повторно соборува рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост

Скопје се најде на седмото место на листата со најзагадени градови во светот, а на прво во Европа, со индекс...

Македонија7 часа

ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме

Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена...

Свет8 часа

Се урна мал авион во Австралија, загинаа туристи од Швајцарија и Данска

Три лица загинаа, а тројца се повредени при уривање мал авион во близина на градот Перт во западна Австралија, соопштија...

Свет8 часа

Трудо ја отфрли заканата на Трамп за присоединување на Канада кон САД како економска сила

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби економска...

Свет9 часа

(Видео) Лос Анџелес во пламен: „Пожарникарите веќе не се ни обидуваат да спасат куќи“

Шумски пожар беснее во богат дел на Лос Анџелес уништувајќи домови, а 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од...

Свет9 часа

Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија, напаѓачот уапсен

Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж упадна во фабриката Хенел во градот Бад Фридрихшал во германската покраина Баден-Виртемберг...

Свет20 часа

Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен...

Свет23 часа

Голем број куќи се срамнети со земја – најмалку 126 лица загинаа во земјотресот на Тибет, а околу 200 се повредени

Најмалку 126 лица загинаа во силниот земјотрес што денеска ги погоди подножјето на Хималаите во близина на едно од најсветите...

Македонија1 ден

Сиљановска ја образложи одлуката за ветото, Мицкоски најави корекции: „Ќе биде прецизно формулирано“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се...

Македонија1 ден

За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години, вели Мицкоски

Гасните централи би можеле да го решат загадувањето, но тоа е процес што би траел со години. Премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика бегалците од правдата да се вратат дома

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите бегалци од правдата да се вратат и да се соочат со доказите пред органите....